Connect with us

Македонија

Сиљановска Давкова очекува деблокада на патот кон ЕУ

Ново е што групата за пријатели на Западен Балкан е активна и има „креативни предлози“, во смисла дека би можел да ни се отвори патот за кластерите 2, 3 и 4, изјави претседателката.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека има исчекор и гледа можност за деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес, кој не зависи само од Македонија.

„Процесот не зависи само од нас, зашто ние покажавме невидена и нечуена кооперативност кога е во прашање нашата евроинтеграција. Мислам дека треба да се разговара, да се преговара“, вели претседателката. 

„Креативни предлози“

Според нејзините сознанија – има исчекор. „Ново е што групата за пријатели на Западен Балкан е активна и има ’креативни предлози’, во смисла дека би можел да ни се отвори патот за кластерите 2, 3 и 4“, изјави претседателката во изјава за новинарите, по настанот „Глобален женски појадок 2025“ што го организираше Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, по повод Меѓународниот ден на девојките и жените во науката. 

Според Сиљановска-Давкова, процесот не зависи само од земјата која покажа невидена и нечуена кооперативност во однос на евроинтеграцијата. Потребно е време, но и добра волја, како и манифестирање добрососедство, вели таа. 

Претседателката потсети дека неодамна во Аушвиц се сретнала со претседателот на Бугарија, Румен Радев. „Меѓу нас има пријателски дијалог, разбирање, Очекувам во директните средби да се разговара за можните решенија“, вели таа.

Целиот текст може да го прочитате на DW

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг