Connect with us

Црна Хроника

Во Тетово уапсена 22-годишна девојка

На 11.02.2025 во 11.15 часот во с.Долно Палчиште, тетовско,  полициски службеници од СВР Тетово ја привеле Ф.Ј.(22) од с.Добарце, тетовско, со престој во Тетово, која била барана по централна и меѓународна потерница за издржување на казна затвор од шест месеци за сторено кривично дело по член 216 став 2 од Кривичниот законик. Таа била спроведена во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Advertisement

Црна Хроника

Претрес во тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени две лица

На 11.12.2025 околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ф.Р.(30) од с.Орашје, општина Јегуновце. При претрес во неговиот дом во селото Орашје, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се автоматска пушка калибар 7,62 милиметри со две рамки со вкупно 22 куршуми калибар 7,62 милиметри, 78 куршуми непозната марка и калибар, марихуана, дробилка и дигитална вага. При претресот во неговиот дом е затекната И.Д.(34) од Сојузна Република Германија, која е привидена и задржана во полициска станица затоа што го пречекорила туристичкиот престој. Ф.Р. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Инцидент на лет кон Скопје: Пијани навивачи тероризирале патници 

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето

На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.

Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини. По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Скопјанец измамен за 74 илјади денари, еве како…

На 09.12.2025 во 14:45 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од скопско пријави дека во септември 2025 година бил измамен од Б.Н. и Р.„Н“ за сума од 74.000 денари.

Според пријавеното, парите им ги дал да купат материјал од стовариште и да ги довршат градежните работи во неговата куќа, а откако дознал дека материјалот во стовариштето воопшто не е платен, а Б.Н. избегнувал контакт со него, сфатил дека е измамен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг