Connect with us

Македонија

Скопје и Охрид целосно ќе ги поврземе со автопат, кажа Николоски

Published

on

Започнуваме да градиме целосно нов автопат од Кичево до Букојчани. До напролет или до летото ќе избереме изведувач, во меѓувреме обезбедивме поволен кредит од ЕБРД и неповратни средства исто така од ЕБРД за изградбата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во Днeвникот на ТВ Сител.

Тој потенцира дека токму оваа делница недостасува за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид.

“Ние сега градиме автопат од Охрид до Кичево, а исто така се гради автопат и од Тетово преку Гостивар до Букојчани со што го решаваме превојот Стража. Тоа што недостасува е Букојчани до Кичево. Решивме да го градиме и да имаме целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга, секако и Кичево. Успеавме со ЕБРД да обезбедиме доста поволен кредит, процeнетата вредност е 123 милиони евра, а тоа што ме радува е што обезбедивме 20 милион евра грант или подарок, што не е мала работа, тоа е 20 % од самиот пат. Во моментов имаме преткфалификација, очекувам пролет до лето да се избере изведувач и на крај на 2028 година кога ќе заврши делницата Тетово -Гостивар –Букојчани, да се заврши и делницата Кичево -Букојчани. Веќе следната година ќе биде готов од Охрид до Кичево и на тој начин ќе имаме целосно поврзување. Должината е околу 12 километри, но теренот е исклучително тежок, предизвикувачки е за инженерите да се совлада, но се нафативме и ќе го решиме”- истакна вицепремиерот Николоски.

Тој најави дека веќе се прават законски измени кои следната недела веќе ќе се разгледуваат на владина седница, а со кои ќе се олесни изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Исто така истакна дека до пред почетокот на летната сезона ќе се пушти во сообраќај 40 километри од автопатот од потегот на Врбјани до Охрид, со мал пресек кај Ботун заради косини кои дополнително ќе се стабилизираат.

Македонија

Чибишев: На Токсикологија се седум пациенти и сите се стабилни, се следи состојбата на сите хоспитализирани

Published

on

На Клиниката за токсикологија досега проциркулирале 20 пациенти кои вдишале отровни гасови при стравичниот пожар во дискотеката во Кочани што се случи во неделата во раните утрински часови. Од нив 13 заради влошување на состојбата или заради потреба од механичка вентилација биле префрлени на други клиники, претежно на Клиниката за интензивно лекување, односно на КАРИЛ, а некои се транспортирани надвор од државата. На Токсикологија во моментов се хоспитализирани седум пациент, а сите овие 20 пациенти вклучувајќи ги и тие на КАРИЛ и во странство се во добра општа состојба, и се стабилни – информира на денешната прес-конференција директорот на Клиниката за токсиколоција д-р Андон Чибишев.

-Кај нас во моментов се хоспитализирани седум пациенти кои имаат воглавно инхалирано голема количина на отровни гасови затоа што биле внатре во дискотеката додека таа горела. Немаат термички или механички повреди. Добра вест е што се сите стабилни без клинички манифестации. Меѓутоа ние не сме задоволни до крај од лабораториските, токсколошките наоди и од наодот на метаболната состојба на пациентите. Тие ќе бидат задржани до понеделник. Дотогаш ќе бидат собрани сите наоди од иследувањата што ги правевме во претходните денови и ќе донесеме заклучок што понатму. Секако дека и откога ќе ги испишеме тие пацинети ќе останат извесен период под наша контрола, затоа што труењето со отровни гасови може да дадат доцни компликации – вели Чибишев.

Најмладиот пациент кај нив е на возраст од 19 години, а највозрасниот има 38 години. Сите пациенти што се хоспитализирани во медицинските установи во државата се следат конзилијарно од доктори од Клиниката за токсикологија. Се очекува еден пациент кој во моментов е згрижен на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ да биде префрлен на Токсикологија, со што бројката на хоспитализирани на Клиниката за токсикологија ќе изнесува осум.

На прашањето дали овие пациенти кои инхалирале отровни гасови при пожарот во дискотеката може да имаат трајни пследици, директорот на клиниката појасни дека при пожарот горела пластика, текстил, сунѓер при што биле ослободени повеќе видови штетни гасови меѓу кои јаглероден моноксид, јаглероден диоксид и цијанводород кои може да предизвикаат сериозни нарушувања на здравјето практично на целиот организам.

-Многу е битно колалава концентрација имало во моментот кога индивидуата престојува во загадената стредина и колку временски е долга изложеноста на тие гасови. Ние отприлика знаеме колку верме биле изложени нашите пациненти, но не ја знаеме концентрацијата. Досега сите иследувања што ги направивме кои иницијално се прават по протокол во вакви ситуации се или негативни или задоволителни. Мештутоа лабораториските и токсиколошките анализи кои што ги добиваме секојдневно, се уште не се во рамките на рефернтни вредности. Како терцијарна институција, ние не смееме да си дозволиме со нерефернтни вредности да ги пуштиме дома. Ќе ги задржиме до понеделник и потоа имаме направено план да ги контролираме подолг временски период – наведе Чибишев.

Тој потенцира дека вакви токсиколошки и биолошки анализи се направени веднаш кај сите пациенти пред приемот, за да се добијат што побрзо сознанија за колкав степен на труење станува збор.

-На сите веднаш се земени, бидете убедени во тоа. По протокол материјал за токсиколошки и за биолошки анализи се зема веднаш практично пред приемот пред да се хоспитачлизира или опсервира пациентот, оти не знаеме како понатаму ќе се одвива состојбата… Овие резултатите покажуваат дека сите биле изложени на зголемена концентрација на јаглероден моноксид. Значи кај сите имаме детектирана покачена концентрација и на карбоксихемоглобин. Тоа е еден спој од хемоглобинот и јаглеродниот моноксид кој се создава кога се внесува голема концентрација на јаглероден моноксид и бидејќи има 270 пати поголем афинитет кон хемоглобинот од кислородот, го зазема неговото место, а бидејќи хемоглобониот е физиолошки пренесувач на кислородот, настанува блокада на дишењето, односно на размена на гасови и настанува тежок недостиг на кислород во сите ткива на организмот, и последиците што настануваат се поради тоа – вели Чибишев.

Според него, среќа е што повредените брзо се донесени, и многу брзо, стручно и енергично е реагирано.

-Сите бевме вклучени практично целата клиника веднаш се посветивме на пацинентите и јас сум среќен што досега немаме загуба на човечки живот ни посериозни компликации заради таа хипоксија што настанува што може да биде трагична кога го зафаќа мозокот – потенцира директорот на Токсикологија.

Во однос на пациентот кој треба да биде префлен кај нив денеска од старата градска болница, тој кажа дека според неговите сознанија пациентот имал тегоби кои укажуваат на тоа дека има вдишано поголема концентрација на отровни гасови, а сите други повреди – термички и механички се санирани. Во договор со колегите од Хируршката болница, утврдено е дека нема потреба таму да лежи, а ќе биде задржан на Токсикологија уште неколку дена заради дополнителни анализи и натамошно следење.

Извор: НоваМакедонија

Continue Reading

Македонија

Систина: Владимир Блажев – Панчо е во стабилна состојба и во моментов не е во животна опасност

Published

on

Фронтменот на бендот ДНК, Владимир Блажев – Панчо, кој беше повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се наоѓа во стабилна состојба и не е во животна опасност, соопшти стручниот лекарски тим во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, каде што се лекува.

Пациентот Владимир Блажев од денот на приемот до денес се наоѓа во еднициата за интензивно лекување. На овој оддел се применува највисоко ниво на медицинска грижа. По спроведување на интензивното лекување, она што можеме да кажеме е дека пациентот е стабилен и дека во моментов е надвор од животозагрозувачка состојба. Неговото лекување продолжува во единицата за интензивна нега, во третманот е вклучен мултидисциплинарен тим лекари со цел да овозможат најдобра медицинска грижа“, велат од „Аџибадем систина“ и нагласуваат дека информацијата за здравстената состојба на Панчо е дадена од страна на лекарскиот тим кој е одговорен за неговиот третман и е единствена официјална информација потврдена од болницата.

Continue Reading

Македонија

На Битолскиот универзитет се одржа обука за интервенција во криза во услови на колективна траума

Published

on

Професорките од Психолошкото советувалиште на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, д-р Драгана Батиќ и д-р Гордана Ристевска Димитровска, денеска одржаа обука за интервенција во криза, со акцент на колективната траума предизвикана од пожарот во Кочани, при кој животот го загубија 59 млади луѓе, а околу 200 беа повредени.

Обуката беше насочена кон психолозите, педагозите и социјалните работници кои работат со луѓе во кризни ситуации, со посебен фокус на помошта за деца, адолесценти и студенти.

Професорката Гордана Ристевска Димитровска истакна дека е неопходно да се обезбеди психосоцијална помош и да се развијат интервенции кои ќе им помогнат на оние кои се засегнати од трагични настани. Професорката Драгана Батиќ пак, нагласи дека трагедијата во Кочани претставува колективна траума која ја погодува целата заедница и дека е важно да се изгради поддршка меѓу стручните лица за да се спречат понатамошни штети.

Психолошкото советувалиште на УКЛО е достапно за секој студент кој има потреба од помош и поддршка, како што беше истакнато на денешниот едукативен настан во Битола.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк