Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Владика Пимен: „Свети Трифун“ НИТУ Е ПРАЗНИК НА ВИНОТО НИТУ НА ПИЈАНИЦИТЕ

by
2025/02/14 14:27:25
in Uncategorized

Владиката Пимен, митрополитот на европската епархија, на прашањето дали треба да го славиме виното или љубовта, тој децидно ни рече- ниту едното ниту другото!

Да, јас ќе речам ниту едното ниту другото. Ова не е празник на виното, уште помалку на пијаниците, туку е празник на „Св. Трифун“.  Овој светец воопшто нема никаква врска со виното. Тој е светител на црквата од третиот век. Раден е во Фригија, во Мала Азија, било младо момче и бил воспитуван во христијанската вера. Имал исцелителна моќ и лекувал луѓе со духовни заболувања. Се случило на римскиот имепртор Гордијан да се разболи ќерката и бил повикан да ја лечи. И секако ја излечил. Но, по даѓањето на Трајан повторно почнува да се гонат христијаните и така настрадал. Но, во записите стои дека кога дошле луѓето на царот да го бараат го нашле како чува гуски и затоа на иконите најчесто може да се види насликан со гуска. А во понов период, особено на Балкан се црта со алат за закројување, вели владиката за ММС

Според него причината поради која денот на овој светец го поврзуваат со виното и со пиењето е токму поради тоа што на овој ден се закројуваат лозјата, па лозарите си го земале за свој ден.

-Бидејќи споменот кон него се слави на 14 февруари, а тоа било време кога се закројуваат лозјата и од тука почнува се. Лозарите овој ден го земале како ден за почеток на закројување на лозјата и од тука почна искривувањето на неговиот лик во православната црква. Има региони и каде го нарекуваат Трифун пијаницата, што нема никава врска. Но, како ден кога се почнуваат закројувањата се полива вино и тоа до толку се искомерцијализирало да стане како ден на виното, како што кај католиците „Свети Валентајн станува ден на љубовта. Сето тоа е комерцијализација. Освен тоа „Свети Валентин“ иако го има во православната црква како светител воопшто не се славикај нас. Тој е светител од времето кога црквите биле заедно. Но, проблемот е што луѓето го прифтиле тоа под влијание на трговците, за да има за што да се потрошат пари, да се купуваат подароци, па ручеци. Се е за профитот на трговците. И сега како контра мерка на католиците, православните измислија да го слават „Св.Трифун“ за да се пијанат, за да се продава вино и да се наливаат. Се претерува. И името на „Св. Трифун“ поинаку се славел. Луѓето прво оделе во црква, па потоа оделе да го закројат лозјето и да го поеат со вино за да има убав род. А сега се прават софри и се и сешто се измислува. И православните и катлиците го искомерцијализираа името на светците, обаснува владиката Пимен.

Next Post

ПО 10 МЕСЕЦИ ПРОДОЛЖИ СУДЕЊЕТО ЗА ОСАКАТУВАЊЕТО НА РОДИЛКАТА ОД ДЕБАР, ОДБРАНАТА НА ЛЕКАРИТЕ ГО ОСПОРИ СУПЕРВЕШТАЧЕЊЕТО ОТИ ВО ТИМОТ ИМАЛО НАДВОРЕШНИ ЛИЦА

Благо намалување на индексот на цените на мало во јануари 2025 – стабилизација на пазарот со умерени ценовни промени

Препорачани Вести

Се редат предупредувања, се доведуваат во прашање одлуките на Путин: „Тоа би била огромна грешка; Реалната ситуација веќе е еднаква на пораз“

3 months ago

Тетовец нападнал полицајци – интервенција на полицијата

7 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.