Connect with us

Инфо +

ВМРО-ДПМНЕ: Бараме најстрога казна за возачот кој усмрти 22 годишна девојка на „Партизанска“

Published

on

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат најстрога казна за возачот кој синоќа усмрти 22 годишна девојка на „Партизанска“.

Од ВМРО-ДПМНЕ изразуваат најдлабока жалост за трагичната сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“, во која загина младата Фросина Кулакова.

„Воедно, бараме најостра санкција за возачот од страна на Јавното обвинителство и судот. Наместо декларативни казни, потребни се суштински мерки кои ќе делуваат превентивно за секој што ќе се осмели да управува моторно возило без возачка дозвола, во алкохолизирана состојба или при намалена свесност. Казната во овој случај и сличните мора да биде најстрога, за да се испрати јасна порака дека никој не смее да си игра со законот. Секоја личност носи одговорност за своите постапки. Овој случај ќе го има вниманието на јавноста и на ВМРО-ДПМНЕ и апелираме до институциите да работат според закон. Истовремено, ги повикуваме сите граѓани да останат обединети во оваа трагична ситуација. Нашата заедничка цел треба да биде обезбедување на безбедни улици и почитување на законите“, велат од партијата.

Апелираат до сите политички субјекти и јавни личности да се воздржат од користење на оваа трагедија за сопствени интереси и да се фокусираат на поддршка на семејството на починатата, како и на иницијативи што ќе придонесат за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Македонија

Вандализам во Германија: Балканци затнале 270 ауспуси со пур-пена

Published

on

Четворица млади луѓе од Балканот се осомничени дека систематски оштетувале автомобили низ Германија, вбризгувајќи полиуретанска пена во нивните издувни цевки. Според германската полиција, тие уништиле повеќе од 270 возила во Берлин, Бранденбург, Баварија и Баден-Виртемберг.

Во прв момент, нападите беа поврзани со радикални климатски активисти, бидејќи осомничените лепеле налепници со пораки како „Биди зелен“. Но, истрагата на германските власти сега се сомнева дека зад ова стои саботажа организирана од Русија, пишува „Шпигел“.

Еден од уапсените, според медиумот, признал дека добиле понуда преку апликацијата „Вајбер“ од руски државјанин, кој им нудел по 100 евра за секој оштетен автомобил. Исто така, им било ветено дека ќе добијат правна помош доколку бидат фатени.

Четворицата осомничени – од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Романија – веќе се ослободени од притвор, но истрагата продолжува. Обвинителството сè уште не открива детали за нивните мотиви, но безбедносни извори предупредуваат дека ова би можело да биде дел од насочена кампања за дестабилизација и политичко влијание во Германија, особено пред предвремените избори на 23 февруари.

Continue Reading

Скопје

НАЈНОВА ВЕСТ: Дојави за бомби во неколку училишта утрово во Скопје – родителите информирани да си ги земат децата

Published

on

najnova vest

Дојави за бомби во неколку училишта утрово ги вознемирија жителите на Аеродром.

Учениците се евакуирани, а наставниците веќе ги информираа родителите да си ги земат децата.

Како што дознава Курир, дојави за бомби има во „Димитар Македонски“, „Александар Македонски“, „Љубен Лапе“….

Извор: https://newz24live.com/

Continue Reading

Македонија

Почина Игор Југ, осуденик за „27 април“ – Бараше слобода до последен момент

Published

on

Игор Југ, еден од осудените за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, почина на 54-годишна возраст. Југ издржуваше 12-годишна затворска казна, но беше на прекин поради влошена здравствена состојба. Осум години од животот ги помина зад решетки пишува скопје1.мк.

Во изминатиот период, Југ постојано бараше повторување на судската постапка, тврдејќи дека никој од осудените за 27 април не е терорист и дека пресудите се неправедни. Неговото последно јавно појавување беше во поткастот „Претрес со Ландов“, каде зборуваше за искуството во затвор, својата идеологија и тортурата низ која, како што тврдеше, поминал.

Неговата смрт предизвика реакции во јавноста, а се очекува и официјален став од неговите блиски и правниот тим кој работеше на неговиот случај.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк