Connect with us

Економија

ПАДНА БОЈКОТОТ НА МАРКЕТИТЕ, овој петок имаше речиси нормално пазерење

Управата за јавни приходи (УЈП), согласно интересот на јавноста, во рамки на своите овластувања ги доставува последните податоци од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во 8 – те поголеми ланци на маркети на територијата на целата држава за деновите 06 и 07 февруари 2025 година.

Во четврток, 06.02.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 232.791.773 денари, а издадени се 417.866 фискални сметки. Во петок, 07.02.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 181.288.348 денари, а издадени се 346.317 фискални сметки.

Кај овој анализиран период кај осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 22,12%.

Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП беше регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. Во петок 07.02.2025 година остварен е за 36,95% поголем промет во однос на претходниот петок 31.01.2025 година.

-При споредбата на регистрираниот промет на крајот на месецот односно деновите 31.01 и петок 07.02.2025 година треба да се имаат предвид различните фактори кои можат да влијаат на потрошувачките навики. Еден од тие фактори е тоа што голем дел од граѓаните примаат плата и пензии на почеток од месецот, што создава и промени во нивното потрошувачко однесување, велат од УЈП.

Advertisement

Економија

Праведната транзиција ќе успее само ако ја водиме заедно со работниците, општините, со заедниците – Божиновска на Националниот настан за Локалните економско-социјални совети

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на Националниот настан за вмрежување на Локалните економско-социјални совети, каде што уште еднаш ја потврди силната определба на Министерството да работи отворено, во соработка и директен дијалог со сите засегнати страни.

„ Транзицијата мора да донесе подобар живот за сите нас. А тоа е можно само ако сме отворени, достапни и ако работиме заедно. Министерството е партнер за секоја општина, секоја организација, секој работник и секоја компанија што носи иницијатива. Можете да ни се обратите во секој момент“, изјави министерката Божиновска.

Локалните економско-социјални совети – се платформа којашто ги обединува општините, синдикатите, бизнис-заедницата, граѓанските организации и институциите во процесот на праведната енергетска транзиција.

„Ако не работиме заедно, ако работниците, општините, локалниот бизнис и граѓанските организации не се во процесот – тогаш процесот нема да успее. Многу е едноставно.“ истакна Божиновска. 

Божиновска се осврна и на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција, која веќе функционира и создава можност за финансирање на локални проекти:

„ Со тоа се отвора реален простор за инвестиции што ќе ја придвижат транзицијата напред. Но мора, сите вклучени чинители, посебно општините, да се поодговорни, да се понудат реални издржани проекти за да ги користиме средствата ефикасно. Нашата задача е да обезбедиме јасна политичка насока, координација меѓу институциите и поддршка за квалитетни локални проекти. Ние не сакаме транзиција само на хартија. Сакам секоја општина да има шанса да развие проект, секој работник да има пристап до нови можности, а секоја заедница да почувствува дека ова е процес што создава вредност — не страв. Затоа сме тука, затоа сме отворени,“ додаде Божиновска..“

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува целосно посветено на поддршка на локалните процеси, на развој на зелени работни места, нови индустрии и стабилни услови за економски раст во сите региони

Continue Reading

Економија

МБИ10 во пад од 0,20% при промет од 11,48 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На трговската сесија од 10 декември 2025 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,20%, спуштајќи се на 10.219,32 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 128,73 поени. Вкупниот промет изнесуваше 11,48 милиони денари, при што тргувањето беше најактивно кај Комерцијална банка, Алкалоид и Стопанска банка, кои повторно ја предводат пазарната ликвидност.

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 4.343.820 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 1.969.180 денари

● Стопанска банка АД Скопје (STB) – 2.201.730 денари

Топ добитници

● Реплек АД Скопје (RPK) +0,06%

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) +0,07%

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) +0,41%

Топ губитници

● Алкалоид АД Скопје (ALK) –0,34%

● Стопанска банка АД Скопје (STB) –2,95%

● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) –1,08%

Обврзнички пазар

На обврзничкиот пазар беше реализирана една трансакција со обврзницата за денационализација „Р. Македонија – ДЕН 22“ во вкупен износ од 638.350 денари, по цена од 94 евра, што претставува раст од 1,08%. Сите други обврзници останаа без промени во цените и без реализирани трансакции.

На берзанската сесија од 10 декември 2025 година, активноста беше умерена, со доминација на банкарскиот и фармацевтскиот сектор. Индексот МБИ10 бележи благ пад од 0,20%, при што Комерцијална банка и Алкалоид повторно беа најликвидни. Падот на Стопанска банка и Македонски Телеком имаше најголем негативен ефект врз индексот. Обврзничкиот пазар остана со ограничена активност и стабилен индекс ОМБ.

Continue Reading

Економија

Е-фактурата ќе се тестира од 1 јануари, минимизирање на ризикот од злоупотреби

Од 1 јануари започнува пилот-фазата на проектот е-фактура, со кој се очекува да се намалат злоупотребите и фиктивните фактури, најави директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова.

Петрова појасни дека системот е усогласен со меѓународни стандарди, лесен за интеграција во компаниите и обезбедува автоматска и безбедна размена на податоци. Пилот-тестирањето ќе се одвива во контролираната средина и ќе опфати ИТ компании и економски оператори со свои системи, а до крајот на првиот квартал ќе биде достапна и апликација за помалите компании.

Целта на реформата е подобрување на управувањето со јавните финансии, поголема даночна усогласеност, намалување на сивата економија и ефикасна даночна контрола. Е-фактурата ќе овозможи реално време на издавање и примање фактури, како и документирана деловна трага за сите настани, со што се минимизира ризикот од измами.

Петрова додаде дека приоритет се и брзината на системот, заштита на податоците и автентичноста на фактурите.

На конференцијата за дигитализација на АмЧам беше истакнато дека дигитализацијата ја зајакнува владеењето на правото, ја намалува корупцијата и бара партнерство меѓу јавниот и приватниот сектор, како и инвестирање во дигитални вештини на граѓаните и компаниите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг