Connect with us

Македонија

Коњановски: Поддршка за образованието и подобрување на условите во училиштата

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес ја посети СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“, каде што во тек се подготовки за одбележување на значајниот јубилеј – 80 години од одржувањето на првиот час на современ македонски јазик.

За време на посетата, градоначалникот се запозна со реализираните инвестиции и проектите што ја подобруваат наставната средина во училиштето. Како дел од тековните вложувања, извршени се реконструкциски зафати, поставена е нова ограда, набавена е ИКТ опрема и училишен инвентар, а реализирани се и други подобрувања за унапредување на воспитно-образовниот процес.

„Локалната самоуправа останува посветена на поддршката на образованието и создавањето подобри услови за учениците. Ќе продолжиме со инвестиции кои имаат за цел да обезбедат квалитетна наставна средина и современи услови за работа во училиштата“, истакна градоначалникот Коњановски.

Вложувањата во гимназијата, во вкупен износ од 4.406.461 денари, се реализирани со поддршка од Општина Битола и Министерството за образование.

Директорката Лидија Споа го информираше градоначалникот за плановите за идни подобрувања, нагласувајќи дека менаџерскиот тим, заедно со вработените, активно работи на создавање на современа и мотивирачка средина за учениците.

Општина Битола продолжува со поддршката на образовните институции, овозможувајќи инвестиции кои ќе придонесат за квалитетно образование и развој на младите во општината.

Македонија

Самит на високо ниво во Унгарија: Мицкоски и Орбан ќе се сретнат за нови договори и соработка

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски и министрите ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит на 3-4 март 2025 година што ќе се одржи во Република Унгарија.

Како што соопшти владината прес-служба, согласно агендата предвидени се тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан.

Во рамки на владиниот самит предвидено е да се одржат и билатерални средби помеѓу ресорните министри на двете влади, по што ќе следи и заедничка владина седница помеѓу двете влади.

Во рамки на посетата предвидено е министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешна политика и трговија Петер Сијарто да потпишат Акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика во Будимпешта, стои во соопштението.

По завршување на меѓувладината седница заедничка прес-конференција за медиуми ќе одржат премиерот на македонска Влада Христијан Мицкоски и премиерот на унгарската Влада Виктор Орбан.

Continue Reading

Македонија

Голема временска промена во наредните 24 часа – ладен фронт ја зафаќа Македонија!

Published

on

Во текот на следните 24 часа, односно до недела (2 март) во вечерните часови, над нашата Македонија ќе помине брз ладен Атмосферски фронт од север и од северозапад кој на повеќе места ќе услови врнежи, кои на планините над 1000 метри ќе бидат од снег, а во пониските места (градовите) тие ќе бидат од дожд, мегутоа поради падот на температурите, во северозападните, северните, и во североисточните предели од нашата Република Македонија снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така појава на повремен снег ќе има  и во дел од повисоките населени места во споменатите предели.

Во Скопје  и околината со овој бран ќе има врнежи од дожд, а на околните планини и на повисоко врнежите ќе преминат во повремени послаби врнежи од снег.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието, каде повремено ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. Засилен ветер од северен правец повремено ќе дува  и во Скоспкиот регион.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат значително пониски и во недела (2 март) ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени, во Скопје температурата ќе се искачи до околу 9 степени, меѓутоа, во текот на денот и вечерта кон понеделник таа ќе бележи тенденција на понатамошно опаѓање.

Да напоменам дека, со овој влажен и ладен бран локално ќе наврнат до околу 15 литри воден талог на м/2.

Continue Reading

Македонија

9 години по убиството на Димитар Матилоски, мајката бара одговорност за судиите

Published

on

Девет години нема ни трага ни глас од убиецот на 27 годишниот охриѓанец Димитар Матилоски чиј живот згасна на новогодишната ноќ во 2016-та година. Неговата мајка за ТВ Алфа вели дека треба да се преиспитаат сите кои учествуваа во судскиот процес и кои го пуштија убиецот на слобода.

Димитар Матилоски беше до смрт претепан од српскиот државјанин Бојан Угреновиќ пред влезот на угостителски објект, во непосредна близина на неговиот дом. Откако охридскиот Основен суд своевремено му го укина притворот, донесе решение убиецот да се брани од слобода, одредувајќи мерки на претпазливост лицето да не ја напушта Македонија. Иако му беше одземена патната исправа, тој избега и е недостапен за органите на прогонот. Угреновиќ убиството го извршил под дејство на опојна дрога амфетамин. Тој се појави само на првото рочиште и го снема. За издржување на казна затвор од 16 години по него е рапишана и меѓународна потерница.
„Замислете како една мајка се чувствува и после девет години да не е пронајден убиецот на нејзиниот син. Барам од државата да го пронајде убиецот Бојан Угреновиќ кој како да пропадна во земја, па не можат да го најдат. А и да се преиспитаат сите кои учествуваа во судскиот процес и кои го пуштија убиецот на слобода. Јас девет години немам никакви информации од институциите”, вели мајката ни Димитар, Драгица Матилоска.

Правда за Димитар бараат и неговите најблиски другари кои за да го свртат вниманието на јавноста и надвор од границите на државава, самоиницијативно учествуваа на белгратскиот маратон, носејќи маички со ликот на Димитар.

„На сите им докажаа што значи другарство, како се сака другар кој свирепо беше убиен. Покажаа дека насилството не се решава со насилство”, вели мајката.

Семејството на Димитар има оштетно побарување од 10 милони денари кое никогаш не го доби. Ништо не може да ја ублажи болката, нити да го врати Димитар, но само со вака високи суми, младите ќе се вразумат дека со тупаници и одземање на недолжни животи не се постигнува ништо, вели Матилоска.

„Со тие пари сакав да направам спомен чешма на која ќе пишува ‘Стоп на насилството’, а останатите пари да ги дадам за лекување на болни дечиња. Мајката на Димитар моли да биде пронајден убиецот на нејзиниот син и да биде спроведен во прилепскиот затвор за издржување на затворска казна од 16 години.

mkd.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк