Connect with us

Спорт

Фудбалскиот клуб „Preston Lions FC“ пререгистриран во „Preston Macedonia FC“ – Австралија го одобри името, грчката заедница реагира

Мелбурн, 13 февруари 2025 – Австралиската владина агенција за интелектуална сопственост (IP Australia) официјално го регистрира името „Preston Makedonia S.C.“ како ново име на фудбалскиот клуб Preston Lions FC, кој настапува во NPL Victoria. Оваа одлука предизвика реакции во грчката заедница во Австралија, која смета дека употребата на терминот „Македонија“ во овој контекст е спорна.

Грчката заедница реагира

Истакнатиот претставник на грчката заедница во Австралија, Сем Костулиас, побара објаснување од IP Australia, тврдејќи дека Договорот од Преспа не дозволува употреба на зборот „Македонија“ како трговска марка, ниту користење на Сонцето од Вергина во амблемите.

Во официјалниот одговор, Блејк Ноулс, директор за трговски марки и заменик-регистратор за трговски марки во IP Australia, појасни дека Австралија го почитува и спроведува Договорот од Преспа, но дека овој случај не потпаѓа под неговите одредби.

„Употребата на терминот ‘Македонија’ во контекст на трговските марки не претставува расна или културно навредлива порака, ниту е иредентистичка. Таа е исклучиво поврзана со културното наследство на апликантот“, стои во официјалниот одговор.

Ноулс додаде дека истражувањата покажале оти терминот „македонски“ се користи од повеќе организации во Австралија кои ги претставуваат граѓаните со северномакедонско потекло, и дека преференциите на одредени заедници не можат да бидат основа за спречување на регистрација.

Македонската заедница ја поздравува одлуката

Одлуката на IP Australia беше пречекана со задоволство во македонската заедница во Австралија, која ја оцени како потврда за правото на самоопределување и самоидентификација. Македонците во Австралија потенцираат дека се австралиски државјани со еднакви права и дека никој не смее да ги ограничува во изразувањето на нивниот идентитет.

Натамошни чекори на грчката амбасада

Грчката заедница во Австралија побара од грчката амбасада да преземе понатамошни чекори за оспорување на одлуката. Сепак, според правните експерти, шансите за поништување на регистрацијата се минимални, бидејќи IP Australia веќе донесе правосилна одлука.

Поддршка од Светскиот Македонски Конгрес

По објавата на пререгистрацијата, Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја поздрави одлуката и испрати честитки до раководството и навивачите на клубот.

„Preston Macedonia FC“ останува симбол на македонскиот спортски дух во Австралија и ќе продолжи да ги брани боите на Македонија на фудбалските терени“, стои во соопштението на СМК.

Фудбалскиот клуб и неговите навивачи порачаа дека ќе продолжат да го поддржуваат својот тим и ќе се стремат кон нови спортски успеси.

Advertisement

Спорт

Бразилецот Да Силва потпиша за Вардар – новитет во редовите на скопскиот гигант

Ракометниот клуб Вардар повлече значаен стратешки потег во пресрет на клучниот дел од сезоната. Жоао Педро да Силва (30) е новиот бек на линијата на „вардарци“. Неговиот ангажман, кој ќе трае две и пол сезони, е потврда за долгорочната визија на управата за враќање на врвот.

Стручниот штаб во Да Силва гледа профил на играч кој носи брзина, интелигентни решенија и потребна разновидност во офанзивата. Со оглед на тешките предизвици во Лига Европа кои следуваат во февруари и март, како и домашниот плеј-оф, Бразилецот доаѓа како клучно засилување во вистински момент. Неговата промоција во Скопје е закажана за почетокот на идната година, кога ќе бидат финализирани и последните детали од соработката.

Continue Reading

Спорт

Лоши вести за македонскиот ракомет

Европската ракометна федерација (ЕФХ) го одреди новиот формат за Лигата на шампионите, а македонскиот ракометен шампион нема директно учество во најквалитетното натпреварување туку тоа ќе може да го оствари со барање за вајлд-карта.

Извршниот комитет го потврди системот, а рангирањето на федерациите е според резултатите од сезоните 2022/23, 2023/24 и 2024/25. На првите десет места се рангирани следните федерации: Германија, Шпанија, Франција, Данска, Полска, Унгарија, Романија, Португалија, Хрватска и Норвешка, а тоа значи дека овие држави имаат една загарантирано место во Лигата на шампионите. Овие федерации можат да побараат и по две вајлд карти, а ЕХФ ќе додели осум „специјални покани“.

Во натпреварувањето од следната сезона ќе бидат 24 екипи, поделени во шест групи по четири, а дванаесет од нив ќе се пласираат во главната рунда. Другите 12 екипи ќе продолжат во 1/16 финалето од Европската лига.

Continue Reading

Спорт

По натпреварот – во полиција: Манасков приведен по напад врз тренерот на Охрид

manaskov

Суперлигашкото дерби меѓу Пелистер и Охрид заврши со победа за домашниот тим (29-25), но вистинската драма се случи по последниот судиски свиреж, кога спортската сала „Билјанини Извори“ се претвори во арена на неспортски инциденти.

Шокантни сцени го обележаа традиционалното поздравување меѓу играчите. Ракометарот на Пелистер, Дејан Манасков, (33) – член на битолскиот тим, физички го нападна Крсте Андоновски, еден од помошниците во стручниот штаб на Охрид, предводен од Борис Ројевиќ.

СВР Охрид веднаш реагираше. Портпаролот Стефан Димоски потврди:

„На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар […] при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.“

Хаосот не запре во салата. Според извештаите, ракометарите на Пелистер, во налет на бес, целосно ја демолирале соблекувалната на гостинскиот тим.

Атмосферата дополнително се вжешти на улиците на Охрид, каде навивачката група на Пелистер, „Чкембари“, била вклучена во физички пресметки, напаѓајќи локални охриѓани во самиот центар на градот.

Овој инцидент фрла мрачна сенка врз спортскиот дух и бара итна реакција од ракометната федерација. Се очекуваат жестоки казни за неспортското однесување, како на теренот, така и надвор од него.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг