Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ПОЛИЦИЈАТА ВО СТАНОТ МУ НАШЛА КОКАИН И МАРИХУАНА: Судот објави за што е гонет Васил кој ја прегази Фросина

by
2025/01/31 17:16:15
in Uncategorized

Поради интерес за јавноста, судот објави каква постапка имало за момчето кое завчера ја прегази Фросина Кулакова од Неготино на Партизанска.  Него институциите претходно го гонеле откако кај него нашле дрога. 

На 29.03.2024 година, во станот на ул.„…“ бр…. во С., кој привремено го користел обвинетиот, неовластено заради продажба, држел наркотична дрога марихуана и кокаин, на начин што полициски службеници од НТ, при легитимирање на сведоците И.Н. од С. и М.Д. од С., поточно на паркинг просторот позади зграда …, пронашле кај истите паковки со растителна материја-марихуана, па откако сведоците посочиле од каде ги зеле, по добиена Наредба за претрес КПП бр.190/24 од 29.03.2024 година, од судија на претходна постапка при Основен кривичен суд С., во станот кој обвинетиот го користел се пронајдени 1-една ќеса во која има 14-четиринаесет зипер ќесички со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со поединечна нето маса од 1,24 грама, 1,19 грама, 1,38 грама, 1,31, грама, 0,58 грама, 1,14 грама, 1,22 грама, 1,28 грама, 1,27 грама, 1,14 грама, 1,21 грама, 1,27 грама, 1,21 грама и 1,17 грама и 2-две најлонски паковки со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со вкупна нето маса од 23,95 грама и 1-една паковка со бела прашкаста материја со нето маса 0,24 грама која претставува дрога кокаин, кои се одземени.

На 29.03.2024 година во станот на ул.„…“ бр…. во С., во кој привремено престојувала сега обвинетата Л.Ј., за која е раздвоена кривичната постапка, по претходен договор со обвинетиот В., заедно неовластено заради продажба држеле наркотична дрога марихуана и кокаин, на начин што откако обвинетата Л. излегла пред влезот од зградата и пришле сведоците И.Н. и М.Д. од С., па најпрво се доближила И. која и се обратила со зборовите „Еј Л. ти ли си“, а М. и се обратил со зборовите „За тоа што се договоривме со В.“, обвинетата им одговорила „Да, да“ и од џебот извадила една ќесичка со растителна материја со нето маса од 1,24 грама која претставува опојна дрога марихуана, по што пристапиле овластените службени лица и ја одзеле дрогата, а по издадена наредба за претрес од судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд С., КПП бр.189/24 од 29.03.2024 година во станот во кој привремено престојувала обвинетата Л.Ј. на ул.„…“ бр…., се пронајдени: 1-една бела поголема најлонска ќеса со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со нето маса од 38,2 грама, 1-една поголема најлонска ќеса со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со нето маса од 12,8 грама, 1-една најлонска ќеса со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со нето маса од 101,0 грама, 1-една помала бела ќеса со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со нето маса од 24,6 грама, 2-две најлонски ќеси од кои едната со 33-триесет и три зипер ќесички со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со поединечна нето маса од по 0,82 грама до 1,34 грама, а другата со 35-триесет и пет зипер ќесички со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со поединечна нето маса од по 1,15 грама до 1,38 грама или сите со вкупна нето маса 83,90 грама, 1-една хартиена кутија во облик на срце со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со нето маса од 18,8 грама или се со вкупна нето маса од 279,3 грама наркотична дрога марихуана, како и 1-една зипер ќесичка со бела грутчеста материја со нето маса од 16,43 грама која претставува дрога кокаин и 2-две дигитални ваги со остатоци од наркотична дрога кокаин и марихуана, кои со потврда за привремено одземени предмети се одземени од обвинетата.

    Со горните дејствија обвинетиот В.Ј., сторил едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсории од чл.215 ст.1 од КЗ и едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсории од чл.215 ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ, па согласно овие одредби и членовите: 4, 6-а ст.2, 29, 30, 31, 32, 39, 40, 41 и 44 од КЗ, како и членовите 21, 39, 40, 48, 60 и 71 од Закон за правда на децата, судот му изрекува воспитна мерка:

    Сите детали можете да ги прочитате тука. 

    Next Post

    Нова сообраќајна несреќа во Скопје: Прегазен пешак, возачот избегал

    Со 2,52 промили и без возачка, 23-годишник беснеел по улиците

    Препорачани Вести

    На денешен ден: Масакрот во Загоричани – трагедија што не смее да се заборави

    9 months ago
    Целосен пресврт во ОН: Италија со нов услов за Палестина

    Целосен пресврт во ОН: Италија со нов услов за Палестина

    5 months ago

    Популарни Вести

    • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

      0 shares
      Share 0 Tweet 0
    • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

      0 shares
      Share 0 Tweet 0
    • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

      0 shares
      Share 0 Tweet 0
    • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

      0 shares
      Share 0 Tweet 0
    • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

      0 shares
      Share 0 Tweet 0
    • Македонија
    • Економија
    • Република
    • Балкан
    • Свет
    • Црна Хроника
    • Скопје
    • Технологија
    • Спорт

    Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

    No Result
    View All Result
    • Македонија
    • Економија
    • Република
    • Балкан
    • Свет
    • Црна Хроника
    • Скопје
    • Технологија
    • Магазин
    • Спорт

    Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.