Connect with us

Македонија

ШЕСТ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА ЌЕ ПРОИЗВЕДУВААТ СТРУЈА СО ФОТОВОЛТАИЦИ И ГОДИШНО ЌЕ ЗАШТЕДАТ 15.000 ЕВРА

Published

on

Фотоволтаици се поставени на шест основни училишта во Битола кои ќе произведуваат струја од чисти извори за сопствени потреби, со што се очекува годишно да заштедат до 15 000 евра. Фотонапонските централи се монтирани во училиштата „Елпида Караманди“, „Стив Наумов“, „Коле Канински“,  „Св. Кирил и Методиј“, „Александар Турунџев“ во Кукуречени и „Крсте Петков- Мисирков“ во Бистрица.

Во шесте училишта поставени се фотоволтаици со вкупен капацитет од 147, 5 киловати моќност и ќе произведуваат околу 168.000 киловати електрична енергија годишно. Во дел од училиштата кои се греат на инвертер клими ова ќе биде од голема корист, зашто драстично ќе се намали трошокот за електрична енергија. Во другите училишта, произведената струја ќе се користи за осветлување на просториите, за топла вода и други потреби, но нема да ги земени системите за греење на мазут.

„Електричната енергија што ќе ја произведуваат овие централи ќе биде бенефит и за училиштата, а преку тоа и за Општината. Бенефитите ќе бидат видливи преку сметките за струја и тоа веќе следната година“, рече градоначалникот Тони Коњановски.

Во лето, централите ќе произведуваат струја и таа ќе оди во мрежата на елетродистрибуција, а потоа ќе има нивлирање на сметките за струја која училиштата ќе ја трошат во облачни денови. Фотоволтаиците ги финансираше Фондацијата Отворено општество Западен Балкан, а проектот Сончеви училишта е спроведен во 17 образовни установи во Македонија.

Извор: sdk.mk

Македонија

Муцунски: Продлабочување на економската соработка со Австралија

Published

on

Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на својата работна посета на Австралија оствари средба со претставници на European Australian Business Council (EABC), водечка платформа за економска и трговска соработка меѓу Европа и Австралија.

На средбата се разговараше за унапредување на економските релации, зголемување на трговската размена и привлекување инвестиции. Посебен акцент беше ставен на можностите за соработка во енергетиката, инфраструктурата и новите технологии.

Муцунски пред претставниците на бизнис-заедницата ги претстави инвестициските поволности што ги нуди државата, нагласувајќи дека зајакнувањето на економските врски со Австралија останува еден од приоритетите во билатералните односи.

Continue Reading

Македонија

Познат датумот кога ќе проработат камерите – казните ќе доаѓаат на домашна адреса

Published

on

Од почетокот на наредната година камерите кои се поставуваат во Скопје и низ уште неколку градови ќе бидат целосно функционални и ќе почнат да испраќаат казни на домшана адреса.

„Јас сум убеден дека системот ќе стартува на 1 јануари 2026 година“ – рече Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервју за 360.

Системот е речи си поставен во главниот град, а Премиерот Мицкоски на последниот брифинг со новинарите не ја отфрли можноста во Скопје системот да проработи и пред Нова Година, со тоа што како што најави тој, во првата фаза на граѓаните дома ќе им пристигнуваат само опомени, додека по Нова Година би доаѓале казните.
Мицкоски рече дека станува збор за најсовремена опреа од израелски производител која дава широка лепеза на можности за казнување.

Во меѓувреме, во Собранието помина јавната расправа за измени на казнената политика во делот на безбедноста во сообраќајот, а експертската јавност побара построги казни за возачите.

Continue Reading

Македонија

Средба на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска.

На средбата, претседателката беше информирана за плодната соработка меѓу овој важен самостоен државен орган и лидерите на црквите, верските заедници и религиозните групи.

Трајковска и Сиљановска-Давкова ја потенцираа важноста на религиозниот соживот, заснован врз взаемна почит и соработка за градење хармонично и мирно општество.

Во функција на претстојните образовни реформи, директорката Трајковска изрази став дека со основните етички норми,  учениците треба да бидат запознаени од страна на одделенските наставници од прво до петто одделение. Таа предлага воведување на изборен предмет Етика во текот на четирите години, од шесто до деветто одделение, којшто ќе ја интегрира не само религиозната, туку и филозофската, социолошката, логичката, психолошката и етичката димензија. Според неа, предметот Етика би можеле да го предаваат и теолози.

Соговорничките укажаа на потребата од превенција, навремено сузбивање и санкционирање на верскиот радикализам.

На крајот, претседателката ја истакна исклучително важната и одговорна улога на Комисијата во уживањето на слободата на вероисповеста и овозможувањето правна еднаквост на религиозните субјекти.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк