Connect with us

Бизнис

Државните институции ќе плаќаат струја по цени на Македонската берза, референцата ХУПЕКС оди во пензија

Published

on

Во договор меѓу Министерството за енергетика, Бирото за јавни набавки и МЕМОнаскоро сите државни институции струја ќе плаќаат по цена што е постигната на Македонската берза за електрична енергија. Цената од ХУПЕКС повеќе не е референтна. Ова е потег за почит и е многу значаен за раст на тргувањето и развој на Македонската берза за електрична енергија. Затоа што Македонската берза станува релевантна, а нејзината цена станува референтна за стотици државни институции кои плаќаат десетици милиони евра годишно за струја

Сите македонски државни институции ќе плаќаат  струја по цени што се формираат на Македонската берза за електрична енергија. Со овој потег Министерството за енергетика, Бирото за јавни набавки и на МЕМО, државната компанија што управува со берзата на струја, создадоа услови цената што се постигнува на тргување на Македонската берза за електрична енергија да стане референтна цена по која ќе плаќаат државните институции. Со овој значаен потег на надлежното министерство во соработка со БЈН и МЕМО завршува ерата во која во Македонија референтна цена беше таа што е постигната на унгарската берза за електрична енергија ХУПЕКС.

Ова енергетско-пазарно решение на Министерството за енергетика во значајна мерка ќе го забрза растот, а со тоа и развојот на Македонската берза за електрична енергија која функционира во рамки на националниот пазарен оператор МЕМО.

Како што најавија Сања Божиновска, министерката за енергетика и Зоран Ѓоргиевски, директор на МЕМО, сега се создаваат услови на стандардизација на техничките спецификации за сите идни јавни набаки кои државните институции ќе ги распишуваат за набавки на струја. Во сите идни јавни набавки цената на струјата што ќе плаќаат државните институции ќе се утврдува врз основа на цената што се постигнува на нашата берза за струја, а не врз основа на цената што се постигнува на унгарската берза за електрична енергија.

Со оваа значајна промена ќе се создадат неколку предуслови за раст и развој на тргувањето со електрична енергија на нашата берза. Најпрвин ќе ја зголеми ликвидноста на нашата берза затоа што цената на струјата на нашата берза станува референта за стотина државни институции кои плаќаат десетици милиони евра годишно за струја.

Тоа ќе го зголеми интересот на сегашните учесници на нашата берза, а ги има повеќе од 30. Воедно оваа промена ќе привлече и други трговци и снабдувачи со струја кои ќе ја препознаат како релевантна нашата берза. Сето ова ќе ја зголеми понудата на Македонската берза за струја, ќе ја зголеми длабочината на пазарот и во крајна линија треба да влијае и врз цените на електрична енергија кои се постигнуваат на берзата.

Зголемувањето на ликвидноста е важен фактор и за идно поврзување на Македонската берза со берзите за електрична енергија во некоја од соседните држави (таканаречен каплинг н.з.) за што секако е предуслов за воведување на еврото како валута за тргување.

Македонската берза за електрична енергија започна со работа на почетокот на мај 2023 година. Во своите речиси 20 месеци работење бележи значаен раст особено од аспект на истргуваните количества електрична енергија и бројот на активни учесници на пазарот за струја.

На нашата берза електричната енергија се тргува ден однапред што значи дека се закупува еден ден пред испораката. При тоа берзата е посредникот што гарантира дека купувачот ќе ја добие електричната енергија што ја платил, а продавачот добива гаранција дека ќе ги добие парите за електричната енергија. И за продавачот и за купувачот важно е дека струјата на продаваат односно купуваат по цената што е постигната на берзата за часовите за кои купувале електрична енергија.

Извор: Faktor.mk

Бизнис

Нови цени на нафтените деривати од полноќ

Published

on

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48% во однос на одлуката од 27.01.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,245%,кај дизелот за 2,240%, кај екстра лесното маслонамалувањето е за 2,473% и кај мазутотнамалувањето е за 2,298%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,8351%.

Од 31.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,531(денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,100 ден/кг и сега ќе изнесува 44,531 ден/кг
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на31.1.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

Continue Reading

Бизнис

Димовски: Нова инвестициона ера, Македонија привлекува рекорден број на странски инвестиции

Published

on

Целта на оваа Влада е компаниите, пред сè од приватниот сектор, да им дадеме сериозна поддршка, бидејќи оние компании кои даваат додадена вредност во самата економија треба едноставно да ги негуваме. Оваа Влада е сериозно посветена на оние компании, коишто навистина си го почитуваат законот и работат согласно него” , прецизираше во своето излагање директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски во вечерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ , каде што фокусот беше насочен на делот од инвестициите и нивната улога.

Димовски соопшти дека тековно се водат преговори за привлекување странски директни инвестиции. Тој нагласи дека растот на стратешките инвестиции отвора можности за економски напредок, истакнувајќи дека овие инвестиции поттикнуваат иновации и создавање на нови работни места.

„Во тек се преговори и се надеваме дека ќе се реализираат. Станува збор за голема инвестиција вредна повеќе од 350 милиони евра, каде што таа компанија треба да изгради еден капацитет кој ќе има високо технолошко производство и ќе креира високо платени работни места, воедно ќе има сериозен извоз” , објасни Димовски.

Димовски се осврна на фактот дека, според најновите податоци од Народна банка за првите девет месеци од 2024 година, странските директни инвестиции во земјата изнесуваат над 830 милиони евра. Според него, рекордниот пораст на инвестиции ја потврдува довербата во владината стратегија, притоа додаде дека владината политика создава поволна клима за инвестиции и раст.

„Последните информации од Народна банка за првите 9 месеци од 2024 година покажаа дека имаме прилив од повеќе од 830 милиони евра странски директни инвестиции. Нашата заложба и цел е да стигнеме до таа милијарда, иако 838 милиони евра е рекорд во историјата на независна Македонија. Целта ни е да стигнеме до над една милијарда странски директни инвестиции во Македонија. Ќе поставиме таргет, кој потоа ќе треба да го надминеме” , заклучува Димовски.

Continue Reading

Бизнис

Горан Теменугов: Профитот на маркетите е 3,76%

Published

on

За маркетите

Во 2024 година, маркетите оствариле приходи од 930 милиони евра и профит од 35 милиони евра. Ова укажува дека профитната стапка на сите маркетите изнесува 3,76%.

За секои 100 денари кои ги трошиме во маркетите, во рацете на газдите завршуваат 3,76 денари како профит.

Според податоците, речиси сите маркети имаат профитна стапка блиска до 3,76%, освен Веро и Тинекс:

• Веро: 10,04%

• Рамстор: 3,89%

• Кипер: 3,14%

• Стокомак: 2,96%

• КАМ: 2,7%

• Тинекс: 1,42%

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк