Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ИЗБОРОТ НА ТРАМП Е БОЖЈИ ДАР ЗА ЕУ Рама сака Европа да не биде толку „самобендисана“

by Уредник
17.02.2025
in Uncategorized

Албанскиот премиер Еди Рама, говорејќи на панелот „Проширување на ЕУ“ на безбедносната конференција во Минхен, рече дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД е „најдарежливиот божји чин кон ЕУ“.

Тој оцени дека изборот на Трамп треба да послужи за да ѝ се даде шанса на Европа да се разбуди и да не биде „толку самореферентна“.

– Изборот на Трамп е најдарежлив божји чин кон ЕУ за да ѝ се даде шанса на Европа да се разбуди и Европа мора прво да престане да биде толку самореферентна. Се согласувам со Марта дека вредностите и принципите што ги обединуваат земјите-членки треба да останат такви, но не треба да бидат услови за да се има пријатели на овој свет. Мора да научиме да бидеме пријатели со другите, иако тие имаат различни вредности, различни мислења за тоа како треба да се живее животот – изјави Рама.

Тој додаде дека Европа треба да размислува и за моќ и за конкурентност, зашто „ако не можеме економски да се натпреваруваме, ништо друго нема да можеме да направиме“, заклучувајќи дека „во овој момент Западен Балкан е почва на можности“.

Во однос на се позачестените информации дека во Албанија ќе се населуваат Палестинци, тој рече дека „американската влада сè уште нема поднесено никакво барање за засолнување на палестинските бегалци во Албанија, но одговорот сепак ќе биде „Не!“.

Next Post

ПАЃА СНЕГ ВО СКОПЈЕ Снежи и во останатите делови од земјата

Изет Меџити со искрена честитка за Денот на независноста на Косово

Препорачани Вести

Тие се ноќен кошмар на Путин: “Вештерките од Буча”: “Добра ноќ деца, мама оди да војува”

Тие се ноќен кошмар на Путин: “Вештерките од Буча”: “Добра ноќ деца, мама оди да војува”

10 months ago

Европа под снежна опсада – бура со историски размери го запре континентот

3 weeks ago

Популарни Вести

  • На Шар Планина се случила лавина од ЧЕТВРТИ СТЕПЕН на опасност – до овој момент нема пријави за исчезнати лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Агресивно однесување при полициски претрес: Лишен од слобода 35-годишник од Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.