Утре (вторник, 4 февруари 2025) без електрична енергија ќе биде дел од село Јанчиште, Тетовско. Според информациите од ЕВН, прекинот ќе трае од 09:00 до 14:30 часот.
Новопоставениот генерален секретар на СДСМ, Димитар Димитријевиќ, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 истакна дека очекува подобри резултати на локалните избори во споредба со минатото.
„Секако дека подобар резултат од тоа што го имавме во минатото,“ рече тој, додавајќи дека очекува напредок како во однос на минатите локални, така и на парламентарните избори.
Во однос на анкетите кои покажуваат значителна предност на ВМРО-ДПМНЕ, Димитријевиќ истакна дека граѓаните веќе се свесни за „хаотичните состојби“ во Град Скопје, кои според него, се резултат на препукувањата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска.
Кога станува збор за изборот на кандидати, СДСМ планира јавни расправи со членството и симпатизерите за да ги идентификува најдобрите кандидати. Конечните имиња, според Димитријевиќ, ќе бидат објавени кон крајот на април или почетокот на мај.
На прашањето дали актуелните градоначалници на СДСМ ќе добијат нова шанса, тој изјави дека одлуките ќе се базираат на поддршката од членството и рејтингот на кандидатите, со цел да се избегнат грешките од минатите избори.
„СДСМ ги научи лекциите од минатото и ќе ги поправиме сите недостатоци во оваа изборна трка,“ рече Димитријевиќ, истакнувајќи дека Струмица и Центар остануваат клучни општини за партијата.
Димитријевиќ ги демантираше шпекулациите за внатрешни несогласувања во партијата, вклучувајќи го и случајот со струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов. Според него, СДСМ ќе излезе со општоприфатени кандидати во сите општини.
Нашиот другар и сограѓанин Миле Тодорoв (Скечо) е исчезнат. Последен пат е виден на 30 јануари кај село Марена, Кавадарци, околу 10 часот, во црно работничко одело со бело палто и црн елек. Досега најден е само неговиот телефон, Миле е висок околу 185 сантиметри. Четврти ден имаме безуспешна потрага во околината на Неготино и Кавадарци, соопштија од „Винари“.
Пасошот и личната карта му се дома, четврти ден се трага по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, информираа попладнево од навивачката група „Винари“ од овој град, на „Фејсбук“.
– Нашиот другар и сограѓанин Миле Тодорoв (Скечо) е исчезнат. Последен пат е виден на 30 јануари кај село Марена, Кавадарци, околу 10 часот, во црно работничко одело со бело палто и црн елек. Досега најден е само неговиот телефон, Миле е висок околу 185 сантиметри. Четврти ден имаме безуспешна потрага во околината на Неготино и Кавадарци, соопштија од „Винари“.
Оттаму нагласија дека според луѓето кои го познаваат, можно е да е во некоја напуштена викендица или куќа или пак во манастир.
– Пасошот и личната карта му се најдени дома, па не би можел легално да испадне од државата. Замолуваме, доколку имате сознанија или го забележите, контактирајте ја полицијата или јавете се на броевите 078-909-481 и 075-691-727, споделија од „Винари“.
Од Секторот за внатрешни работи – Велес рекоа за МИА дека се трага со сите ресурси по момчето од Неготино.
Во изминатите шест дена концентрациите на ПМ 10 честички во воздухот во Велес покажуваат дека се над максимално дозволените. Ова се податоци од Државниот автоматски мониторинг за квалитет на воздух на Министерството за живитна средина и просторно планирање, кои се регистрираат на единствената мерна станица во Велес поставена во новиот дел од градот во населбата Тунел во дворот на детската градинка.
Граѓаните на Велес се револтирани што не се мерат концентрациите и во стариот дел од градот, каде сметаат дека има уште поголемо загадување. Тие со години бараат да им се врати мерната станица „Велес 2“ која беше лоцирана кај Топилницата, а која по нејзиното затворање беше преселена во Струмица. Граѓаните на Велес забележуваат и што единствената мерна станица во градот не ги регистрира концентрациите на уште поопасните по здравјето ПМ 2,5 честички.
Денеска во новиот дел на градот концентрациите на ПМ 10 честичките се скоро двојно повисоки и изнесуваат 97 мг/м3 воздух. Инаку, во изминатите денови овие вредности се движат од 67,50 мг/м3 до 84,57 мг/м3 воздух.
Граѓаните се жалат на проблеми со отежнато дишење поради загадениот воздух поради што е нарушено нивното здравје. Дел од граѓаните посебно повозрасните носат заштитни маски.
Градоначалникот Марко Колев деновиве одговарајќи на новинарско прашање за решавање на проблемот со загадувањето и констатацијата дека Велес нема општински инспектор за животна средина, појасни дека Општина Велес сепак има Одделение за заштита на животната средина кое постојно го следи квалитетот на воздухот и реагира.
Воедно информира дека и самиот увидел дека дел од домаќинствата горат несоодветни материјали како пластика, ќумур и други материјали кои го загадуваат воздухот и дека со овој проблем освен Велес се соочени и останатите градови во земјава. Тој најави дека треба да се воведат санкции за овие домаќинства кои го загадуваат воздухот во градот.
-Апелирам до граѓаните да не користат материјали за затоплување кои го загадуваат воздухот, порача Колев.
Тој информира дека во таа насока за намалување на загадувањето, Општина Велес прави напори за замени на фасадите со топлотни и затоплување со грејни тела како инвертер клими , а кои не го загадуваат воздухот,а општината доделува и субвенци за нивна набавка.Воедно на сите свои јавни установи и училишта,општината веќе има поставено фотоволтаични панели за сопствено производство на електрична струја.
Колев истакна дека поради зголеменото загадување низ велешките улици со зголемениот сообраќај на возила, а поради затворање на мостот на Вардар кај Башино Село деновиве било извршено вонредно миење на велешките улици. Тој воедно најави дека ако за тоа дозволуваат временските услови без минусни температури, а за да не дојде до нивно замрзнување, дека деновиве ќе се изврши и дополнително второ миење на главните градски улици во Велес.