Connect with us

Црна Хроника

Кривично ќе одговараат двајца млади скопјани: Пробале да убијат маж

Published

on

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.П.(20) и 17 – годишник, двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

На 02.09.2024 во с.Арачиново, скопско, пријавените, по претходна расправија, физички го нападнале Б.Р. од Скопје и испукале три куршуми кон него и му нанеле тешки телесни повреди.

Црна Хроника

Нападнати вработени од ЕВН

Published

on

ВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ф.(63), М.Ф.(29), Џ.Ф.(32) и Р.Ф.(28), сите од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

На 15.03.2025 во Кичево, по претходна расправија, пријавените физички нападнале вработен во ЕВН Македонија додека извршувал работни задачи.

Continue Reading

Црна Хроника

Сообраќајка во Карпош има тешко повредени

Published

on

brza pomos

На 07.04.2025 во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Прашка“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(56) од Скопје и товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(43) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Црна Хроника

Вознемирувачко видео: Снимен моментот кога се срушил покривот во дискотеката во Доминиканската Република

Published

on

Бројот на загинати во рушењето на покривот во клубот во Доминиканската Република се зголемил на 27, изјави директорот на Центарот за итни случаи (COE), Хуан Мануел Мендез.

Трагедијата се случила во моментот кога во клубот настапувал познатиот пејач, кој, како што се стравува, останал под урнатините.

Сè уште не е познато како дошло до рушењето на покривот на познатиот клуб „Џет Сет“. Инцидентот се случил за време на настапот на славниот пејач Руби Перез.

На социјалните мрежи кружи снимка од моментот кога покривот се урнува врз гостите. Во еден момент музиката престанува и само се гледа темнина.

Менаџерот на познатиот пејач соопштил дека Руби Перез сè уште се наоѓа под урнатините.

Локалните власти соопштиле дека повеќе од 100 лица биле пренесени во неколку болници во околината со амбулантни возила.

„Нашиот град се буди по страшната трагедија која се случи во ноќниот клуб ‘Џет Сет’. Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите, а нашите мисли се со семејствата кои чекаат вести за своите најблиски“, изјавила градоначалничката на Санто Доминго, Каролина Мехија де Гариго.

Директорот на секторот за вонредни ситуации изјавил дека спасувачките екипи ќе останат на терен се додека постојат шанси да има преживеани под урнатините.

Во овој момент, спасувачите се обидуваат да утврдат колку луѓе се наоѓаат под урнатините, користејќи термални сигнализатори.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк