Connect with us

Македонија

Развојната и комерцијалните банки ги потпишуваат договорите за унгарскиот кредит

Published

on

pari

Започна потпишувањето на договорите на Развојна банка со деловните банки со што се заокружува постапката за пласман на 250-те милиони евра од унгарскиот заем кон компаниите. Договорите коишто ги одобри Владата на последната седница, се веќе потпишани од страна на Министерството за финансии и Развојната банка на Северна Македонија, соопштуваат од Министерството за финансии.

Станува збор за 250 милиони евра кои ги обезбеди Владата за поддршка на приватниот сектор, Условите се рокот на отплата да биде до 15 години, вклучен грејс период до 3 години, камата од 1,95 проценти, и без надоместок за одобрување и управување.

Средствата, согласно усвоените услови од страна на Владата и потпишаните договори, може да се користат за основни средства од страна на сите компании во сите сектори со исклучок на секторот производство или трговија на алкохолни пријалоци, освен на пиво и вино, производство или трговија со тутун, како и дејности поврзани со коцкање, казина и еквивалентни претпријатија. Исто така, средствата нема да можат да се користат за рефинансирање на претходни заеми.

„Со ова се покренува инвестициски циклус во приватниот сектор од над 250 милиони евра имајќи предвид дека корисниците на кредитите треба да учествуваат со 20 процети сопствени средства во реализација на инвестицијата. Средствата од страна на банките ќе се одобруваат и исплаќаат врз основа на доставена документација, во транспарентна постапка, која ќе овозможи и соодветна контрола на искористувањето на средствата, наведува Министерството за финансии.

Целиот текст на https://www.slobodnaevropa.mk/a/33299562.html

Македонија

8 Март – Денот на жената: Борба, признание и почит

Published

on

Денеска се одбележува 8 Март – Меѓународниот ден на жената, симбол на борбата за еднаквост, праведност и подобри услови за жените ширум светот. Иако овој ден често се поврзува со подароци и честитки, неговото вистинско значење лежи во историските напори на жените за подобри работнички права, еднаква плата и социјална правда.

Во многу земји, жените и денес се соочуваат со предизвици како родова нееднаквост, насилство и дискриминација. Затоа, 8 Март останува потсетник дека борбата за правата на жените не завршува со еден ден во годината, туку е континуиран процес кон поправеден свет за сите.

Continue Reading

Македонија

Тошковски во Израел: Зајакнување на партнерството меѓу двете земји во доменот на безбедноста

Published

on

На покана на израелската компанија Elbit Systems, која е наш долгогодишен партнер во унапредувањето на техничките системи и безбедносните капацитети на Министерството за внатрешни работи, особено во рамки на проектот „Безбеден град“, деновиве престојувам во Израел, објави на својата Фејсбук страница министерот за внатрешни работи на Република Македонија Панче Тошковски.

Оваа посета претставува значајна можност за размена на искуства и запознавање со најновите технолошки решенија што ги развива Elbit за справување со модерните безбедносни предизвици. Посебен фокус беше ставен на иновациите во заштитата на границите, урбаната безбедност и борбата против тероризмот, како и можностите за интеграција на напредни технологии во безбедносниот систем на нашата земја.

Дополнително, го посетив Полицискиот контролен центар во Тел Авив, каде што се запознав со функционирањето на нивниот интегриран безбедносен систем. Центарот користи напредни алатки и автоматизирани процеси за брза реакција на безбедносни инциденти, што е одличен пример за ефикасно управување со јавната безбедност и превенција на криминалот.

Во рамки на посетата, остварив средба и со првиот човек на израелската полиција, г. Рафаел Енгел, генерален директор во израелското Министерство за национална безбедност, со кого разговаравме за зајакнување на соработката во областа на безбедноста и размената на добри практики во борбата против тероризмот и организираниот криминал. Изразив искрено сочувство за жртвите од терористичкиот напад на 7 октомври 2023 година, како и поддршка во сите напори за враќање на заложниците кои сè уште не се вратени во своите домови.

На средбата беше истакнато дека Македонија и Израел се две пријателски земји со заедничка посветеност на безбедноста и стабилноста, кои преку размена на знаење, искуства и технолошки решенија можат уште повеќе да ги унапредат своите безбедносни капацитети. Справувањето со терористичките закани и јакнењето на меѓународната соработка беа меѓу клучните теми на разговор, со акцент на потребата за превентивни стратегии и современи технолошки решенија кои обезбедуваат брза и ефикасна реакција во заштитата на граѓаните.

Оваа посета претставува уште еден чекор кон зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Израел во доменот на безбедноста, како и доказ за нашата заложба за модернизација на безбедносните структури преку соработка со светски лидери во оваа област, пишува во својата објава министерот Тошковски.

https://www.facebook.com/share/p/1AJFhSMFuu/?mibextid=wwXIfr

Continue Reading

Македонија

Инспекторите со полни раце работа: Затворени три маркети, аптека и увозници на овошје и зеленчук – имале маржи и до 70%

Published

on

Осум правни субјекти, меѓу кои три маркети, една аптека и тројца од најголемите увозници на овошје и зеленчук, се соочуваат со затворање во траење од 15 дена поради непочитување на владините мерки за ограничување на маржите. Покрај привременото затворање, овие компании ќе бидат и парично казнети.

Како што информира директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, контролите покажале дека некои од овие субјекти остварувале маржи и до 70 отсто, што значително ги надминува утврдените ограничувања.

Дополнително, тој откри дека во моментов се обработуваат уште 30 предмети кои се однесуваат на различни големи маркети, а инспекторите продолжуваат со континуирани теренски контроли.

– Инспекторите се постојано на терен и спроведуваат контроли без прекин. Во моментов работиме на 30 дополнителни предмети кои ги опфаќаат сите големи маркети – истакна директорот на Инспекторатот.

Сепак, неговата генерална оценка е дека мерките на Владата се почитуваат.

Од 24 февруари до 6 март се извршени 365 надзори во трговијата на мало и 64 во трговијата на големо со што се опфатени над илјада малопродажни и големопродажни места. Притоа се констатирани вкупно 36 неправилности и се издадени прекршочни платни налози од 42 000 евра.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк