Connect with us

Истражување

АНАЛИЗА: Каде е најевтино Кафе Браво 200 грама?

Published

on

Според нашето истражување направено на 05-06.11.2024 година во повеќе маркети, направивме анализа за тоа каде може да се купи најефтино Кафе Браво од 200 грама.

Истражување

Секој четврти БИ РАБОТЕЛ ОД ДОМА И ЗА ПОМАЛА ПЛАТА

Published

on

Околу 23 проценти од вработените во Србија би прифатиле намалување на платата за да ја задржат можноста да работат од дома, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од платформата Осигуреник, во соработка со Инфостуд, пренесува „Бета“.

Истражувањето откри дека 65 проценти од помладите испитаници би барале нова работа доколку нивниот работодавач ја укине можноста за работа од дома, додека повозрасните испитаници не се подготвени за таков ризик.

Приближно 26 проценти од вработените во Србија имаат можност за работа на далечина.

Околу два проценти работат исклучиво од дома, шест проценти одбираат таков начин на работа без ограничувања, а 18 проценти можат да работат од дома само во одредени ситуации.

Во истражувањето учествувале 744 менаџери и сопственици на компании и 2,710 вработени.

Continue Reading

Истражување

Лушпите од мандарини ќе ве спасат од кашлица и болка во грлото

Published

on

Дали сте знаеле дека лушпите се многу делотворни кога се во прашање болести на дишните патишта?

Ако ве мачи болка во грлото или кашлица, направете го ова:

Сомелете 50 грама лушпи од мандарини и ставете ги во стаклена тегла.

Лушпите налејте ги со чаша водка или 40 % алкохол.

Добро затворете ја теглата и оставете да отстои седум дена на топло место.

Јадете по една лажица по јадење.

Continue Reading

Истражување

На која возраст Македонците го напуштаат домот на своите родители?

Published

on

Младите во Македонија и во Црна Гора најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Балканот е на врвот на оваа листа. Младите во Црна Гора во просек остануваат да живеат со своите родители до 33,3 години, во Македонија до 32,1, во Хрватска 31,8, во Србија до 31,5, Грција 30,6, а во Бугарија до 30 години.

Во Јужна Европа и на Балканот, повеќе од половина од луѓето на возраст од 20-25 години живеат со своите родители. Во Северна Европа, пак, овој процент е под 20%, па дури и под 10%

Најрано од домовите на нивните родители си заминуваат младите во скандинавските земји. Со просечна возраст од 21,4 години, младите Финци се тие кои најрано за заминуваат. Веднаш зад нив се Данците и Швеѓаните на 21,8, па Норвежаните на 22,5 години.

Меѓу западновропските земаји, најдолго со своите родители остануваат да живеат младите Шпанци и Португалци, до 30,4 односно до 29,1 годишна возраст. Младите Британци, пак, се осамостојуваат на 24,6, Германците на 23,9, а Французите на 23,7 години

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк