Connect with us

Македонија

Шумска заштита на македонски начин: 200 евра за мирно затворање на очи!

Published

on

По предлог на јавниот обвинител судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Со години добивал по 200 евра месечно за да не врши контрола: вработен во Национални шуми осомничен за примање поткупОбјавено пред 24 минути – 12 ноември, 2024Од А. O. / Макфакс

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за продолжено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик против службено лице – самостоен референт во ЈП „Национални шуми“ ПШС Беласица – Струмица.

Во периодот од септември 2020 до ноември 2024 година, осомничениот директно барал подарок во паричен износ од неколку лица со цел да не изврши контроли кои морал да ги изврши. Со тоа на лицата им овозможувал да добиваат дозволи за селска сеча по повеќе пати и дрвната маса да ја продаваат на трети лица. За тоа од нив барал и добивал поткуп од по 200 евра месечно. Бил затекнат како прима поткуп од едно од лицата, кое по претходен телефонски договор требало да му исплати пари за да врши селска сеча на планината Огражден.

По предлог на јавниот обвинител судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија

Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја презентираше резултатите од четиридневната посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), на која пред инвеститорите беа изложени повеќе инфраструктурни проекти, како што се оние од транспортот, енергетиката и туризмот. Меѓу проектите кои привлекле внимание се коридорите 8 и 10, како и инвестиции во Охрид, Попова Шапка, Чебрен и Галиште.

„Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија и работиме на тоа да се најдеме на мапата на светските инвеститори“, истакна премиерот Мицкоски.

Во изјавата, Мицкоски истакна дека оваа посета, која ја оствари со тимови од Владата и неговиот Кабинет, беше исклучително успешна и ќе претставува значаен чекор напред за македонската економија.

„Разговаравме за инфраструктурни проекти, вклучувајќи ги коридорите 8 и 10, и важното продолжување на коридорот 10-д. Понатаму, дискутиравме за инвестиции во туризмот, особено за нашиот бисер – Охрид, но и за Попова Шапка како важен туристички потенцијал“, додаде Мицкоски.

Тој истакна дека биле разгледувани и можности за изградба на значајни проекти во градежништвото кои ќе станат препознатливи не само во Македонија, туку и на Балканот и пошироко.

„Истовремено, дискутиравме и за инвестиции во енергетиката, посебно хидроцентралите на Река Црна – Чебрен и Галиште, како и потенцијалот за нови соларни и ветерни капацитети“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека посетата е оценета со највисока оценка, како економски така и политички успех, бидејќи повторно се воспоставува близок однос со Обединетите Арапски Емирати, по долгата пауза во соработката.

Continue Reading

Македонија

Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба

Published

on

Двајца од повредените во пожарот во Пулс сè уште во тешка состојба – 45 лица на лекување во странство

Двајца од повредените во пожарот што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кои моментално се лекуваат во странство, се наоѓаат во релативно тешка здравствена состојба. Ова попладнево го соопшти заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, на прес-конференција.

Во моментов, вкупно 45 пациенти се лекуваат надвор од земјата.

Во текот на денешниот ден, се очекува транспорт на пациент од Солун, кој ќе го продолжи лекувањето на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, каде веќе се наоѓа една пациентка.

Утре, од Ниш треба да пристигне уште еден пациент, кој ќе биде хоспитализиран во болницата „Стара градска“, каде што веќе се лекуваат две лица. Дополнително, уште двајца пациенти се згрижени во приватна болница во Скопје.

Continue Reading

Македонија

Собрани околу 2 милиони евра за настраданите во пожарот во Кочани

Published

on

Црвениот крст исплати над 86 милиони денари помош за семејствата настрадани во пожарот во Кочани

Заклучно со 17 април 2025 година, преку апелот на Црвениот крст на РСМ собрани се вкупно 128.011.651 денар наменети за поддршка на настраданите од трагичниот пожар во Кочани.

Денес, Црвениот крст изврши трансфер на средства кон 62 семејства на починатите лица. Со оваа исплата, досега се распределени вкупно 86.100.000 денари.

Организацијата, во соработка со своите партнери, продолжува со обезбедување психосоцијална и друга неопходна поддршка за погоденото население, стои во соопштението.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк