Connect with us

Македонија

Средба на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска.

На средбата, претседателката беше информирана за плодната соработка меѓу овој важен самостоен државен орган и лидерите на црквите, верските заедници и религиозните групи.

Трајковска и Сиљановска-Давкова ја потенцираа важноста на религиозниот соживот, заснован врз взаемна почит и соработка за градење хармонично и мирно општество.

Во функција на претстојните образовни реформи, директорката Трајковска изрази став дека со основните етички норми,  учениците треба да бидат запознаени од страна на одделенските наставници од прво до петто одделение. Таа предлага воведување на изборен предмет Етика во текот на четирите години, од шесто до деветто одделение, којшто ќе ја интегрира не само религиозната, туку и филозофската, социолошката, логичката, психолошката и етичката димензија. Според неа, предметот Етика би можеле да го предаваат и теолози.

Соговорничките укажаа на потребата од превенција, навремено сузбивање и санкционирање на верскиот радикализам.

На крајот, претседателката ја истакна исклучително важната и одговорна улога на Комисијата во уживањето на слободата на вероисповеста и овозможувањето правна еднаквост на религиозните субјекти.

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг