Connect with us

Спорт

Почина Стеве Грнчаров, легендарното лево крило на ФК Тетекс

Published

on

Денес на 73 години почина Стеве Грнчаров, легендарно лево крило во ФК Тетекс од Тетово, кој за клубот настапуваше цела денија од 1974 до 1984 година, информираат ветераните на тетовскиот фудбалски клуб.

Грнчаров е роден 1952 година во Струмица, а кариерата ја почна во тамошниот клуб Беласица во 1968 година. Погребот ќе биде во сабота.

Спорт

Тетово доби нов спортски центар – инвестиција во младите и спортот

Published

on

Во присуство на министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска беа отворени новите спортски терени во рамки на ОСМУ „Никола Штејн“. Новиот спортски центар претставува значаен чекор напред во развојот на спортската инфраструктура во градот и пошироко.

Целта на проектот е јасна – да се создадат услови за спорт и рекреација на младите, како и да се поттикне здрав начин на живот и натпреварувачки дух.

Во рамките на новиот центар се изградени:

• фудбалско игралиште со вештачка трева,

• терен за одбојка со вештачка подлога,

• кошаркарско игралиште со полипропиленски под според ФИБА стандарди,

• трибина со капацитет од околу 300 седишта.

„Ова е уште еден доказ дека инвестираме со цел и визија. Продолжуваме да работиме посветено на современа и достапна спортска инфраструктура ширум целата држава,“ изјави министерот Ристовски.

Continue Reading

Спорт

Витаминка – нов партнер на Фудбалската федерација на Македонија

Published

on

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со гордост го најавува најновото партнерство со еден од најпрепознатливите домашни брендови – Витаминка Прилеп. Соработката претставува поврзување на нашиот фудбал со компанија која претставува составен дел од животите на неколку генерации. 

Витаминка ќе обезбеди финансиска поддршка за ФФМ за активности насочени пред се кон младинскиот фудбал и Детска лига. Визијата е заедничка: поддршка на младинскиот развој и здравиот начин на живот.

Производите на Витаминка, особено оние наменети за деца, ќе бидат дел од промотивните активности на ФФМ, со посебен фокус на ФФМ Детската лига – најголемата платформа за младински фудбал во државата, која инспирира илјадници деца да го следат својот спортски сон.

Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ:

Чест ни е да ја претставиме Витаминка како нов член на фудбалското семејство на ФФМ. Како компанија која има долгогодишна традиција и грижа за здравјето на децата, Витаминка е идеален партнер во нашата мисија за поттикнување на детскиот фудбал и поддршка за младинскиот спорт. Заедно ќе создаваме услови за здрав раст и спортски развој на идните генерации.“

Сашо Наумоски – генерален директор на Витаминка:

Со голема радост се приклучуваме кон фудбалската приказна на Македонија. Преку поддршката на Детската лига, ќе бидеме уште поблиску до децата и ќе придонесеме кон нивната активна и здрава иднина. Ова партнерство ја отсликува нашата посветеност кон заедницата и спортот.“

Фудбалската федерација на Македонија и Витаминка започнуваат заедничка иницијатива која ќе ги инспирира најмладите генерации да растат здраво, активно и со спортски дух.

Добредојдовте, Витаминка – заедно градиме силна иднина!

Continue Reading

Спорт

Женската А репрезентација на Македонија поразена од Косово со убедливи 3:0

Published

on

Женската А репрезентација на Македонија загуби со убедливи 3:0 од Косово на гостински терен во рамките на третото последно коло од групата 6 (сегмент Ц) од новото издание на Лигата на нации за пласман на С.П. 2027.

Косово успеа и втор пат во овој циклус да издвојува победа над Македонија.

Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме. Бичкај беше двоен стрелец на денешната средба, постигнувајќи голови во 50 и 60 минута од средбата. Третиот гол за Косово го постигна Мемети во 85. минута.

Косово – Македонија 3:0 (0:0)

Македонија: Викторија Панчурова, Ане Бошеска, Павлинка Николовска, Сара Коларовска, Симона Меијер, Хава Мустафа, Наташа Андонова, Ленче Андреевска, Марјана Нацева, Јилза Максути, Гентјана Рочи;

Селектор: Александар Андов;

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк