Connect with us

Економија

Димитриеска Кочоска: Интересот кај компаниите за унгарскиот кредитот е голем

Министерката за финансии во своето интервју на темата за унгарскиот кредит изјави дека во следната недела ќе започнат со состаноци со коморите околу запознавање соусловите за кредитот.

„Добивам информација дека интересот за овој кредит е голем и очекувам побрзо завршување и одоборување од страна на банките, а потоа и трансфер на парите.“ истакна Кочовска

Министерката Кочовска е позитивно изненадена, бидејќи поради кризата во Европа очекувала приватниот сектор можеби да се повлече, но сепак интересот за искористување на поволните кредитни услови е голем. 

„Договорите помеѓу Владата и Развојна банка се потпишани. Веќе се потпишуваат договорите помеѓу Развојна банка и останатите банки.“ информира министерката за финансии.

На прашањето зошто уште се чека, Кочовска истакна дека овој е поразличен процес отколку при издавање на еврообврзница. Во текот на процесот се разгледувало и работењето на Развојна банка и капацитетот за администрирање на кредитот, но и биле направени консултации со ММФ за целиот процес да е во рамки во закон.

За потсетување, Владата позајми од Унгарија 500 милиони евра на 15 години со три години грејс период по исклучително поволни услови. Овие средства се ставија на располагање на општините за капитални проекти, но и за македонскиот приватен сектор во износ од 250 милиони евра. 

Дополнително во средината на јануари оваа година државата врати и еврообврзница од 500 милиони евра издадена во 2018 година. Земјата досега има издадено девет еврообврзници, од кои шест се веќе исплатени, а во наредните години доспеаваат за отплата уште три еврообврзници издадени во 2020, 2021 и 2023 година во вкупен износ од 1,9 милијарди евра.

Advertisement

Економија

Среброто го надмина „Microsoft“ по пазарна вредност

Среброто достигна пазарна капитализација од 3,54 трилиони долари, надминувајќи ја вредноста на американскиот технолошки гигант „Microsoft“, објави компанијата „Companiesmarketcap“, пренесува ТАСС.

Златото останува највредно со пазарна капитализација од 29,92 трилиони долари, додека „Nvidia“ и „Apple“ се на второ и трето место со 4,29 трилиони, односно 4,07 трилиони долари. „Alphabet“, матичната компанија на Google, има капитализација од 3,734 трилиони долари, а „Microsoft“ сега е веднаш зад среброто со 3,53 трилиони долари.

Пазарната вредност на среброто се пресметува според моменталната цена и проценетиот обем на ископано сребро – околу 1.751.000 метрички тони. Значителен дел од ова сребро е изгубен или уништен преку индустриска употреба, велат експертите.

На берзата Comex, цената на фјучерсите за сребро за март 2026 година падна на 63,31 долари за унца, по рекордот од 65,085 долари забележан на 12 декември. Од почетокот на годината, цената на среброто се зголеми за повеќе од двојно, со раст од 115,24 отсто.

Continue Reading

Економија

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна посета на чешкиот оператор на преносниот систем ČEPS, a.s., во Прага, во рамки на интензивната агенда за унапредување на институционалните капацитети и усогласување на македонскиот електроенергетски систем со европските стандарди.

Целта на посетата беше размена на искуства и добри практики, со посебен фокус на напредното оперативно и планско работење на ČEPS во услови на целосно интегриран европски енергетски пазар и строга регулаторна рамка. Во состав на делегацијата учествуваа и претставници на Македонскиот оператор на преносниот систем – МЕПСО, како клучен носител на стабилноста и развојот на националната преносна мрежа. Во рамки на работната посета беше остварена билатерална средба со г-дин Мартин Дурачак, претседател на Бордот на ČEPS.

Во рамки на посетата, делегацијата оствари увид во националниот диспечерски центар на Чешката Република, каде беа разгледани напредни решенија за управување и диспечирање на електроенергетскиот систем, употреба на алатки за работа во реално време, како и процесите на модернизација на контролни центри, SCADA/EMS системи и зајакнување на сајбер-безбедноста на критичната енергетска инфраструктура.

Посебен акцент беше ставен на долгорочното планирање на преносната мрежа, интеграцијата на обновливи извори на енергија и системи за складирање, како и на обезбедувањето флексибилност и стабилност на системот во услови на забрзана енергетска транзиција.

На средбата беше изразена заедничка подготвеност за продлабочување на соработката меѓу МЕПСО и ČEPS, преку размена на експерти, студиски посети, специјализирани обуки и можност за воспоставување подолгорочна рамка за техничка соработка од стратешко значење.

Работната посета во Прага претставува конкретен и значаен исчекор во јакнењето на институционалните и техничките капацитети на македонскиот електроенергетски систем и јасен сигнал за определбата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за системска модернизација, стабилност и целосно приближување кон европските најдобри практики.

Continue Reading

Економија

Независен, кредибилен, клучен: Димитриеска Кочоска за улогата на ДЗР во управувањето со јавните финансии

На јубилејното одбележување на 26 години од постоењето на ДЗР, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска испрати јасна порака: ревизорите се клучниот механизам кој обезбедува рационално и законито трошење на секој денар од даночните обврзници.

Во ера на сериозни фискални предизвици и ограничени ресурси, тежината на одговорното управување со парите на граѓаните станува поголема од кога било. Според министерката, ДЗР веќе не се доживува само како „контролор“, туку како суштински партнер во градењето на силни институции.

„Ревизорските наоди се темелот врз кој ја градиме довербата на граѓаните во институциите. Тие не се само извештаи, туку патоказ за подобри јавни политики,“ истакна Димитриеска Кочоска.

Најзначајната новина која ја најави министерката е новиот закон за државна ревизија, кој веќе е во својата финална фаза. Ова законско решение ветува: целосна финансиска и оперативна автономија на ДЗР, строги механизми за проверка (повеќе нема да има „заборавени“ препораки – нивното спроведување ќе се следи под лупа) и директно усогласување со барањата на ЕУ и меѓународните ревизорски практики.

Министерството за финансии останува на линијата дека само со силна и капацитетна државна ревизија може да се остварат амбициозните реформски цели. Крајната цел е јасна – целосна транспарентност и систем во кој граѓаните точно ќе знаат како се менаџира нивниот влог во државата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг