Connect with us

Европа

Маж украл сирење во вредност од 300.000 фунти

Published

on

Полицијата во Велика Британија уапсила 63-годишен маж под сомнение дека во Лондон украл старо сирење чедар во вредност од 300.000 фунти (356.000 евра), пишува американската ТВ Ен-Би-Си.

Повеќе од 24 тони сирење неодамна беа украдени од една од најпознатите британски млечни компании, соопштија властите.

Осомничениот е приведен поради сомнение за измама со „лажно претставување и ракување со украдена стока“.

– Тој беше одведен во полициска станица во јужен Лондон, каде што е испрашуван, а подоцна пуштен со кауција во очекување на истрага, изјави портпаролот на британската полиција.

Чедарот е земен од млекарницата „Нилс Јард Дејри“ на 21 октомври, објави компанијата на Инстаграм.

Измамникот, кој се претставил како дистрибутер на француска компанија, зел 950 ролни занаетчиски подготвен и одлежан чедар завиткан во ткаенина, соопшти компанијата чиј магацин за сирење останал празен.

Компанијата повика „ако некој некому понуди или достави сирење за кое веруваат дека е поврзано со оваа кражба, особено чедар во ткаенина во ролни од 10 или 24 килограми без ознаки на производителот“, да ја известат со цел „да ја поддржат полицијата во истрагата“.

Европа

КРИМ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИ СО ОРУЖЈЕ Зеленски даде изненадувачки одговор во интервју за Фокс њуз

Published

on

Во интервјуто Зеленски рекол и дека неговата земја ќе продолжи да се бори без поддршка од САД, но верува дека неговата страна на крајот ќе ја изгуби војната ако САД го повлечат своето воено финансирање.

„Не можеме да потрошиме десетици илјади наши луѓе за да загинат заради враќањето на Крим… разбираме дека Крим може да се врати дипломатски“.

Вака одговори украинскиот претседател Володимир Зеленски на прашањето на новинарот на Фокс њуз дали Украина е спремна да се откаже од Кримскиот Полуостров во замена за мир.

Во интервјуто Зеленски рекол и дека неговата земја ќе продолжи да се бори без поддршка од САД, но верува дека неговата страна на крајот ќе ја изгуби војната ако САД го повлечат своето воено финансирање.

Интервјуто со дописникот на Фокс њуз беше направено пред Пентагон во средата да објави дополнителни 275 милиони долари воена помош за Украина во нејзината борба против Русија.

Во новиот пакет САД, меѓу останата муниција, ќе му достава на Киев противпешадиски мини. Претходно американскиот претседател во заминување Џо Бајден ја одобри употребата на ракетите со долг дострел АТАКМС.

Украина употреби ракети АТАКМС во Брјанск на руска територија.

Британските медиуми денеска пишуваат дека украинските сили во регионот Курск употребиле и од британските ракети „Сторм Шедоу“ со долг дострел, за кои Украина не добила официјална дозвола од Лондон.

Continue Reading

Европа

Амбасадата на САД во Киев затворена поради потенцијален воздушен напад врз градот

Published

on

Американската Амбасада во Киев е привремено затворена откако добила „конкретни информации за потенцијален значаен воздушен напад на 20 ноември“, јави Би-би-си.

– Поради претпазливост амбасадата ќе биде затворена, а вработените во амбасадата добиваат инструкции да се засолнат – се вели во соопштението.

Амбасадата исто така им препорача на граѓаните на САД да се подготват да се засолнат во случај да биде објавена воздушна тревога.

Ова не е прв пат амбасадата да ги затвори вратите по предупредувања за потенцијални воздушни напади.

Слични предупредувања имаше и за Нова година и околу Денот на независноста на Украина.

Continue Reading

Европа

Трагична авионска несреќа, најмалку три лица загинаа – летот бил роденденски подарок

Published

on

Началникот на одделот за општ криминал на секторот за криминалистичка полиција на полициската управа на Собош во Словенија, Роберт Роуди, вечерва изјави дека најмалку три лица загинале, а неколку се повредени кога мал авион се урнал нешто пред 12 часот во околината. од селото Ганчани на северо-источниот дел на Словенија.

„Сè уште не можеме да зборуваме за нивниот идентитет“, рече Роуди.

Според него, истрагата е во тек, во која учествуваат воздухопловниот инспектор и специјалист по судска медицина, а полицијата продолжува да собира информации за околностите на несреќата.

„Според првите извештаи, утврдено е дека мал авион полетал од аеродромот во Марибор и дека се урнал во областа Ганчана непосредно пред пладне“, изјави Роуди.

Според полицијата, авионот полетал од Марибор околу 11.20 часот, а наводно изгубил контакт со контролата на летање нешто пред 12.00 часот.

Порталот 24UR наведува дека летот бил наменет како роденденски подарок за едно од лицата во авионот, а за летот биле пријавени два млади парови.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк