Connect with us

Бизнис

Николоски – Латифи: Ја консолидиравме компанијата преку заштеди од непродуктивни трошоци, започнуваме нов циклус во модернизација и надградба на електропреносниот систем во Македонија

Published

on

Во Министерството за транспорт денеска се одржа редовното Годишно Собрание на акционери на АД МЕПСО, информираат од ресорното министерство.

Во Министерството за транспорт денеска се одржа редовното Годишно Собрание на акционери на АД МЕПСО, информираат од ресорното министерство.

Собранието го разгледуваше Годишниот финансиски извештај и Годишниот извештај за работењето на АД МЕСПО за 2023 година, како и работењето на Управниот и Надзорниот одбор на Друштвото за 2023 година

На Собранието беше истакнато дека приоритет во работењето на компанијата се дава на ефикасно управување на електропреносниот систем преку оптимален и оддржлив развој на компнијата.

Исто така беше нотирано дека Акционерското друштво со своето финансиско работење ги консолидира наследените состојби преку намалување на непродуктивните трошоци и зајакнување на капацитетите на компанијата преку развојни проекти.

На Собранието се информираше за раскинување на Договорот за изградба на 400 киловолтниот далновод меѓу Македонија и Албанија како резултат на многу слабиот прогрес на работа од страна на Изведувачот. Притоа, беше истакнато дека АД МЕПСО работи на постапката на ретендерирање според правилата на Европската банка за обнова и развој како заемодавач за реалиазација на овој капитален проект.

Исто така Собранието беше информирано за капитални проекти што ќе се реализираат во следната година меѓу кои изградба на трафостаницата Охрид, потоа изградба на нова трафостаница Дуброво, модернизација на преносната мрежа Велес-Скопје 4, потоа преносната мрежа Битола 1-Прилеп 1, преносната мрежа од Гостивар до Сопотница, дел од преносниот капацитет во Југоисточна Македонија преку изградба на новата трафостаница во Милетково, како и инсталирање на новиот СКАДА систем во диспечерскиот центар.

Министерството за транспот е единствен акционер во АД МЕПСО во државна сопственост, стои во соопштението на министерството.

Бизнис

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Published

on

Најголемата приватна пошта во Македонија Еко логистиксервис (ЕЛС) вчера во Младинскиот културен центар (МКЦ) прослави седум години постоење под мотото „We are growing internationally“ („растеме интернационално“). На настанот беа присутни стотици гости кои дадоа поддршка на ЕЛС како општествено одговорна компанија која континуирано го шири своето портфолио со нови ангажмани и активности. 

„Во наредниот период нѐ чекаат уште многу предизвици, ќе го прошириме кругот, ќе бидеме најинтегриранатакомпанија, не само во Македонија туку и во регионот, ќе бидеме провајдер на други сервиси и на други платформи и компании, но една од најважните задачи е да дадеме можност на македонските компании да извезуваат и да станат појаки, да не бидеме како слаби играчи во сенка, туку да тргнеме во акција и да направиме резултат“, рече сопственикот на ЕЛС, Игор Гешовски, во своето обраќање пред присутните. 

Роденденот на ЕЛС беше одбележан со богата музичка програма – свои настапи имаа Лаура Кадриу и Филип Петровски со своите бендови, а комичарот Бојан Велевски ги забавуваше гостите со својот стенд ап. 

Како еколошки одговорна компанија која постојано се вклучува различни хуманитарни активности, ЕЛС по повод 7-годишнината од постоењето додели благодарници на повеќе еко здруженија и на хуманитарни организации. 

ЕЛС во последнава година ја презеде доставата за пратките од двете најголеми шопинг платформи, Али експрес и ТЕМУ, со што значително се зголеми и обемот на работа. Само во 2024 година, приватната пошта која ги поседува сите меѓународни и домашни лиценци, има доставено 417.777 пратки до потрошувачите. 

Во моментов компанијата располага со повеќе од 220 возила и над 250 доставувачи, а достава се врши и во попладневните часови. За поголема безбедност и заштита од манипулации, ЕЛС е единствената компанија која користи безбедносен код при подигањето на пратките.  За 2025 година, од компанијата најавуваат соработка и со други светски познати платформи.

Continue Reading

Бизнис

Оформени 50 предмети за случаи на нефер трговски практики

Published

on

Комисијата за заштита од конкуренција (КЗК) има веќе оформено 50 предмети за примери за нефер трговски практики, изјави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески.

-Комисијата веќе оформи 50 предмети по дојави за случаи за нефер трговски практики. Комисијата ќе излезе на терен, ќе има многу работа, ќе ги проверува случаите. И секако, ако има потреба, ќе има и казни, рече Ристески.

Комисијата ќе ги разгледа сите предмети и ќе ги провери на лице место.

-За пронајдените неправилности казните се големи, до 20 000 евра. Законот за нефер трговски практики мора да се спроведува и да се заштитат и производителите и потрошувачите, рече Ристески.

Законот за нефер трговски практики е во сила од 28 септември минатата година. До крајот на 2024 година се вршеше мониторинг на спроведувањето на Законот, а од почетокот на годинава на сила се казни за сите неправилности во неговото спроведување. Со законот се опфатени преку 2 500 производи, се уредуваат односите на релација производители, добавувачи и трговци. Според Законот кој е по ЕУ директива, рабатот на годишно ниво не смее да биде повисок од 10 проценти.

Continue Reading

Бизнис

ВЕРО ги објави производите со замрзнати цени

Published

on

Веро со нова понуда: Замрзнати цени на 100 производи!

Супермаркетите Веро го објавија својот најнов каталог со 100 производи со замрзнати цени, кои ќе важат до 16 јули 2025 година. Понудата вклучува основни прехранбени производи, средства за хигиена и други секојдневни потреби. Оваа акција е дел од напорите на Веро да обезбеди пристапни цени за своите потрошувачи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк