Connect with us

Uncategorized

Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности, наменета за граѓаните на Гази Баба и општините Бутел и Чаир

Почнувајќи од денес, започнува со работа новата подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности, лоцирана во скопската населба Гази Баба, која првенствено е наменета за граѓаните на Гази Баба, но и за околните општини Чаир и Бутел. Подрачната канцеларија се отвора по цели 12 години и во неа граѓаните ќе можат поблиску, побрзо и полесно да ги добијат услугите на агенцијата од сите организациски единици.

Станува збор за целосно нов, опремен и реновиран простор, лоциран во скопската населба Автокоманда (улица Трифун Хаџи Јанев бр. 10), веднаш до дирекцијата на Агенцијата за катастар на недвижности.

„Отворањето на новата подрачна канцеларија е чекор напред во процесот на доближување на услугите до граѓаните, преку кои тие ќе бидат подостапни за секого. Оваа новина е во насока на доближување на услугите на агенцијата до граѓаните на една од најголемите и економски развиени општини во државата. И, не само Гази Баба, туку и Чаир и Бутел. Посебно задоволство ми е што на крајот на годината реализираме еден важен проект на кој заедно со мојот тим макотрпно работевме во изминатиот период“, истакна директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски.

Агенција за катастар РМ

Тој додаде дека и во следната година ќе продолжи фокусот на подобрување на корисничкото искуство, доближување на услугите до граѓаните, како и нивна модернизација и дигитализација, процеси кои веќе започнаа оваа година.

Агенција за катастар РМ

Живковски информираше дека подрачната канцеларија во населбата Автокоманда ќе биде отворена за граѓаните секој работен ден во периодот од 07:30-15:30 часот.

Advertisement

Uncategorized

Нападната девојка во Тетово – Полицијата со брза реакција

На 24.12.2025 во 22:05 часот на ул.,,Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.А.(44) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал 39-годишната Б.С. од Скопје дека додека се движеле со патничко возило на автопатот Скопје-Тетово. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.  

Continue Reading

Uncategorized

Пожар во куќа во Тетовско – Пожарникарите со брза реакција

На 23.12.2025 во 07:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на Н.Ф.(61) од с.Жеровјане. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од Полициско одделение Жеровјане.

Continue Reading

Uncategorized

Турција спречи голем терористички напад пред новогодишните празници

Турските власти уапсија еден од лидерите на ИСИС – Хорасан, Мехмет Горен, познат под името Јахја, со што беа спречени плановите за терористички напади за време на новогодишните прослави.

Според официјалните информации, Горен е главен организатор на самоубиствени напади насочени против цивили во Турција, Европа, Пакистан и Авганистан. Тој бил уапсен во граничната област меѓу Авганистан и Пакистан и префрлен во Турција по сложена операција. Турските разузнавачки служби откриле дека Горен се согласил да изврши самоубиствени напади и се искачил на лидерска позиција по обуката во терористички кампови.

Истовремено, во Анкара е разбиена и мрежа за финансирање на Исламската држава. Обвинителството издаде налози за апсење на 10 лица кои префрлале пари на борци во Сирија преку банкарски дознаки маскирани како „помош за заробени сестри“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг