Connect with us

Македонија

Со 2,52 промили и без возачка, 23-годишник беснеел по улиците

Published

on

policija

Полицијата вчера го уапси 23-годишниот А.Љ. од Дебар кој на улицата „Јусуф Багери“ управувал со возило „мерцедес“ и не застанал на полициска патрола.

По преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Есат Мезелџиу“ и било констатирано дека не поседувал возачка дозвола и дека возилото го управувал под дејство на алкохол.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски извори потврдуваат дека А.Љ. имал 2,52 промили алкохол во крвта.

Македонија

Еве каде вее во моментов во Македонија

Published

on

Слаб снег попладнево провејува на Попова Шапка, Маврово, Крушево и на планинските превои Ѓавато, Плетвар и Пресека.

Од јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози.

Continue Reading

Македонија

Кои професии ќе одат порано во пензија? Министерството го ревидира бенифицираниот стаж

Published

on

Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе ја ревидира листата на професии за кои се добива бенефициран стаж, односно се оди порано во пензија.

„Ситуацијата во законодавството не ја прикажува реалната слика која ја имаме на терен, бидејќи од времето на утврдувањето на работните места со бенефициран стаж, настанати се значајни промени. Условите за работа се значително подобрени, а мерките за безбедност и здравје при работа се многу унапредени. Дополнително, некои индустриски гранки веќе не постојат, што ја прави таа листа неточна за актуелната ситуација “, вели Лимани.

Целиот текст објавен на Фокус може да го проследите на следниот линк.

Continue Reading

Македонија

„Грабежот мора да прекине“: Реакции за високите сметки на ЕВН

Published

on

Првиот човек Марјан Ристески истакна дека до нив секојдневно стигнуваат реакции од граѓани за високите сметки. 

„Грабежот мора да прекине. Се размислуваме што да преземеме, дали протести, дали да почнеме со потписи за одземање на лиценца. Сметка отпечатена на еден датум, а корисникот ја добива на крај на месецот и мора да плаќа камати. Од ЕВН велат дека вината е кај поштарот“, рече Ристески.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк