Connect with us

Економија

Љубов и крипто: Binance открива зоштоинвеститорите играат на долг рок

Истражувањето на Binance открива дека повеќето крипто инвеститори имаат долгорочен пристап како кон парите така и кон љубовта

(14 февруари 2025) – Новото истражување на Binance, глобалниот блокчејн екосистем зад најголемата светска берза на криптовалути според обем на тргување и број на корисници, покажува дека повеќето инвеститори со криптовалути имаат долгорочен пристап и кога станува збор заинвестирањето и кога станува збор за романтичните врски. 

 

Речиси половина од испитаниците (49 отсто) се сметаат себеси за „Forever HODLers“, што значи дека инвестираат и во пари и во љубов, на долги патеки. Овие, но и многу други сознанија беа откриени преку глобално истражување спроведено од Binance во пресрет на Денот на вљубените, во кое беа анкетирани 2 200 крипто корисници во однос на тоа како тие пристапуваат кон финансиските одлуки и кон романтичните врски.

 

Долгорочниот начин на размислување кога станува збор за криптото и за романтичните врски го повторуваат 48 отсто од испитаниците, кои ја опишуваат нивната врска со криптото како „доживотна посветеност“. Сепак, многумина имаат поинаков пристап – некои го комбинираатдолгорочното размислување во една област но имаатфлексибилност во другата, а некои, пак, се прилагодливи во двете области:

• 19 проценти од испитаниците го прифаќаат начинот на размислување „Трговец и романтичен“, односно преземаат високи ризици во однос на крипто тргувањето, но избираат стабилност во љубовта.

• 17 проценти го следат пристапот „Инвеститор и слободен дух“ – оние кои играат на долги патеки во финансиите, аодносите што ги одржуваат се флексибилни.

• 14 проценти спаѓаат во категоријата „Бркач на ризици“, држејќи ги опциите отворени и кога станува збор заинвестирање и кога станува збор за љубов.

 

„Овие наоди ја доведуваат под знак прашалник перцепцијата за крипто-инвеститорите дека се импулсивни преземачи на ризик. Во реалноста, повеќето го применуваат истиот внимателен, долгорочен пристап – и за нивните портфолија и за нивниот личен живот. Како што изградбата на силна финансиска иднина бара трпение и стратешко планирање, така и негувањето трајни врски“, изјави Енди Голдин, раководител на Анализа на податоци во Binance. 

„Нема единствена формула за успех – некои даваат приоритет на стабилноста во двете области, додека други го прифаќаат ризикот во едната област, а се претпазливи водругата. На крајот, сѐ се сведува на тоа да се најде вистинската стратегија која функционира за нив“. 

Освен различните начини на посветеност, истражувањето фрла светлина и врз тоа како крипто-инвеститорите донесуваат одлуки и ги балансираат приоритетите во финансиите и во односите. Секој трет (34 отсто) применува стратегија и логика и кога станува збор за љубовта и кога станува збор за парите, додека останатите се поделени – некои се потпираат на емоции во двете области, додека некои преземаат ризик во едната област, а стабилност во другата. 

Кога станува збор за приоритетите, и крипто и емотивните односи бараат компромиси. Додека една третина (32 отсто) продолжуваат да инвестираат во крипто без да прават жртви во однос на животниот стил, 42 отсто ги приспособуваат своите трошоци, без разлика дали преку одложување на големи инвестиции како купување дом или автомобил, намалување шопинг или намалување на патните трошоци, со цел да им дадат приоритет на нивните финансиски цели. Слично на тоа, емотивните односи исто така доаѓаат со свои компромиси. Додека 29 отсто испитаници велат дека не би оставиле ништо да чека поради љубов, други (58 отсто)даваат приоритет на љубовта, преку посветување повеќе време на своите партнери, намалување на социјалните дружења или дури и прилагодување на финансиските навики со цел да се приспособат на нивните врски. 

Финансиската компатибилност, исто така игра клучна улога во романтичните врски, при што 59 отсто од испитаниците нагласуваат дека заедничките финансиски вредности се клучни за градење долги врски. 

„Како што криптото сè повеќе станува составен дел од секојдневниот живот, сѐ повеќе луѓе се желни да научат повеќе за дигиталните средства. Само минатата година, 44 милиони корисници ја посетија Академијата Binance за да го прошират своето знаење за крипто“, рече Голдин. 

„Овие нови наоди од истражувањето сугерираат дека како што расте финансиската писменост во крипто, истата може да придонесе и за посилно финансиско усогласување во односите, помагајќи им на паровите да ги усогласуваат финансиските прашања со поголема самодоверба и созаедничко разбирање“.

Академијата Binance нуди широк спектар на бесплатни онлајн курсеви и ресурси за да им помогне на сите да го прошират своето крипто знаење, од почетници до искусни инвеститори.

 

За Binance

Binance е водечки глобален блокчејн екосистем зад најголемата светска берза на криптовалути според обем на тргување и регистрирани корисници. Binance ужива доверба од повеќе од 250 милиони луѓе во повеќе од 100 држави поради неговата водечка улога во безбедноста, транспарентноста, брзината на тргување, заштитата на инвеститорите и неспоредливото портфолио на производи и понуди на дигитални средства – од трговија и финансии до образование, истражување, општествено добро, плаќања, институционални услуги и карактеристики на Web3. Binanceе посветен на изградба на инклузивен крипто екосистем за зголемување на слободата на пари и финансиски пристап за луѓето ширум светот со крипто како основно платежно средство. За повеќе информации, посетете ја веб страницата: https://www.binance.com

 

За анкетата

Анкетата беше спроведена од 6 до 10 февруари 2025 година на платформата Binance Survey и беше отворена и за корисници на Binance и за оние кои не се корисници. Во истражувањето учествувале вкупно 2.200 луѓе од целиот свет.

Advertisement

Економија

Бакарот и златото достигнаа историски високи цени

Цените на бакарот достигнаа историски рекорд на светските пазари. Во петокот, металот се тргуваше над 11.700 долари за тон, откако „Сити“ ја зголеми својата целна цена поради ограничената понуда. Иако во изминатата недела цената благо се намали, бакарот останува близу највисоките нивоа досега.

Покрај тоа, златото продолжува да ја привлекува вниманието на централните банки. Оваа година, златото за прв пат од 1996 година сочинува поголем дел од резервите на централните банки отколку американските државни обврзници. Од 2010 до 2021 година, централните банки купуваа просечно 473 тони злато годишно, додека во 2022 година набавките достигнаа рекордни 1.136 тони, а минатата година 1.045 тони.

Continue Reading

Економија

Кинескиот канал Солун–Дунав повторно актуелен: Македонија би била клучна транзитна точка

Кина повторно го разгледува амбициозниот план за изградба на воден канал кој би го поврзал Егејското Море со Дунав преку реките Вардар и Морава – проект што би можел драматично да го скрати транспортот на стоки од Азија кон Европа за околу 1.000 километри. Иницијативата, вредна околу 17 милијарди долари, се разгледува како дел од глобалната стратегија „Еден појас, еден пат“, пишува N1 БиХ.

Каналот би минувал низ Грција, Македонија, Косово и Србија, што го прави регионален проект од извонредно геостратешко значење. Воедно, завршувањето на ваквиот воден пат би претставувало силен удар за Турција, бидејќи голем дел од меѓународниот транспорт би се одвивал надвор од Босфорот и Дарданелите.

Според досегашните студии што ги изработи China Gezhouba Group, проектот е технички изводлив. Предложениот коридор би го поврзал Солун со Дунав преку Вардар и Морава, со потреба од значителни градежни интервенции, продлабочување на коритата и отворање нови канали, вклучително и делници во региони како Прешевската Долина.

Клучни аспекти на проектот:

Стратешка вредност: Каналот би овозможил алтернативен европски воден пат, со значително намалени трошоци и време на транспорт. Инфраструктура: Бара огромни инженерски зафати – проширување на постојните речни корита, нови канали и современи водени патишта. Регионална соработка: Кина води разговори со Србија, Косово, Македонија и Грција, но конечна согласност сè уште нема. Еколошки предизвици: Промените во природните речни текови и потенцијални дислокации на население се меѓу најконтроверзните прашања. Геополитика: Проектот би го зајакнал кинеското влијание на Балканот и би ја намалил улогата на Турција во регионалниот транспорт.

Концептот за водна врска меѓу Дунав и Егејското Море не е нов – идејата постои уште од 19 век. Во 1907 година американска инженерска комисија го разгледувала истиот проект, но војните и политичките кризи во Европа повеќепати го одложуваа.

Денес, Солун се смета за најлогична точка за влез во овој замислен воден коридор кон Централна Европа. Доколку планот се реализира, Грција би добила значајна логистичка предност, а Балканот би станал клучна раскрсница за копнен и воден транспорт меѓу Истокот и Европа.

Разговорите продолжуваат, а судбината на проектот зависи од политичката волја на балканските земји и геополитичката рамнотежа во регионот.

Извор: a1on.mk

Continue Reading

Економија

УЈП изрече забрани за работа на 113 фирми поради неиздавање фискални сметки

Секоја четврта контрола на Управата за јавни приходи открива дека даночните обврзници не издаваат фискални сметки. Од околу 4.000 спроведени контроли, изречени се повеќе од 2.500 казни, а кај 113 правни субјекти е изречена мерка забрана за вршење дејност.

„Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена неправилност во делот на неиздавање фискални сметки укажува на широка појава на неевидентирање на готовинскиот промет“, информираат од УЈП.

Инспекциските служби утврдиле и други неправилности, меѓу кои неуплаќање на дневниот промет на банкарска сметка и неводење книга на дневни финансиски извештаи.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг