Connect with us

Македонија

Во Битола се одбележува раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Published

on

Вработени во институции, установи, уметнички друштва и групи во Битола кои го носат името на великанот на македонското ослободително движење Гоце Делчев денеска го одбележуваат 4 февруари, денот на раѓањето на Делчев кој често доаѓал во овој град.

За престојот на Гоце Делчев во Битола сведочи Спомен-музејот отворен во минатиот век со постојана музејска поставка која содржи две изложбени простории.

Во првата просторија е сместена содржина „За животот и револуционерната дејност, на првоапостолот на македонското ослободително дело“. Во оваа просторија како континуитет на Гоцевата револуционерна дејност со бројни документи и фотографии прикажана е состојбата и настаните во Битолскиот револуционерен округ. Од бројните поместени експонати значајно место зазема револверот подарен од Гоце Делчев на Михаил Ракиџиев, сопственик на куќата и член на Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ. Во составот на поставката поставена е витрина со симболите на револуционерната заклетва на Организацијата, како и оружје од Илинденскиот период.

Отворањето на Музејот Спомен-куќа на Гоце Делчев е иницирано од граѓаните на Битола, а по повод роденденот и во знак на сеќавање за престојот на Гоце Делчев во Битола во 1901 година, во куќата на чија спомен-плоча пишува дека Делчев на раководителите од Битола и Битолско исцрпно им ја осветлил борбата за национално и социјално ослободување, како и против врховизмот и со тоа придонесе да се засили револуционерното движење и револуционерниот дух меѓу масите во округот.

Македонија

Колку пари потрошила УСАИД во Македонија и регионот од 2020 година

Published

on

Според податоците објавени од Косово Дата американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) која сега е блокирана од администрацијата на Доналд Трамп во Западен Балкан за периодот од 2020 до 2024 биле потрошени 1,7 милјарди долари.

Во Македонија се потрошени 290 милиони долари или 165 долари по глава на жител.

Листа на потрошени пари по држава:

🇽🇰 Косово: 537 милиони долари
🇧🇦 Босна: 402 милиони долари
🇲🇰 Македонија: 290 милиони долари
🇷🇸 Србија: 209 милиони долари
🇦🇱 Албанија: 189 милиони долари
🇲🇪 Црна Гора: 77 милиони долари

Вкупно за шесте земји од Западен Балкан се потрошени 1,7 милијарди долари

Ако овие суми се разложат по глава на жител врз основа на груби проценки на населението, се добиваат следниве бројки: 

🇽🇰 Косово (1,6 милиони луѓе): 336 долари по лице

🇧🇦 Босна (3,2 милиони луѓе): 125 долари по лице

🇲🇰 С. Македонија (1,8 милиони луѓе): 161 $ по лице

🇷🇸 Србија (6,6 милиони луѓе): 32 долари по лице
🇦🇱 Албанија (2,8 милиони луѓе): 67 долари по лице

🇲🇪 Црна Гора (620.000 луѓе): 124 долари по лице

Continue Reading

Македонија

Разрешена директорката на детскатата болница „Козле“

Published

on

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска потпиша решение со кое ја разрешува досегашната директорка на детската болница „Козле“, д-р Каролина Симоновска, која деновиве побара медиумите да не и го спомнуваат името. Таа е разрешена од функцијата, а на нејзино место е назначена професорката со име и презиме, д-р Катерина Бошковска.

Оваа одлука веќе пристигнала во болницата, објавија дел од медиумите.

Директорувањето на досегашната директорка која побара медиумите да не и го спомнуваат името беше проследено со серија предизвици, меѓу кои најзначајно беше распаѓањето на бронхоскопскиот оддел, како и меѓучовечките несогласувања во институцијата. Тензиите кулминираа со нејзиното испратено барање до медиумите да не го спомнуваат нејзиното име, иако се наоѓаше на јавна функција.

Со назначувањето на проф. Катерина Бошковска, Министерството за здравство очекува стабилизирање на состојбите во болницата и подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал, како и за пациентите.

Инаку, д-р Бошковска е субспецијалист по педијатриска пулмологија. Во рамки на наставно образовната дејност таа е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови.

-Министерството ѝ се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка д-р Каролина Симоновска, соопштија од таму.

Continue Reading

Македонија

Изет Меџити во САД за настанот “Молитвениот појадок” со Претседателот Трамп

Published

on

Првиот вицепремиер на Северна Македонија, Изет Меџити, отпатува за Соединетите Американски Држави за да учествува на традиционалниот настан “Молитвениот појадок”, кој се организира под покровителство на Претседателот на САД, Доналд Трамп.

Ова е еден од најважните настани во годината во Вашингтон, каде што присуствуваат политички лидери, претставници на меѓународни институции и влијателни личности од целиот свет. Присуството на Меџити на овој настан е дел од неговите честите посети во САД, што потврдува неговата посветеност за зајакнување на односите со најважниот стратешки партнер на Северна Македонија.

Последно, Меџити беше присутен и на церемонијата за инаугурација на Претседателот Трамп, што го направи еден од високите официјални лица од регионот што ги следеше најновите случувања во американската политика.

Неговата посета во Вашингтон за “Молитвениот појадок” се очекува да биде искористена и за средби со претставници на американската администрација и членови на Конгресот, со цел зајакнување на соработката помеѓу двете земји во различни области.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк