Connect with us

Македонија

24-годишна девојка од Велес, осомничена дека извршила серија кривични дела во само пет дена

Published

on

Од страна на Основното јавно обвинителство Велес, поведена е постапка против 24-годишна велешанка која во изминативе неколку дена извршила повеќе кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144, Насилство врз дете од член 201-а, како и Предизвикување општа опасност според член 288 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ОЈО, делата ги извршила последователно така што најпрво на 10 февруари при вршење семејно насилство му се заканила на сопствениот татко дека ќе го убие. Влегла во неговиот дом кршејќи ја вратата, па кога не го нашла, се упатила кон автобуското стојалиште каде го затекнала оштетениот и му упатила отворени закани со намера да го вознемири и да го заплаши.

На 12 февруари осомничена е дека извршила физичко насилство врз дете родено 2011 година, така што најнапред започнала вербална расправија, а потоа детето го удрила со нога во стомакот. Нешто подоцна истиот ден се појавила пред домот на оштетените со стап во раката и им се заканила на девојчето и нејзината мајка дека ќе ги убие, со што кај нив предизвикала чувство на несигурност, загрозување и страв.

Исто така, на 14 февруари го забележала девојчето во дворот на семејната куќа и започнала да фрла камења кон оштетената. Девојчето побегнало, а осомничената продолжила да фрла камења кон паркинг простор каде имало паркирани возила и ученици кои чекале превоз. На тој начин предизвикала значителна опасност за животот и телото на присутните и оштетила два автомобила.

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничената би можела да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, но и поради опасноста да ги повтори кривичните дела или да ги изврши делата со кои се заканува и кои вклучуваат противправни дејствија и закани кон 13-годишно девојче, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот на обвинителството и ја определи притворската мерка за осомничената.

Македонија

Обвинителството ја демантира ДУИ: Ниеден обвинител се повлекол од истрагата за Кочани

Published

on

obvinitelstvo

Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација. Обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејствија.

Ова денеска го велат од Обвинителството, откако ДУИ преку соопштение до јавноста, обвини дека еден јавен обвинител кој бил дел од  предметот се повлекол, поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата.

Од Обвинителството појаснуваат дека од истрагата не се повлекол ниту обвинител што е дел од тимот на кочанското јавно обвинителство ниту обвинител од обвинителството за борба против организиран криминал и корупција кое ја води истрагата само за осомничените полицајци.

ДУИ претходно ја сподели оваа информација: 

– Информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од  предметот се повлекол, поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата, во нормална држава, би бил аларм за целото општество. Во нашата реалност, молкот на институциите зборува погласно од било која одлука. Вчера беше донесена одлука речиси сите приведени да бидат пуштени, освен Крешник Бекташи, кој и понатаму останува во притвор – личност која одамна е цел на политичка одмазда. Ова не е веќе индивидуален случај – туку опасен модел на селективна правда, која станува алатка за политички притисок и елиминација.

ДУИ велат не смее да се дозволи трагедијата во Кочани да се искористи за политичка пропаганда и прикривање на одговорноста на владејачките структури. ДУИ не брани поединци, туку ја брани правдата како принцип – еднаква за сите, велат од партијата.

Continue Reading

Македонија

Приведени тројца разбојници во Скопје, на автобуска постројка со закана одзеле пари од пет малолетници

Published

on

Приведени тројца разбојници во Скопје, следува пријава.

На 16.04.2025 околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(19) од с.Кондово, скопско, М.И.(22) и Р.Ф.(20), двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар со закана одзеле пари од пет малолетници од с.Кучевиште, скопско, а откако го напуштиле местото пресретнале други двајца малолетници од скопските села Идризово и Трубарево.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител,против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.

Continue Reading

Македонија

Подгответе се за силно невреме: Еве какво време ја очекува Македонија во следните 24 часа

Published

on

Во следните 24 часа од Медитеранот кон нашата Република Македонија ќе помине влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, локално и особено во западните предели поројни и проследени со грмежи, локално во вид на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

И во делови од Скопскиот регион во следните 24 часа ќе има повремен локален дожд, кој повремено би можел да биде пороен и проследен со грмежи. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие остануваат без поголеми промени и ќе бидат релативно високи и ќе биде пролетно топло, меѓутоа поради јужното воздушнои струење и Сахарската прашина и песок која е присутна во воздухот, времето ќе биде мачно и спарно, а температурите ќе ги чувствуваме како да се повисоки од реално измерените.

Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, граѓаните да бидат повнимателни, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, а во случај на појава на силен ветер, истите да ги заштитат своите автомобили, односно, да не ги ставаат во близина на дрвјата.

МетеоАларм

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк