Connect with us

Македонија

Зголемен е бројот на финансиски измами на социјалните мрежи

Published

on

Граѓаните да бидат максимално внимателни и да не споделуваат лични податоци со непознати лица, апелира СВР Битола. Полицијата ги известува граѓаните дека во изминатиот период е забележaна зголемeна активност на измамници кои преку социјалните мрежи се претставуваат  како финансиски советници кои нудат различни услуги.

Во продолжение го пренесуваме соопштението на СВР Битола:

„СВР Битола ги известува граѓаните и правните субјекти дека Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола во изминатиот период забележа зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути или услуги за посредување при остварување на право на наследство од друга држава. Овие лица користат лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со што успеваат да ги привлечат жртвите. По воспоставувањето контакт преку социјалните мрежи, измамниците комуницираат со жртвите преку телефонски повици, користејќи VOIP броеви, кои обично изгледаат како локални броеви, за жртвите да стекнат доверба.

Во текот на разговорот, тие ги убедуваат жртвите да инсталираат софтвер за далечински пристап, под изговор дека им е потребен за да им помогнат со поставување на платформата за тргување. Откако ќе добијат далечински пристап до компјутерот или мобилниот уред на жртвата, измамниците пристапуваат до електронското банкарство и ги префрлаат парите од банкарските сметки, со што им предизвикуваат значителни финансиски штети.

Исто така, во континуитет се присутни и таканаречените „Phishing“ измами кои функционираат на тој начин што до граѓаните се праќаат пораки од модифициран меил или лажиран локален телефонски број, во кои најчесто стои URL линк, кој води до веб страна што е дизајнирана да изгледа како легитимна веб страна на пошта, некоја државна институција или правен субјект, при што од граѓаните и правните субјекти  по разни основи се бара да внесат податоци од платежни картички, сметки и други лични податоци кои потоа се злоупотребени на најразлични начини.

Со цел заштита на граѓаните и правните субјекти, во насока на информирање за постоечките ризици и спречување тие да станат жртви на ваквите интернет измами, СВР Битола апелира граѓаните да бидат исклучително внимателни, да не ги отвораат овие пораки и никако да не контактираат со испраќачот преку доставениот линк или да споделуваат лични податоци доколку тоа од нив се бара, како и да не инсталираат софтвери за далечински пристап на барање на непознати лица.

Исто така, да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, а правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер, согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност, а доколку постои случај во кој се компромитирани лични податоци или податоци од платежна картичка, или се сомневаат во било каква измама, за истото веднаш да ја известат банката која ја издала платежната картичка, а случајот да го пријават во најблиската полициска станица“, се вели во апелот на СВР Битола.

Македонија

Вандализам во Германија: Балканци затнале 270 ауспуси со пур-пена

Published

on

Четворица млади луѓе од Балканот се осомничени дека систематски оштетувале автомобили низ Германија, вбризгувајќи полиуретанска пена во нивните издувни цевки. Според германската полиција, тие уништиле повеќе од 270 возила во Берлин, Бранденбург, Баварија и Баден-Виртемберг.

Во прв момент, нападите беа поврзани со радикални климатски активисти, бидејќи осомничените лепеле налепници со пораки како „Биди зелен“. Но, истрагата на германските власти сега се сомнева дека зад ова стои саботажа организирана од Русија, пишува „Шпигел“.

Еден од уапсените, според медиумот, признал дека добиле понуда преку апликацијата „Вајбер“ од руски државјанин, кој им нудел по 100 евра за секој оштетен автомобил. Исто така, им било ветено дека ќе добијат правна помош доколку бидат фатени.

Четворицата осомничени – од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Романија – веќе се ослободени од притвор, но истрагата продолжува. Обвинителството сè уште не открива детали за нивните мотиви, но безбедносни извори предупредуваат дека ова би можело да биде дел од насочена кампања за дестабилизација и политичко влијание во Германија, особено пред предвремените избори на 23 февруари.

Continue Reading

Македонија

Почина Игор Југ, осуденик за „27 април“ – Бараше слобода до последен момент

Published

on

Игор Југ, еден од осудените за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, почина на 54-годишна возраст. Југ издржуваше 12-годишна затворска казна, но беше на прекин поради влошена здравствена состојба. Осум години од животот ги помина зад решетки пишува скопје1.мк.

Во изминатиот период, Југ постојано бараше повторување на судската постапка, тврдејќи дека никој од осудените за 27 април не е терорист и дека пресудите се неправедни. Неговото последно јавно појавување беше во поткастот „Претрес со Ландов“, каде зборуваше за искуството во затвор, својата идеологија и тортурата низ која, како што тврдеше, поминал.

Неговата смрт предизвика реакции во јавноста, а се очекува и официјален став од неговите блиски и правниот тим кој работеше на неговиот случај.

Continue Reading

Македонија

Кривична пријава за поранешен директор на Општата болница Охрид

Published

on

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш., на 39 години, од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Тој, во својство на вршител на должноста директор на ЈЗУ – Општа болница во Охрид, со пропуштање на должен надзор и без постоење на правен основ, на четири административни работници во болницата, кои немале решенија за раководна позиција, им определил коефициент на раководење и одговорност, со што на штета на болницата им овозможил право на повисока плата во вкупна вредност од 257.920 денари“, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Ова било констатирано и при вонреден инспекциски надзор, извршен од страна на Државниот инспекторат за труд.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк