Connect with us

Забава

Љубовен хороскоп за декември: Кој ќе бара повеќе слобода, а кој ќе ја запознае сродната душа?

Published

on

Дознајте што ви планираат ѕвездите на љубовно поле за последниот месец од оваа 2024 година.

Последниот месец од годината е секогаш попосебен од останатите. Полн со настани, собири, забава, нови одлуки, промени… Може да биде судбоносен кога е во прашање вашата љубовна ситуација. Што ви носи декември?

Овен

Во декември Овенот ќе почувствува силна потреба за возбуда во љубовта. Ако сте во врска, ќе внесете повеќе страст и ќе се обидете да ја освежите врската. Слободните Овни ќе имаат можност да запознаат некој кој ќе ги оттргне на социјалните настани.

Бик

Биковите во декември ќе почувствуваат желба за стабилност и сигурност во љубовта. Ако сте во врска, ова е одличен месец за разговор за иднината. Слободните Бикови би можеле да започнат посериозна врска со личност која ја познаваат подолго време.

Близнаци

Близнаците ќе чувствуваат зголемена комуникација со партнерот. За слободните, декември носи можности за флерт и дружење, но сериозните врски можеби ќе треба да почекаат до новата година.

Рак

За Раковите декември е месец во кој чувствата ќе бидат во преден план. Во врската ќе се стремите кон длабоки разговори и емотивна поврзаност. Слободните Ракови би можеле да запознаат некој кој ќе им даде чувство на сигурност.

Лав

Лавовите ќе зрачат со самодоверба и ќе привлечат внимание каде и да се појават. Доколку сте слободни, ова е месец полн со можности за романтични авантури. Во врските Лавовите ќе сакаат повеќе внимание од партнерот и нема да се двоумат да го побараат тоа.

Девица

Девиците во декември ќе бидат фокусирани на квалитетот на врските. Можни се промени во врските кои ќе донесат поголема рамнотежа. Слободните Девици ќе имаат можност да запознаат некого преку работа или секојдневни активности.

Вага

Вагите ќе бидат особено шармантни во декември. Доколку сте во врска, очекувајте хармонични моменти и подлабоко разбирање. Слободните Ваги ќе бидат привлечени од некој што ги споделува нивните интереси и љубовта кон естетиката.

Шкорпија

Шкорпиите ќе почувствуваат интензивни емоции во љубовта. Доколку сте во врска, ова е месец за обновување на вашата страст. Слободните Шкорпии би можеле да се најдат во виор од силни, но комплицирани чувства кон некој нов.

Стрелец

Декември е идеален месец за Стрелците да ги споделат своите авантуристички идеи со партнерот. За слободните Стрелци судбината би можела да донесе интересно познанство за време на патување или социјален настан.

Јарец

Јарците ќе бидат особено сериозни во врска со своите љубовни цели во декември. Во постоечките односи се очекува дискусија за идните чекори. Слободните Јарци ќе имаат можност да започнат стабилна врска со некој кој ги споделува нивните вредности.

Водолија

Водолиите во декември ќе почувствуваат желба за слобода, дури и во врска. Ако сте слободни, ова е месец за експериментирање и запознавање нови луѓе низ необични околности.

Риба

Декември ќе им донесе романтични моменти на Рибите. Во врските чувствата ќе бидат нагласени, а времето поминато заедно ќе донесе хармонија. Слободните Риби би можеле да запознаат некој кој ќе ги инспирира и ќе ги поттикне да сонуваат.

Забава

Елката никако не треба да ви стои на овие две места во домот: Еве зошто

Published

on

Кога зборуваме за идилична празнична глетка, веројатно си замислуваме раскошна елка со камин со запален оган. Во реалноста, ставањето елка покрај силен извор на топлина и оган не е паметна идеја.

Кога зборуваме за идилична празнична глетка, веројатно си замислуваме раскошна елка со камин со запален оган. Во реалноста, ставањето елка покрај силен извор на топлина и оган не е паметна идеја.

Експертите препорачуваат елката, без разлика дали е вештачка или природна, да ја оддалечите барем еден метар од какви било греалки, печки, радијатори и камини. Колку подолго се наоѓа елката близу силен извор на топлина, толку поголеми се шансите за несреќа, односно ризик елката да се запали.

Ако се запали вештачка елка, тоа создава ризик од ширење опасни соединенија, како последица на изгорената пластика, и други материи, па немојте да ја ставате ни покрај запалени свеќи.

Одбегнете да ја ставате елката и директно до прозорец. Не само што на тој начин ќе го оневозможите редовното проветрување на домот, што е многу важно во текот на зимските месеци, туку и ќе го намалите продорот на природна светлина во преостанатиот животен простор.

Истражувањата покажале дека недостигот на природна светлина во зимските месеци може значително да влијае врз расположението и да предизвика безволност, ослабена концентрација, нарушување на сонот и слични проблеми.

Иако многумина сонуваат за раскошни стебла што достигнуваат до таванот, подобро е да купите помала елка. Идеално би било помеѓу таванот и врвот на стеблото да имате на располагање барем половина метар слободен простор.

Continue Reading

Забава

Анди Исмаили: Петкратен светски шампион кој го освојува светот со својот танц

Published

on

Само 16 години и пет светски титули! Анди Исмаили од Гостивар уште еднаш ја покажа својата извонредна вештина и страст, освојувајќи златен медал на Светското првенство во Киелце, Полска.

Меѓу 72 танчери од целиот свет, Анди доминираше во категоријата „Импровизации во уметнички настап“ (Performing Arts Improvisation), носејќи ја престижната титула – светски шампион.

Но, тука не застана! Покрај златото, младиот талент освои и сребрен медал во категоријата „Модерен балет соло за момчиња јуниори“, докажувајќи дека е вистински уметник со повеќеслоен талент.

Анди е горд член на танцовото студио „Брејк а лег“ (Break a Leg) од Скопје, каде што под водство на својата менторка Андријана Петковски и инспиративната кореографка Карол Ментол од Полска, ги создава своите маестрални изведби.

Овој историски успех уште еднаш покажува дека со труд, талент и посветеност, соништата можат да станат реалност.

https://www.facebook.com/share/v/15GzjQqTF6/?mibextid=l2hJJHjNVOBSwHk4

Continue Reading

Забава

АНДИ ИСМАИЛИ – СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО МОДЕРЕН ТАНЦ!

Published

on

Македонија гордо го слави успехот на Анди Исмаили, младиот талентиран танчер кој со својата неверојатна умешност го освои светот! На престижниот натпревар во Киелце, Полска, Анди, во конкуренција од 72 танчери од целиот свет, успеа да се избори за титулата Светски шампион во модерен танц!

Со срце полно со гордост, тој ја пееше македонската химна и ја донесе радоста дома, покажувајќи дека трудот, талентот и посветеноста секогаш носат резултати.

Браво, Анди! Ти си вистински пример за младите и инспирација за сите нас! Македонската сцена гордо стои зад тебе, посакувајќи ти уште многу успеси на светската сцена.

Напред, шампионе! 🇲🇰

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк