„И Македонија е киднапирана од левичарски невладини организации и УСАИД. 290 милиони долари сега ќе бидат заштедени за Американците“. Ова на социјалната мрежа X го напиша Крис Павловски, канадски бизнисмен чии родители се од Македонија, и е основач на платформата Rumble, која е дизајнирана како алтернатива на YouTube.
Минатата недела, администрацијата американскиот претседател Доналд Трамп ја суспендираше американската странска помош која оди преку УСАИД, ставајќи за оваа агенцијата за меѓународен развој под директна своја контрола. Трамп се одлучи на ваков чекор со образложение дека дека спроведува ревизија за да се осигура дека помошта од десетици милијарди долари е во согласност со доктрината на надворешната политика на Трамп „Америка на прво место“ и дека не е губење пари на даночните обврзници.
Околу 40 милијарди долари, изнесува годишниот буџет на организацијата. Трамп и републиканците со години го опишуваа како расипничко трошењето за странска помош во администрациите на Барак Обама и Џо Бајден.
Генерално, помошта на САД во Македонија се менаџираше преку проекти на амбасадата и преку агенцијата УСАИД, а сега се прекинаа исплатите за македонскиот невладин сектор за најмалку 90 дена.
Според информацијата што ја посочи Павловски, помошта преку УСАИД за Македонија, за периодот од 2020 до 2024 била 290 милиони долари.
Според информации во медиумите, УСАИД ја финансирала фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос за соборување на власта во Македонија и поддршка на левичарски агенди НГО.
Ова тврдење според кое финансирањето се случувало во времето вториот мандат на Обама до 2016 година го објавува американската истражувачка новинарка и интернет личност Мериса Хансен на социјалната мрежа Х.
„УСАИД даде речиси 15 милиони американски долари на Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос само во последните четири години на функцијата на Обама, која спроведува обемна работа во регионот на Западниот Брег/Палестина – сепак финансирањето беше првенствено за операциите на Сорос во Албанија и Македонија“.
Хансен која пренесува тврдења според кои Сорос, преку неговите Фондации Отворено општество, влијаел на македонската политика, особено со тврдењата за финансирање насочени кон поддршка на левичарските политички партии или агенди.
„Ова влијание беше искористено за поттикнување политички немири или притисок за промена на режимот, особено за време на политичката криза во Македонија околу 2015-2017 година. Во март 2017 година, писмо до државниот секретар Рекс В. Тилерсон, шестмина американски сенатори го повикаа секретарот да ги истражи односите меѓу УСАИД и фондациите на Сорос и како американските даночни долари ги користат Стејт департментот и УСАИД за поддршка на левицата – политички групи од центарот кои се обидуваат да наметнат левичарски политики во земји како Македонија и Албанија”, пишува Хансен.
Крис Павловски стана особено познат на македонската јавност последните месеци, прво по летната посета на новата македонска влада, а и по средбата неодамна што во Вашингтон ја имаше со премиерот Христијан Мицкоски.
„Директно од аеродром на состанок… во Вашингтон имав исклучително продуктивен долг состанок со мојот пријател Крис Павловски сопственик на ‘Рамбл“. Капиталот на Павловски од ‘Форбс’ е проценет на 1,2 милијарди долари“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Денеска, пак, американскиот претседател Доналд Трамп го именуваше Мајкл Елис, кој е правен советник во компанијата Rumble на Павловски, за заменик директор на Централната разузнавачка агенција ЦИА. Елис беше дел од делегацијата предводена од Павловски која ја посети Македонија во јули.
Македонците од Албанија и Кичево со заеднички чекор напред – потпишан меморандум за соработка
Значаен чекор кон зацврстување на културните и националните врски е направен денес во Кичево. Делегацијата на Здружението на Македонците од Албанија во Македонија „Зошто“, предводена од иницијативниот претседател Панди Јани, оствари клучна средба со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски.
Кулминација на конструктивната средба беше свеченото потпишување на Меморандум за соработка, документ кој ги поставува цврстите темели за идна, плодна соработка!
„На средбата разменивме мислења по повеќе прашања, по што потпишавме Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темели за заеднички активности и иницијативи насочени кон унапредување на културната размена, образовната поддршка и зајакнување на традицијата на македонскиот јазичен, културен и национален идентитет“, изјави за МИА, Панди Јани.
Ова не е изолиран настан. Само денови претходно, сличен историски документ беше потпишан и со градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски. Според Јани, со овие договори „се отвора ново поглавје во заедничкото делување за доброто на граѓаните“.
Целта е јасна: зајакнување на заедницата преку партнерства.
„Овие чекори, кои ќе ги продолжиме и со други градови, претставуваат силна потврда дека преку партнерства, дијалог и конкретни активности може да се создадат услови за подобра поддршка, развој и инклузија на Македонците по потекло од Албанија, како и на сите граѓани кои се дел од нашата заедница“, категорично оценува Јани.
Јани изрази длабока благодарност до градоначалниците Јовановски и Тозиевски за нивната доверба и поддршка, како и до посветениот тим на „Зошто“ кој несебично работи на оваа благородна мисија: чекор по чекор, да изгради посилна, обединета и активна заедница.
Здружението „Зошто“ е основано на 25 септември 2024 година со Седиште во Ресен. Неговатам мисија е Афирмација на македонската култура и идентитет. Името е почит кон романот „Зошто“ на Стерјо Спасе, еден од најголемите писатели во Албанија со македонско потекло.
Тошковски откри кои прекршоци ќе бидат на удар на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска истакна дека системот „Безбеден град“ ќе се спроведува со прецизно дефиниран праг на толеранција, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и јавниот простор, а не казнување по секоја цена.
Тошковски појасни дека системот ќе биде насочен кон препознавање и санкционирање на сериозни и опасни прекршоци, особено оние кои директно го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните. „Целта е да се воспостави ред и превенција, а не репресија без разум“, рече тој.
„Ќе има јасни правила, транспарентност и точно утврдени критериуми. Граѓаните ќе знаат што се санкционира и зошто. Системот нема да биде лов на прекршители, туку алатка за заштита на човечки животи“, нагласи министерот.
Проектот предвидува користење на современи технолошки решенија, вклучително камери и софтвер за следење на сообраќајот, со цел подобрување на контрола и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.
Министерството најави дека имплементацијата ќе се спроведува фазно, со претходна информираност на јавноста и соодветен период за прилагодување, за граѓаните да се запознаат со новиот систем и неговото функционирање.
Пораст на нивото на реките: Пчиња, Вардар, Треска и Црн Дрим со зголемен водостој
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) алармира за значително зголемување на водостоите кај клучните реки, надминувајќи го просекот за декември.
Реката Вардар, нашиот најголем воден пат, е видно „нарасната“ долж нејзиниот тек – од Јегуновце, преку Скопје и Велес, па сѐ до Демир Капија. Слична слика се бележи и на Пчиња кај Катлановска бања, Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.
Од друга страна пак, нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци, се под просечните декемвриски граници.
Во однос на природните езера, ситуацијата е стабилна и без отстапувања. Водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се во рамки на просекот за овој период од годината, ветувајќи мирување и покрај раздвижениот речен систем.