Connect with us

Бизнис

Младите се иднината на чистата енергија и иновациите, им порача Божиновска на студентите

Published

on

По повод Меѓународниот ден на чистата енергија, министерката за енергетика Сања Божиновска оствари инспиративна средба со студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Таа гостуваше во „Лабораторијата на знаење“ – ФабЛаб, каде што младите работат на иновативни проекти, создаваат прототипи и активно учествуваат во научноистражувачката работа.

„Младите инженери и иноватори не само што се стекнуваат со знаење, туку создаваат решенија кои ќе ја обликуваат иднината на чистата енергија и во Македонија но можеби и во светот. Иновациите во оваа област се важни за целиот свет. Нивната креативност и посветеност се движечка сила за развојот на енергетиката и технологијата.“ истакна министерката Божиновска.

За време на средбата, студентите ја запознаа министерката со своите најнови проекти, меѓу кои и иновативни решенија за енергетска ефикасност, користење на 3Д печатење за практични прототипи, како и иницијативи за поддршка на лицата со попреченост. Од нивните идеи, како што посочија, утре може да излезе практична иновација што ќе придонесе за поодржлива иднина.

Во знак на благодарност за нејзината континуирана поддршка, студентите ѝ врачија статуетка што сами ја изработиле и испечатиле на 3Д принтер во лабораторијата.

„Од овие млади луѓе учиме дека можностите се неограничени кога има поддршка и инспирација. Наша должност е не само да ги едуцираме, туку и да ги мотивираме. Македонија има талентирани млади, а наша задача е да создадеме услови тие да се развиваат и да останат тука, носејќи иновации и напредок.“ додаде министерката.

Министерката ги охрабри студентите да продолжат со својот иновативен дух и најави поддршка за проекти кои ќе придонесат за чиста енергија, енергетска ефикасност и одржлив развој.

„Овие студенти се идните лидери на нашата енергетика, а нивните идеи ќе бидат двигател на македонската енергетска транзиција.“ истакна таа.

Меѓународниот ден на чиста енергија, кој се одбележува на 26 јануари, беше прогласен во 2023 година од Генералното собрание на ОН (резолуција A/77/327) како повик за подигнување на свеста и мобилизирање на активности за праведна и инклузивна транзиција кон чиста енергија, за доброто на луѓето и планетата.

Бизнис

Tesla се приклучи на тужбата на BMW и кинеските компании поради царините на ЕУ за кинеските автомобили

Published

on

Американскиот производител „Tesla“ поднесе тужба до Европскиот суд на правдата против Европската комисија поради наметнувањето царини за електричните автомобили произведени во Кина, приклучувајќи се на групата кинески производители и германски BMW, објави веб-страницата на судот.

ЕУ ги воведе царините на крајот од октомври, по истрагата за која тврди дека открила неправедна предност за кинеските производители поради државните субвенции.

Највисока царина е воведена за кинескиот производител на електрични автомобили SAIC, од 35,3 отсто. Следува „Geely“ со 18,8 проценти и BYD со 17 отсто. Комисијата утврди најниска царинска стапка за увоз на автомобили произведени во Кина од американската „Tesla“, од 7,8 отсто.

Американската компанија поднела жалба против Комисијата поради одлуката за тарифи минатата среда, последниот ден од жалбениот период, приклучувајќи им се на „Geely“, SAIC и BYD и на Кинеската комора за надворешна трговија CCCME, како и на германската BMW, покажуваат судските документи, без да се наведат детали.

BMW заедно со партнерите ги произведува електричниот SUV „BMW iX3“ и електричниот „Mini Cooper“ во Кина, кои ги продава на пазарот на Европската унија. Европската комисија ќе им наштети на европските интереси со наметнивањето царини, изјави во јуни шефот на BMW, Оливер Зипсе.

Европскиот парламент во извештајот објавен во октомври цитира „повеќе извори“ дека кинеските компании (како што се BYD, Nio и Xpeng) сè уште извезуваат релативно малку автомобили и дека две третини од кинескиот увоз во ЕУ се возила произведени од воспоставените на ЕУ и САД компании во Кина“.

Continue Reading

Бизнис

Николоски: На постојните девет авио-дестинации работиме да воведеме уште најмалку две до три нови линии

Published

on

Работиме проект за реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром, а исто така работиме на воведување на најмалку уште две до три авиолинии, изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Додаде дека очекува оваа политика на финансиска подршка да го зголеми квалитетот и бројот на патници на домашните аеродроми.

„Многу сум горд на оваа работа бидејќи направивме целосна промена на политиките на поддршка на субвенционирање. Претходно за жал двата аеродроми тонеа неколку години, а пред тие години беа шампиони во регионот. Од ситуација на шампиони дојдовме до ситуација да тонат, но мислам дека се повторно ќе го вратат стариот сјај. Имаме 9 нови авиолинии за само пет месеци од кога ја почнавме оваа процедура. Работиме проект кој што многу брзо очекувам да излезе во јавноста за реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром како и таму би се подобриле условите за работа. Работиме на најмалку уште две до три авиолинии кои што очекувам да излеземе со околу 12 и да го заокружиме овој период што ќе е дополнителен квалитет и патници во Македонија. Дел од тие линии се атрактивни и за дијаспората. На пример линијата Истанбул Охрид е многу атрактивна за дијаспората и за Австралија и за северноамериканскиот континент бидејќи веќе се продаваат авионски карти Торонто-Охрид или Њујорк -Охрид или Вашингтон -Охрид или Сиднеј -Охрид. Исто така и линијата за Женева беше нешто што долго време ја бараше македонската дијаспора, така што мислам дека ќе имаме позитвни ефекти”- изјави вицепремиерот Николоски во интервјуто за регионалната телевизија Bloomberg Adria.

Continue Reading

Бизнис

Посебен пакет со „понормална“ цена на струјата е една од опциите за комуналните претпријатија, болниците, школите…

Published

on

Се прави сеопфатна анализа за потрошувачката на струја во јавните комунални претпријатија, болниците, школите, училиштата,… кои имаат енормни сметки, се размислува да се направи посебен пакет за нив со „понормална“ цена, а се работи и на формирање балансна група во која ќе бидат групирани. Деновиве не може да се каже кое ќе биде решението, но во почетокот на вториот квартал ќе има одговор, рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Како што напомена Божиновска, целта на Владата е да се направи системско решение.

-Ние сме свесни за овој проблем. Уште кон крајот на минатата година почнавме да ги гледаме болниците, школите, училиштата, комуналните претпријатија кои имаат енормни сметки за струја. Тие можеби од незнаење или немање стручен кадар, на пример, ако не изберат снабдувач одат во снабдување со краен случај. И сами не се запознаени со последиците од непостапувањето. Тоа е една работа, а друга е дека се оставени на ризик на берзата. Тие се непрофитни и ние сега правиме сериозна и темелна анализа, да видиме колку енергија е тоа, колку мегават часови е вкупно, и ќе видиме да направиме пакет за нив, да видиме да имаат некоја друга, понормална цена, односно да има некои заштеди, рече министерката, одговорајќи на новинарски прашања пред настанот за домашната берза на електрична енергија.

Божиновска е децидна дека сега, утре или задутре не може да се даде одговор на прашањето дали утре на владина седница ќе им биде дозволена некаква цена или ќе бидат поучени како да набавуваат струја по пониска цена.

-Владата е таа што ги плаќа сметките. Ние сме свесни. Сакаме да направиме системско решение. Сега е зима и најпрво треба да се погрижиме зимата да заврши и се да биде како што треба. Но, работиме на една балансна група во која ќе бидат сите овие претпријатија, ќе видиме какви се можностите и кои ќе бидат цените. Не можеме сега, утре или задутре да дадеме одговор, но во почетокот на вториот квартал ќе имаме повеќе сознанија и пресметки, истакна Божиновска.

Таа нема сознанија дали некој е повикан на одговорност или казнет зошто го надминува законскиот максимум три месеци да се снабдува со поскапа струја.
Немам такви сознанија и не знам што се случува, но точно е дека има некои што злоупотребуваат со непостапување. Ќе прашам и ќе видам што се случува, ние не сме надлежни за тоа, рече Божиновска.

Причината за зголемениот увоз на електрична енергија министерката ја гледа во ненаправените ремонти, но за ова прашање, сепак, ги упати новинарите одговор да побараат од ЕСМ.

-Министерството има задача да прави и спроведува стратегија. За најпрецизен одгoвор, ова прашање треба да го упатите во ЕСМ. Јас можам само да кажам за тоа што беше затекнато – ненаправени ремонти и на тоа се должи увозот на струја. За подетални информации обратите се во ЕСМ, а и јас можам да ги контактирам за да имаме најточни информации што се случувало и зошто е толкав увозот на електрична енергија, истакна Божиновска.

Министерката потврди и дека криза во снабдувањето со гас нема.

-Многу малку набавуваме за да бидеме фактори и за да имаме некоја криза со увоз на гас. Тоа е одлука на менаџмент, дали ќе набавува нешто долгорочно или краткорочно за оптимизација на трошоци, рече Божиновска.

На прашањето дали има недоразбирања со министерот за транспорт околу МЕПСО, одговори дека со никој не е скарана.

Со никој не сум скарана, се е според европските легислативи и природно е МЕПСО да потпадне под Министерсвото за енергетика, тоа е огласно европската регулатива и воопшто не е дискутабилно, децидна е Божиновска.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк