Connect with us

Скопје

Ѓорѓиевски: За Скопје веќе имам свој концепт и програма, покажав што е стручност, тимска работа и не верувам дека некој повеќе од мене ги знае проблемите на скопјани

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, во своето гостување во поткастот ,,Каде се парите?” со Иван Теменугов запрашан зошто смета дека е најдобар кандидат за градоначалник на Скопје и што ќе понуди на скопјани различно од сега, рече дека во изминатиот период докажал како умее тимски да работи, да решава долгогодишни проблеми, да преговара и да изнаоѓа решенија но, и дека веќе има спремен концепт за подобро Скопје на кој веќе подолг период работи.

– Изминативе повеќе од три години покажав како умеам тимски да работам и како умеам многумина од минатото да ги демантирам за нешто што сметале дека е повеќедецениски нерешлив проблем, решавајќи го.
Така имаме состојба во Кисела Вода каде што од целосно нерешена патна инфраструктура, близу 90% од улиците сега се целосно реконструирани. Имаме два нови пазари, имаме 9 објекти нови градинки или доградби коишто се изградени во изминатиов период, училишта кои се доградени, нови спортски објетки и комплекси итн. Во минатото беше незамисливо за викенд во Кисела Вода да го прошетате детето затоа што паркови немаше, мораше да одите во соседни општини. Така да, сметам дека во однос на стручноста и она што значи реазлизирање на проекти јас сум докажан повеќе од било кој во минатото и покажав изминативе 3 години и неколку месеци како знам и тимски тоа да го работам.
Дополнителна предност моја, сметам дека е позицијата ЗЕЛС со која што покажав дека умеам и да преговарам изминативе две години откако сум претседател, умеам да решавам и проблеми кои се надвор од мојата општина, знам да седнам две сериозно завојувани страни и да се изнајде решение.
Од трета страна пак, не верувам дека некој подобро ги знае проблемите на Скопје од мене. Но, не само проблемите туку и решенијата!
И за булевар ,,Борис Трајковски” и за пробивањето коешто го чекаат повеќе децении на ,,Лука Геров” во Ѓорче Петров.
Јас имам целосно свој концепт и дел од програма која ја работам и која верувам дека ќе понуди решенија на повеќедецениските проблеми на Скопје и скопјани. – рече Ѓорѓиевски.

    Скопје

    Николоски: Карпош добива нов урбан лик со реконструкција на над 15 улици

    Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош.

    Николоски заедно со градоначалникот Сотир Лукровски извршија увид во реконструкција на ул. Јуриј Гагарин, проект кој се реализира со подршка на Министерството за транспорт, а во заедничка соработка со општината.

    “ Ова беше заглавен проект, ова беше проект без разлика што имавме обезбедено средства, не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник, заедно со службите во општината, успееја да ги решат сите предизвици на овој проект, да се решат проблемите и еве веќе се гради и ако се оди добро и не послужи времето до Нова година може да се заврши оваа улица, паркингот зад зградите и да се добие нов урбан лик на овој простор. Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата Петар Чаулев, целосна реконструкција околу 600 метри што дополнително се надевам ќе допринесе за урбаниот развој на општината. На тоа додаваме уште дванаесетина проекти кои што ги резлизираме преку вториот повик на Владата и севкупно имаме значајни проекти за општина Карпош. Тука е и подршката на Владата, мојата лична подршка за дополнителни работи кои треба да ги направиме во Карпош. Со изборот на новиот градоначалник, со неговата напорна работа се гледаат промените и навистина сите имаме желба да помогнеме и да се случуваат убави работи во општина Карпош”-изјави вицепремиерот Николоски.

    Continue Reading

    Скопје

    Прекин на електрична енергија денеска во Горно Нерези, Глуво и Мирковци

    Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, дека денес од 9:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците од неколку населени места.

    Прекинот ги опфаќа корисниците од селото Горно Нерези и корисниците од селата Глуво и Мирковци.

    Станува збор за планиран прекин, а корисниците се повикуваат на трпение до завршувањето на работите.

    Continue Reading

    Скопје

    Жителите на одредени делови од Аеродром денес без вода

    voda

    Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираше за привремен прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците лоцирани на булеварот „АСНОМ“, во населбата Аеродром.

    Прекинот, кој започна вечерва во 18:45 часот, е предизвикан од уличен водоводен дефект на цевка со дијаметар Ф100 мм, конкретно кај број 74 на булеварот.

    Погодени корисници ќе бидат корисниците лоцирани на булевар „АСНОМ“ од број 70 до број 116.

    Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работните активности, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

    Continue Reading
    Advertisement

    Advertisement

    Advertisement
    Advertisement

    Advertisement

    Advertisement

    Advertisement

    Advertisement

    Advertisement

    Advertisement

    Трендинг