Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Над 85 отсто реализација на капиталните расходи годинава, очекува Николоски

by
2025/01/27 18:10:14
in Uncategorized

Реализацијата на капиталните расходи оваа година ги проектираме на над 85 отсто за што сметаме дека ќе ја засили економијата и ќе влијaеме врз растот на брутодомашниот производ. Градежништвото ќе земе замав пред се заради проектите што ги реализира државата во делот на патната и железничката инфраструктура, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто за регионалната телевизија Bloomerg Adria.

Потенцираше дека главен фокус на Владата оваа година ќе биде најголем економски раст во регионот преку реализација на планираните инфраструктурни проекти.

„Очекувам оваа година да отвориме фронт за работа за 67 километри автопат, што за држава како Македонија е прилично солидна бројка во една година. Исто така очекувам оваа година Македонија да биде прва во регионот во делот на економскиот раст, тука пред се градежништвото ќе зема значаен дел и не мислам само на градежната оператива која што е од приватниот сектор, туку се она што го стимулира државата пред се во делот на изградба на автопатиштата, магистралните патишта, понатаму реконструкција на железницата, така што навистина ќе има големи проекти оваа година”, истакна Николоски

Најави ревизија на сите потрошени средства за капитални расходи на средината на годината за сите буџетски корисници, со тоа што ќе се примени систем за награди за сите кои успешно ги реализирале планираните средства.

„Главна наша заложба е успешна реализација на капиталните расходи, но исто така ќе направиме пресек во месец јуни и да видиме како оди реализацијата. Ќе одиме на принцип на наградување, односно ресорите кои добро ќе ги реализираат капиталните расходи ќе имаат можност да добијат и дополнителни средства на сметка на оние кои нема да ги реализираат, бидејќи клучно е да имаме добра реализација на капиталните расходи во споредба со оние од 69,6 отсто од минататa година”, додаде вицепремиерот Николоски.

Next Post

Казни и забрани за работа поради алкохол за малолетници

44-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ ДВА ЧАСА ГИ ТЕРОРИЗИРАЛ СОСЕДИТЕ ВО ЧЕНТО Влегувал во станови и тепал сѐ што ќе сретне

Препорачани Вести

Балканот во пламен: Пожари ја голтаат Бурса, Атина, Евија и Струмјани — активиран Европскиот механизам за помош

5 months ago

(ВИДЕО) Тоневски: Време е за нов развој, време е за Пробиштип

2 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.