Connect with us

Uncategorized

ЌЕ ПРЕРАСНЕ ЛИ ТЕЦ НЕГОТИНО ОД ЛАДНА ВО ТОПЛА РЕЗЕРВА? Светот зборува за водород, ние немаме ни гасовод

Published

on

ТЕЦ Неготино се подготвува за значајни промени во својата работа, со фокус на модернизација кон природен гас и потенцијалната употреба на водород, но соочена е со предизвици поврзани со економската исплатливост и со еколошките стандарди.

Термоелектроцентралата (ТЕЦ) Неготино е една од најстарите електроенергетски централи во Македонија и долго време претставува предизвик за енергетскиот сектор на земјата. Оваа централа, која користи мазут, традиционално служи како „ладна резерва“ и се активира само при енергетска криза. Поради својата структура и технологија, ТЕЦ Неготино произведува електрична енергија со значително повисоки трошоци, што ја прави нерентабилна во споредба со пазарните цени.

Да се реновира или да се гради нова централа?

Експертите се согласни за тоа дека ако ТЕЦ Неготино се пренамени да работи на природен гас, тоа значително ќе влијае врз еколошките стандарди и врз економската исплатливост на централата. Но, дилемата е дали вреди државата да инвестира во модернизација на централата, или треба да вложи во изградба на сосема нова постројка, која ќе работи на гас.

Според професорот Ристо Цицонков од Машинскиот факултет во Скопје, Македонија воопшто не треба да вложува пари во модернизација на ТЕЦ Неготино, туку таа централа треба да се чува како „ладна резерва“, додека не се изгради нова.

– Јас мислам дека не треба да се вложуваат пари во модернизација на ТЕЦ Неготино на мазут. Подобро е да се вложи во нова гасна термоцентрала, со комбинирано производство на електрична енергија и топлина, на пример во Скопје. Но сепак, постојната ТЕЦ да се чува како „ладна резерва“ додека не се изгради нова. На Македонија ѝ треба базна електрична енергија (кога нема сонце и ветер), а ТЕЦ Неготино може да послужи за тоа – смета Цицонков.

Со пренамената на ТЕЦ Неготино на природен гас ќе се добијат подобри еколошки стандарди, а економската исплатливост би била поголема.

– Секако дека природниот гас од еколошки аспект е подобар од мазутот, би имало помало локално загадување. Но, јавноста треба да знае дека природниот гас не е еколошко гориво, бидејќи со неговото согорување се ослободува СО2, а тој придонесува во глобалното затоплување. Треба да се донесе гасовод и да се вгради соодветна опрема за гас. Треба да се замени горилникот на мазут со горилник на гас на двата котли. Но, вака реконструираната ТЕЦ ќе има помал коефициент на корисно дејство од гасните термоцентрали што се произведуваат денес. Со денешната цена на природниот гас од околу 39 EUR/MWh, цената на произведената електрична енергија ќе биде пониска во споредба со мазутот. Но, цената на гасот се менува, така што при висока цена на гасот, не е извесно дека ќе има ниска цена на произведената електрична енергија – објаснува Цицонков.

Професорот Константин Димитров од Машинскиот факултет смета дека во моментов употребата на ТЕЦ Неготино за производство на електрична енергија би била скапа, но и загадувањето од мазутот би било енормно.

– Цената на произведената електрична енергија од термоенергетските постројки во Македонија зависи од цената на енергенсите. ТЕЦ Неготино може да работи со мазут, кој е најевтин, но загадува. Значи, цената зависи од цената на мазутот, заедно со транспортот во дадениот момент. Со денешната цена на природниот гас, цената на енергијата би била над 100 евра за мегаватчас, што е скоро еднаква со цената на берзата. Но сѐуште нема изградена врска за транспорт на гас до ТЕЦ Неготино. Најкусата врска е од Неготино, околу 8 километри растојание. Емисијата на штетни материи е за 30% поголема во однос на современите термоцентрали, како што е на пример ТЕ-ТО Скопје. Но, би била поповолна ако се спореди со емисијата од термоцентралите во РЕК Битола, кои користат јаглен како примарен енергент – аргументира Димитров.

Целиот текст на ПлусИнфо

Uncategorized

Февруари е среќен месец за два хороскопски знаци: Ги очекува нова работа или унапредување, што ќе им донесе голем прилив на пари

Published

on

Овен
Овните можат финансиски да напредуваат благодарение на фактот што се под многу слабо влијание на Меркур и Венера. Ова значи дека додека повеќето луѓе на планетата ќе имаат проблеми со парите и мотивацијата, Овенот ќе може да има корист од тоа.

Се разбира, ќе треба малку труд, но ќе вреди. Исто така, астролозите силно ги советуваат претставниците на овој хороскопски знак да не прибегнуваат кон измами и итрини. Треба само да можете да ги притиснете вистинските точки.

Додека сите се претпазливи или можеби преземаат ризици, Овенот ќе знае како разумно да ја процени ситуацијата и правилно да ги искористи своите најголеми сили и таленти.

Јарец
Друга личност која може да има многу среќа во финансиската сфера е Јарецот. Тој, како и Овенот, ќе има можност да остане на површина токму во моментот кога повеќето луѓе ќе паднат во „локва“.

Претставниците на овој знак не треба да се плашат од промени, бидејќи тие повремено се случуваат во време кога се витално потребни. Во февруари ќе има многу вакви ситуации.

Continue Reading

Uncategorized

МИЦКОСКИ ВЕТИ ПЛАТА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ВО ВЕЛЕШКА КОЛСКА Владата бара и решение за фабриката

Published

on

Колска од декември лани е во стечајна постапка, а првото првото рочиште со доверителите, судот во Велес  го закажа  на 19 март годинава.

Владата бара решение за Фабриката за шински возила „Велес“ попозната како Колска и решение ќе се најде со сигурност, вети при денешната посета на Велес премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој информира дека во заеднички договор со вицепремиерот и министер за сообраќај и врски Александар Николоски, во понеделник вработените на Колска ќе добијат плата.

Мицкоски појасни дека кога биле избрани за Влада, дел од вработените на Колска, кои го организирале вчерашниот  штрајк им велеле, не барајте решение, дајте да си одиме во стечај и потоа во пензија.

Вработените на Колска, околу педесетина, вчера протестираа во кругот на фабриката поддржани од фабричкиот синдикат на Колска и ССМ.

Тие бараат да им се исплати плата за декември и К-15 за лани, како и да добијат здравствено осигурување, а во спротивно се заканија дека во понеделник ќе го блокираат железничкиот сообраќај на станицата во Велес.

Како претпријатие во државна сопственост побараа да ги посети премиерот Христијан  Мицкоски и други претставници од Влада и вицепремиерот и министер за сообраќај и врски Александар Николоски.

Колска од декември лани е во стечајна постапка, а првото првото рочиште со доверителите, судот во Велес  го закажа  на 19 март годинава.

Воедно работниците побараа и понатаму  редовна исплата на плати и придонеси.

Continue Reading

Uncategorized

Македонскиот репрезентативец Димоски нов играч на Партизан

Published

on

Има настапувано за сите јуниорски репрезентации, а моментално е редовен репрезентативец за кој има одиграно 18 натпревари.

Македонскиот репрезентативецот Бојан Димоски е новиот играч на Партизан. Во клубот Димоски доаѓа од руски Акрон.

Димоски е роден 2001 година во Прилеп и игра на позицијата лев бек.

Димоски кариерата ја започна во Тетекс, по што настапуваше за Вардар и Брера од Струмица, од која во 2023 година се пресели во руски Акрон.

Има настапувано за сите јуниорски репрезентации, а моментално е редовен репрезентативец за кој има одиграно 18 натпревари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк