Connect with us

Македонија

Меџити му одговори на Али Ахмети: ДУИ нека се подготви да биде уште долго време во опозиција

Published

on

На барањето на лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, заедно со локалните избори наредната година да се одржат и парламентарни, му одговори првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити.

Според Меџити, ДУИ нека се подготви да биде уште долго време во опозиција.

“Наместо да се претставува како некој голем фактор на политичката сцена, ДУИ би било подобро да се врати на внатрешните реформи и да ги исчисти своите редови од организираниот криминал и корупцијата.

„Пред да закажува мегдани, ДУИ би било добро да му одговори на јавноста:• каква понуда содржат СМС пораките кои му ги испратиле на премиерот Мицковски во времето кога се преговараше за новата влада?! • каква понуда ставија на маса во соба 161 во Парламентот емисарите на Европскиот фронт додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ преговараа за новиот владин кабинет?! • дали е точно дека само две министерства и дека претседателот на парламентот не беше понудата на ДУИ за ВМРО само за да бидат повторно во Владата?!

Ова се прашањата на кои јавноста очекува одговори од ДУИ. Поттикнувачката реторика и фолклорот се сценарио веќе познато и прочитано од сите. Сѐ што донела таа реторика е зајакнување на екстремизмот и етно-националистичкиот сентимент изразен преку гласот. Затоа сте смешни и ништо повеќе“, напиша Меџити.

Македонија

ВИДЕО: Се степаа возачи во долгите колони на „Табановце“, за влез во Македонија се чека два часа

Published

on

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот премин „Табановце“ за влез во Македонија, а според сведоштвата на луѓе кои по 18 часот ја поминале границата, се чека повеќе од два часа.

Читатели на „Слободен печат“ велат дека се создала голема нервоза помеѓу возачите, а имало дури и неколку физички пресметки. Тие ни испратија снимка од еден од овие инциденти, причинети од расправии за место во долгите колони.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Македонија

ЧЕТИРИ ПОЛНИ ЛЕНТИ ЗА ИЗЛЕЗ ОД МАКЕДОНИЈА Започна велигденската миграција кон Грција

Published

on

Според видеоснимката од безбедносната камера поставена на преминот, се гледаат четири полни ленти со возила кои чекаат за излез од земјата.

На граничниот премин „Богородица“, денеска попладне се создаде значителна гужва, откако голем број македонски граѓани тргнаа на пат кон соседна Грција, каде ќе го поминат продолжениот велигденски викенд.

Според видеоснимката од безбедносната камера поставена на преминот, се гледаат четири полни ленти со возила кои чекаат за излез од земјата.

Патниците главно се семејства и помали групи кои го користат празничниот период за одмор, најчесто на грчките плажи и викенд-дестинации како Паралија, Лептокарија, Олимпик Бич Олимпик Бич, Неи Пори…

Продолжениот празничен викенд ќе трае до понеделник, а засилен сообраќај назад во земјата се очекува во недела попладне и понеделник навечер.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја презентираше резултатите од четиридневната посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), на која пред инвеститорите беа изложени повеќе инфраструктурни проекти, како што се оние од транспортот, енергетиката и туризмот. Меѓу проектите кои привлекле внимание се коридорите 8 и 10, како и инвестиции во Охрид, Попова Шапка, Чебрен и Галиште.

„Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија и работиме на тоа да се најдеме на мапата на светските инвеститори“, истакна премиерот Мицкоски.

Во изјавата, Мицкоски истакна дека оваа посета, која ја оствари со тимови од Владата и неговиот Кабинет, беше исклучително успешна и ќе претставува значаен чекор напред за македонската економија.

„Разговаравме за инфраструктурни проекти, вклучувајќи ги коридорите 8 и 10, и важното продолжување на коридорот 10-д. Понатаму, дискутиравме за инвестиции во туризмот, особено за нашиот бисер – Охрид, но и за Попова Шапка како важен туристички потенцијал“, додаде Мицкоски.

Тој истакна дека биле разгледувани и можности за изградба на значајни проекти во градежништвото кои ќе станат препознатливи не само во Македонија, туку и на Балканот и пошироко.

„Истовремено, дискутиравме и за инвестиции во енергетиката, посебно хидроцентралите на Река Црна – Чебрен и Галиште, како и потенцијалот за нови соларни и ветерни капацитети“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека посетата е оценета со највисока оценка, како економски така и политички успех, бидејќи повторно се воспоставува близок однос со Обединетите Арапски Емирати, по долгата пауза во соработката.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк