Connect with us

Економија

ПО ЦЕНА ОД 1.500-3.000 ЕВРА ЗА КВАДРАТ, НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА КУПИ СТАН: Николоски контра високи цени, најавува продажба на станови по илјада евра за квадрат

Од (понеделник) ќе започне продажба на државни комерцијални станови каде метар квадратен ќе чини илјада евра. Како што викендов најави министерот за транспорт и врски Александар Николовски, во Скопје ќе се градат четири комерцијални згради, а во Охрид и во Штип по една.

– Во Битола од понеделник започнуваме со продажба на државни комерцијални станови по 1000 евра за метар квадратен. Се обидуваме силно да интервенираме на цената на пазарот на недвижности, истакна Николоски во телевизиско интервју.  

Тој потенцираше дека сегашната цена е превисока за животниот стандард на граѓаните и затоа државата ќе се обиде да интервенира преку изградба на комерцијални станови.

-Моментaлно цената на комерцијaлни станови во неколку градови галопира, во Битола направивме интервенција и од понеделник почнуваме со продaжба на станови по 1000 евра за метар квадратен за стан, по 500 евра метар квадратен за гаража што е далеку пониска цена отколку што сега е во Битола. Во Скопје ќе почнеме четири згради да работиме, во Охрид имаме активен повик за една, во Штип бараме локација, така што во овие четири места каде цената најмногу галопира, ќе се обидеме со наша интервенција цените на пазарот да ги намалиме. Сегашните цени на ниеден начин не одговараат на нашиот стандард, младите брачни двојки едноставно не можат сопствен дом да најдат, а по цена од 2500-3000 евра за квадрат никој не може со овој стандард да купи стан. Дополнително работиме на пет социјални згради низ државата, рече вицепремиерот Николоски. 

Advertisement

Економија

Профитите на германските автомобилски гиганти паднаа на најниско ниво од 2009 година

Германската автомобилска индустрија бележи најтежок квартал во последните 15 години. Според анализа на консултантската фирма EY, оперативните профити на Volkswagen, BMW и Mercedes-Benz меѓу јули и септември се намалиле за 76%, достигнувајќи околу 1,7 милијарди евра.

Ова претставува најниско ниво на профит од 2009 година, иако вкупниот приход и продажба останале релативно стабилни. Ниту една друга земја со значајна автомобилска индустрија не забележала толку слаби резултати.

Продажбата на германски автомобили падна најмногу во Кина, за 9%, додека уделот на кинескиот пазар во вкупната продажба се намали од 39% на 29%. Продажбата на премиум модели се намалува, а во сегментот на електрични возила купувачите се повеќе се одлучуваат за локални брендови.

Во Германија, компаниите Bosch, Mercedes и Volkswagen веќе најавија намалување на бројот на вработени. EY предупредува дека ваквите мерки се болни, но неизбежни.

Continue Reading

Економија

Историски удар за германската автомобилска индустрија: Волксваген ја затвора фабриката во Дрезден

Германската автомобилска индустрија се соочува со сериозни предизвици откако Волксваген најави дека ќе ја запре производството во својата фабрика во Дрезден. Ова е прво затворање на фабрика во Германија во 88-годишната историја на компанијата, што означува историски момент за индустријата која долго време беше мотор на германската економија.

Причините за затворањето се поврзуваат со структурните промени во автомобилската индустрија, особено транзицијата кон електрични возила и потребата за намалување на трошоците. Од Волксваген соопштуваат дека ќе преземат мерки за поддршка на вработените, вклучително и понуди за пренасочување кон други објекти и програми за обука.

Експертите предупредуваат дека ова затворање може да има пошироки последици врз германската економија и добавувачите во автомобилскиот сектор, особено во регионот околу Дрезден. Автомобилската индустрија во Германија, која долго време беше симбол на технолошка извонредност и економска стабилност, сега се соочува со потреба од брзи адаптации за да остане конкурентна на глобалниот пазар.

Continue Reading

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година. Поевтинуваат горивата од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат. Поевтинуваат горивата за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.

Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг