Monday, December 29, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

„ЗА ЗЛАТНИТЕ ВИЗИ НА ФАМИЛИЈА ЗАЕВИ ВО ДУБАИ“: Латас најавува финале заедно со промени во судството и обвинителство – ‘купете карти за прв ред’

by Уредник
2025/02/15 14:22:36
in Uncategorized

Пред околу два месеци на ТВ Алфа кај Бетмен зборував, а во колумни на Вечер.мк пишував, за златните бизнис визи на фамилијата Заеви во Арапските емирати (Дубаи) и златна бизнис виза за Венко Филипче. Тие визи им го легализираат капиталот и ги штитат од испорачување во Македонија во случај на законски прогон.

Ова го објави новинарот Драган Павловиќ Латас на неговиот Фејсбук профил, каде истакна дека на оваа тема пишувал неколку пати на порталот Вечер.мк. 

– Ги има ли, и по кој основ и за колкава бизнис инвестиција во Дубаи се добиени? ОЈО, МВР и МНР можат да побараат податоци за свои граѓани кои добиле златни десетгодишни визи во Арапските емирати. Во Дубаи македонски граѓани имаат најмалку 40 имоти, според Централниот регистар во Македонија тој не е пријавен.

До 2019 година Македонците не можеа да вложуваат во недвижности надвор од државата. Со измените на Законот за девизно работење, на граѓаните и компаниите им беше овозможено легално да купуваат акции и недвижности во странство. Условот е дека имаат должност купениот имот да го пријават во регистарот за вложувања во недвижности во Централниот регистар на Македонија – нагласува Латас. 

Потоа тој продолжува:

Кога јавниот обвинител ќе оцени дека постојат индиции дека имотот не е стекнат од законски извори, должен е веднаш да достави известување до Управата за финансиска полиција за испитување и прибирање на податоци за изворите и начините на кои е стекнат имотот. Доколку тужениот нема докази, законот предвидува одземање на нелегално стекнатиот имот.

Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка се применува од септември минатата година. 

Во 2021 ВМРО ДПМНЕ објави дека Трајче Заев е во Дубаи откако по иницијатива на американската ДЕА се фати комбе со марихуана во околина на Прилеп со која се поврзуваше Трајче и семејството Заеви. Тој потврди дека е таму за свој бизнис. 

Другиот братучед, Бобан Заев, пионер во плантажите со марихуана, има стан во (Grand Bleu Tower) во Дубаи од 137 квадрати, вредност околу 1,5 милиони евра купен во 2021 година. Истата година во која Трајче Заев го бараа за марихуаната, ама тој бил во Дубаи “за бизнис“.

Со време се почнати трансферите на пари и подготовките за бегање. Обвинителството, нормално, имаше и се уште има проблем со допрен глас, со обврски кон Заеви, и со закана за сопствен интерес кога е во прашање мафијата СДСМ/ДУИ.

Од десет, девет обвинители на СЈО за кои Антокорупциска процени дека незакоснки поделиле милион евра, се главни ликови во Обвинителсѕтвото. Должни му се на Заев за парите, како што се должни и десетина судии само во Скопје и скопска Апелација за функциите и „покритие“ за земање мито. Имињата полека се проверуваат и документираат… Се работи на тоа.

Груевски само го читал порталот Вечер.мк и го објави тоа на свој Фејсбук пост. Но, случајно заборавил, а јас да дополнам, дека два стана од 127 и од 94 квадрати во Дубаи, има и лицето Р.С. од Скопје, кој под страв од истраги својата фирма ја продал на командант на 115-та бригада на УЧК од ДУИ… но, за тоа во друга прилика.

Час поскоро да завршат реформите во Обвинителството и Судството, и ќе го видиме финалето. Не се сомневајте, следи. Купете на време карти да бидете во првиот ред.

Next Post

Спасен Сиљаноски за оваа жена често знае и да заплаче – солзите сами му течат, не може да ги сокрие 

Тренерот на Торино: Елмас е одличен фудбалер!

Препорачани Вести

Зеленски не се откажува од моќното американско оружје: “Христијански е да се помогне”

Зеленски не се откажува од моќното американско оружје: “Христијански е да се помогне”

8 months ago
Рецепт на денот: Традиционална македонска мусака – прсти да излижеш!

Рецепт на денот: Традиционална македонска мусака – прсти да излижеш!

9 months ago

Популарни Вести

  • Горанецот Адем Хоџа избран за пратеник во Косовскиот парламент

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗАГРИЖУВАЧКО ИНФО: деца добивале мистериозни Viber пораки со лични информации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на стариот пат Прилеп–Битола, сообраќајот целосно во прекин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Црногорскиот сателит „LUCHA“ успешно лансиран во орбитата – нова ера за домашната космичка технологија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Убедлива победа за „Самоопределување“ на парламентарните избори во Косово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.