Сопружниците Тамара и Зоран Ребиќ, на нивниот имот имаат 15 арапски и англиски чистокрвни коњи , произведуваат млеко од кобила и природна козметика, а особено се горди на етно куќата во која доаѓаат туристи од целиот свет кои преку работа на имотот, сакаат да ја почувствуваат магијата на руралниот живот на имотот.
„Бидејќи јас и мојата сопруга пораснавме на село и многу ја сакаме природата, решивме дека ќе останеме засекогаш на село за да им овозможиме на нашите деца да растат и живеат со природата. За да можеме да егзистираме надвор од градот, моравме сами да си создадеме работни места. За среќа, вакво рурално подрачје како што е Билогора е идеално за развој на семејни фарми. Имавме голема желба да се посветиме на одгледување коњи и во 2007 година ја регистриравме нашата фарма каде и двајцата работиме денес, иако морам да признаам дека повремено кога ни требаат повеќе финансиски средства одам на работа во странство за кратко време“, ни кажува Зоран Ребиќ.
Сопружниците инвестирале само свои средства за започнување на семејната фирма, но сега редовно аплицираат на разни повици и добиваат субвенции за одгледување на коњи, за периодот 2016-2020 година. Ова, велат тие, им е од голема помош и дека оваа помош ги стимулира да продолжат да го развиваат своето земјоделско стопанство, кое, според Ребиќ, е многу конкурентно и на европскиот пазар, бидејќи сè повеќе луѓе им даваат предност на квалитетните производи.
Етно куќата е полн погодок!
„На нашиот имот, кој опфаќа три хектари земја, во централниот дел се наоѓа рурална етно-куќа’ наречена„ Билогорска магија“ ’. Бидејќи сè повеќе туристи доаѓаат на имотот, куќата се покажа како полн погодок затоа што ја изнајмуваме во текот на целата година на гости кои не сакаат само кратка прошетка низ имотот, туку во оваа незагадена природа, сакаат да останат подолго за да ја доживеат целата магија на руралниот живот “, ни раскажуваат Тамара и Зоран.
Нивната волшебна, етно куќа е спој на современ и традиционален дизајн, а она што ја прави извонредна е збирката од дури 300 експонати на стари занаети. “Ексопонатите се собрирани многу години, а денес тие формираат уникатна колекција која го евоцира животот и обичаите на нашиот регион Билогора. Колекцијата содржи голем број на различни корисни предмети, од земјоделски алати, преку кујнски прибор до ракотворби”, велат Ребиќи.
Нивната етно-куќа е опкружена со цвеќиња и убава еко-градина, каде растат автохтони лековити и украсни растенија од регионот Билогора, кои посетителите и гостите на имотот дури можат и да си ги наберат.
Туристите сакаат да работат во шталите
„Покрај сместувањето, на нашите гости им даваме можност да научат за традицијата на нашиот крај. Но, најмногу од се, ги раdува тоа што можат да работат заедно со нас во шталите каде што во моментов имаме 15 арапски и англиски чистокрвни коњи. Како основачи на коњичкиот клуб „Троја Галоп“, со повеќе од 50 члена, учествуваме на натпревари и ревии на кои нашите коњи имаат освоено голем број награди. Арапскиот пастув Мабрук Амор е гордост на клубот со 13 старта и 13 победи, а во 2018 година коњот од нашата штала Маси Гер, чии сопственик е Жељко Фертаj е прогласен за најубав коњ во Билогора “, вели Тамара, која исто така е лиценциран тренер за обука и подготовка на коњи за галоп трки.
Произведуваат млеко од кобила и природна козметика
Посетителите исто така можат да пробаат и здраво млеко од кобила
„Употребата на млеко од кобила води потекло уште од древните култури. Во стариот Рим, па и низ цела Европа биле познати неговите лековити и регенерирачки својства, а заради неговото благотворно дејство го користела и една од најраните икони на убавината, Клеопатра, која редовно се бањала во млеко од кобила. Млекото од кобила е богато со витамин Ц, омега 3, 6 и 9 масни киселини, има смирувачко и антиинфламаторно дејство на кожата, го ублажува чешањето, егземата, иритацијата и црвенилото и ја враќа еластичноста и мекоста на кожата, а на телото му дава енергија па затоа млекото од кобила е на менито на многу спортисти.
„Од примерот од нашите синови, Јан и Фран, кои имаа респираторни проблеми, се убедивме дека млекото од кобили навистина помага при кашлање, бронхитис и астма “, рече Ребиќ, истакнувајќи дека постојат бројни научни студии кои потврдуваат дека ова млекото е здрав додаток во исхраната, особено за деца, стари лица и спортисти.
Список на чекање за млеко од кобила
„На почетокот на производството, нашето млеко од кобила го конзумираа претежно пријатели и познаници. Денес, побарувачката за млеко се зголеми толку многу што во некои периоди, во текот на годината, имаме дури и список на чекање. Се повеќе луѓе се свесни дека природните производи се далеку подобар избор од вештачки произведените додатоци во исхраната, а кога на тоа ќе го додадете и доаѓањето по млеко на имотот,што овозможува дружење со коњите и престој на чист воздух, задоволството е непроценливо “, рече Ребиќ, кој исто така им доставува производи на клиентите по пошта, дома, а повеќето пакети се испраќаат до лојалните клиенти во Далмација.
Млекото се пакува во шише од 2 децилитри, што е доволно за еден или два дена. Рокот на траење е 2 дена ако се чува во фрижидер или 9 месеци ако се чува во замрзнувач.
Прават кремови, сапуни и шампони од млеко од кобила
Пред две години, Тамара започна да произведува и природна козметика, кремови, сапуни, шампони , балзами за усни и мелеми.
„ Сите производи на нашата фарма ги правиме рачно, со многу љубов и труд. Основата на сите производи е млекото што го добиваме од нашите кобили. Целата понуда на производи е произведена во домашни услови и со посебно внимание ги следиме сите трендови во производството на природна козметика. Имаме прифатливи цени, особено за странците кои имаат многу повисок стандард од нашиот. Сепак и домашните купувачи сакаат да го посетат имотот и да ја видат постапката на изработување на производите,да прошетаат и да јаваат коњи. Количините ни се ограничени и освен што одиме на саеми, сè што произведуваме се продава од нашиот куќен праг “, ни кажува Тамара.
Семјеството Ребиќ со своите производи редовно учествува на сите манифестации и саеми во нивната околина, а многу им помага и општината Велико Тројство, која често нивните производи ги подарува на своите деловни партнери и соработници.
Тие ја споделуваат својата приказна на социјалните мрежи секој ден.
Сè што се случува на нивниот имот , од потковување и јавање на коњите па се до козметиката, редовно го објавуваат на социјалните мрежи. „Животот на село е она што навистина го сакаме и во што уживаат и нашите синови. Ние веруваме дека младите семејства како нашето имаат иднина во селата. Цел ден, од утро до мрак, ни е поврзан за коњите, од кои живее целото семејство. Наша желба е да останеме на село и затоа имаме намера и понатаму да го прошируваме производството на фармата, со цел да станеме најдобри во полето на руралниот туризам и производство на природна козметика во Билогора “, рече Ребиќ, кој ја претставуваше Хрватска во Брисел минатата година, во рамките за избор на најмлад земјоделец.
Ова искуство, велат тие, е драгоцено за нив и им помогнало добриот глас за нивната мала, но перспективна етно куќа да се чуе надалеку.
На денешен ден во 1993 година, авионот „Јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој летал на релацијата Женева – Скопје, се урна во близина на Охрид. Леталото било пренасочено кон охридскиот аеродром поради лошите временски услови, но се срушило на само 4 километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник пишува 4news.mk.
Во оваа трагедија животите ги загубија 116 патници и членови на екипажот. Единствениот преживеан патник подоцна им подлегна на повредите. Како причини за несреќата беа посочени лошото време и наводно недоволната комуникација помеѓу посадата на авионот и аеродромските служби.
Истата година, само неколку месеци порано, на 5 март, на скопскиот аеродром се случи уште една голема авионска трагедија. Патнички авион од типот ФОКЕР 100 на компанијата „Палер Македонија“, кој превезуваше 97 патници, се урна при полетување. Во оваа несреќа загинаа 86 лица. Како причина за падот на Фокерот беше утврдено дека крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што доведе до дефект и пад.
Овие две трагедии го потресоа македонското воздухопловство и јавност. Поради сериозноста на ситуацијата, тогашниот министер за урбанизам, градежништво, комуникации и екологија, Антони Пешев, си поднесе оставка. Овие настани остануваат длабоко врежани во колективната меморија како најцрните денови во историјата на македонското воздухопловство.
Погледнете ја реконструкцијата која за прв пат е направена за овој лет.
На 18 ноември 1874 година е роден Крсте Петков Мисирков основоположник и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис. Автор е на „За македонцките работи“, прва книга на современ македонски јазик која ги демаскира пропагандите и зборува за македонската посебност.
На 16 ноември 1995 година замина Петре Прличко, легенда на македонскиот театар и филм. Со својот неповторлив талент и харизма, остави неизбришлива трага во културата, а публиката и денес го памети по многу незаборавни улоги. Неговата омилена улога, како што самиот изјави, остана ликот на Мандана.