Connect with us

Црна Хроника

Нова кривична за бегалецот Перпарим Бајрами

finansiska

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој е во бегство заработи уште една кривична пријава.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против него поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување.

-Пријавениот П.Б во својство на директор на акционерското друштво Државна лотарија, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што на 05.07.2023 година склучил договор за закуп на административно – деловен простор со правниот субјект Хеј ДООЕЛ Скопје за деловни простории кои не биле адатпирани и спремни за користење за потребите на Државна лотарија по цена за м2 која е најмалку два пати повисока од реалната пазарна цена и со склучениот договор за закуп на деловни простории не биле запазени посебните услови од јавниот повик, односно, објектот е со поголема површина од бараните услови и не било опфатено дворното место кое преставува посебен услов предвиден во јавниот повик.

Пријавениот предвидел посебен услов во Јавниот повик – деловниот објект (административен дел) и магацинскиот простор да се со вкупна просторна површина од најмалку 2.000 до најмногу 2.500 м2 и истиот склучил договор за закуп на објект – деловни простории со површина од 2.426 м2, иако вкупната површина на објектот по Имотен лист изнесува 2.924 м2.

Со намера да го изигра посебниот услов од јавниот повик, во текот на 2024 година склучил договор за послуга за останатите 502 м2 од објектот што е предмет на закуп.

Пријавениот П. Б. иако во јавниот повик за прибирање понуди за закуп за деловни простории предвидел посебен услов понудувачот да има сопствено дворното место на објектот и да има простор за најмалку 50 паркинг места за патнички и товарни возила, истото не било опфатено во договорот за закуп склучен на 05.07.2023 година.

Пријавениот склучил договор за закуп за деловни простории за 9 евра по м2 иако во тој период цената за м2 за слични објекти по намена и вид во населено место Визбегово се движела од 2.5 до 4.5 евра.

Исто така, деловните простории  не биле адаптирани за намената од договорот, односно, објектот – деловните простории требало да бидат реновирани и реконструирани при што за истото пријавениот предвидел и отпочнал Јавна набавка со износ од 1.300.000 евра за реновирање и реконструкција, што би претставувало дополнителен трошок за Државна лотарија.

На тој начин, пријавениот П.Б. во својство на директор на Државна лотарија склучил договор за закуп на  деловни простории кои не биле адекватни за потребите на Државна лотарија и за цена за м2 која е повисока од пазарните цени.

По склучување на договорот за закуп на деловни простории од страна на пријавениот иако истите не биле користени од страна на Државна лотарија согласно намената од договорот за закуп, Државна лотарија на правниот субјект Хеј ДООЕЛ Скопје му исплатила 24.636.045 денари.

Со горенаведените дејствија, пријавениот П. Б предизвикал штета на буџетот на Државна лотарија по основ склучен договор за закуп на деловни простории кои не биле користени согласно намената од склучениот договор во износ од 24.636.045 денари, велат од Финансиската полиција.

Advertisement

Црна Хроника

4News: Приведен поранешниот државен правобранител – истрага за сериозни коруптивни сомнежи

Поранешниот Државен правобранител на Македонија, Фехми Стафа, вечерва е приведен во рамки на полициска акција, поради сомневања за тешко коруптивно кривично дело. Апсењето на поранешниот висок функционер, кој беше задолжен за заштита на државниот имот, предизвика силни реакции во јавноста.

Засега нема официјално соопштение од институциите, но според првични информации, постојат сериозни индиции за вмешаност во коруптивни активности.

Според неофицијални и непотврдени сознанија од истрагата, Стафа е лишен од слобода под сомнение за примање поткуп. Извори блиски до истражните органи наведуваат дека станува збор за сума од неколку десетици илјади евра, која наводно била побарана или примена со цел извршување или неизвршување службено дејствие.

Во овој момент не се соопштени детали за начинот и околностите под кои е извршено апсењето, ниту дали предметот опфаќа и други осомничени лица. Се очекува Министерството за внатрешни работи и надлежното Јавно обвинителство во текот на ноќта или утрешниот ден да информираат за случајот и за правната квалификација на делото.

Стафа на функцијата државен правобранител беше именуван како предлог на Алтернатива, а во јавноста беше поврзуван и со ДУИ. Во изминатиот период против него биле поднесувани и повеќе пријави до Финансиската полиција.

Државниот правобранител е институција задолжена за застапување и заштита на имотните и правните интереси на Република Македонија пред судовите и органите на државната управа.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Црна Хроника

Осум повредени во сообраќајка на патот Гостивар–Тетово

Денеска (13.12.2025) во 20:05 часот на патот Гостивар-Тетово после клучка ,,Камењане”, настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,Мерцедес” со австриски регистарски ознаки и патничко возило ,,БМВ” со тетовски регистарски ознаки. Во незгодата со повреди се здобиле осум лица кои со возила на итна медицинска помош се пренесени во Клинички центар Тетово. Поради вршење на увид, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Continue Reading

Црна Хроника

Тешка несреќа на патот Гостивар – Тетово!

vonredna vest

Тешка несреќа се случила вечерва на патот Гостивар – Тетово.

Засега нема информации за повредените лица.

Сообраќајот се одвива отежнато.

Очекуваме повеќе детали.

Извор: 4news.mk

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг