Connect with us

Uncategorized

Животната приказна на Малиот Дејан ќе ви го скрши срцето: “Ја најдов мама на Фејсбук испратив барање за пријател, но таа не ме прифати„

Животната приказна на Малиот Дејан ќе ви го скрши срцето. Додека неговите врсници се грижат какви телефони или патики имаат, единаесетгодишниот Дејан пешачи пет километри низ шума за на училиште. Го дели креветот со баба, а живее во дрвена куќа без бања или вода, каде електричната енергија честопати се губи. Но, тоа не е најтешкиот дел од неговиот живот. Поточно, пред четири години, неговата мајка ја зеде помладата сестра и замина, а Дејан го остави – замина и никогаш не се врати.

До куќата на Дејан нема автобус, пешачи до училиште и назад двапати на ден. Најтешко е во зима, а на патот знаат да му се појават и диви животни, но малиот Дејан вели не се плаши

„Имаше мечка овде, но не сум исплашен. ќе се вратам дома, ќе отспијам додека не замине, вели храбриот мал човек, единаесетгодишниот Дејан Зориќ. Дејан живее во стара дрвена куќа во село Агич во Хрватска. Куќата се распаѓа но за него таа е дом. Живее со неговата баба, Стена Зориќ, која му е поддршка и потпора , а за него вели такви деца можам да исчувам уште пет.

„Тој сам си пишува домашна задача, се облекува, чисти“, вели Стана. Тато и дедото работат во рудникот и се повеќе на работа отколку дома. Тато спие во колибата што порано беше штала. Дедо спие на еден кауч а тој и баба делат еден кауч. Поради нејзините болки во нозете, спие речиси седната, па затоа вели дека не им е тесно.

Мајкаму го напушти пред повеќе од четири години. Едно утро ја зеде неговата помлада сестра и само замина. Таа одзеде некого што тој најмногу го сакаше, кого сè уште го сака најмногу. „Кога замина, таа имаше четири, четири и пол години. Така, за една и пол година ја видов двапати и никогаш повеќе не ја видов“, вели тој, додавајќи дека името на неговата сестра е Дејана Зориќ.

Дејан – Дејана – Таа го доби името по него, а сега дури и не знае како изгледа. Не знае зошто мама заминала на таков начин, но знае дека тие живеат некаде наоколу, незнае каде точно, но успеал да ја пронајде на фејсбук. „Ја најдов мајка ми на Фејсбук, имаше слика од неа. Испратив барање за пријател, но таа не ме прифати, го одби барањето“, рече Дејан и додаде дека искрено не знае што би и кажал на мајкаму да ја види, но би ја замолил да ја му ја врати сестричката.

Дејан ја носи својата тага со себе и ја мери храброста со солзи што не ги пуштил. Дури и море солзи не би било доволно за да се измие целата тага и сите тешки работи што ги преживува ова момче во животот. Но Дејан сè уште сонува за сестра и подобра иднина. Дејан освен на училиште пешачи и за да вежба карате. Неговата волја го трогнала тренерот Милан. Малку денес има деца како Дејан, вели тој. “Ние сме многу неблагодарни, особено во денешно време, кога апсолутно сè е обезбедено за деца. И тогаш е многу тешко кога ќе се најдете во ситуација кога ќе ја видите оваа друга страна, каде едно 11-годишно момче практично нема ништо”, рече тренерот на Дејан Милан Јованиќ. Тренерот е и самиот татко на две момчиња, и се обидува колку може да му помогне, му купил патики и кимоно за тренинг, но не застанал тука. Тој и неговиот колега Владо Марјановиќ решија да преземат активности за да му помогнат на Дејан.

„Крајната цел е тој да биде во неговата куќа за Божиќ. Најдовме парче земја која е покрај патот и поблиску до училиштето, велат тренерите. Тие сакаат да купат монтажна куќа за Дејан и семејство – дом во кој повеќе не би требало да дели кревет со баба, во кој би имал своја соба. Тој сè уште не разбира многу, но на единаесетгодишна возраст, тој знае премногу. И не треба многу години да се биде голем човек. Само треба да има неверојатна сила.

Advertisement

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг