Connect with us

Македонија

Ѓорѓиевски за „Слободен печат“: „Инвестираме во борбата против аерозагадувањето, казнуваме без толеранција“

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, гостувајќи во „Слободен печат“, зборуваше за повеќе актуелни теми, меѓу кои и аерозагадувањето во Скопје. Тој потенцираше дека Кисела Вода е меѓу првите општини кои презедоа конкретни чекори за следење и намалување на загадувањето, преку поставување на мерни станици, прочистувачи на воздухот во училиштата и градинките, како и зголемена инспекциска контрола.

„Ние бевме прв пример кој практично во дворот на Цементарница УСЈЕ ставивме мерач на квалитетот на воздухот. Дополнително ставивме мерач во Домот за култура „Биљана Беличанец“ и во фаза на набавка сме за два мерачи кои исто така ќе бидат поставени. Во сите училници и сите градинки во соодветни простории во Кисела Вода ставивме прочистувач на воздух кој сериозно влијае на заштита на здравјето на нашите најмили“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека општината инвестира не само во следење на квалитетот на воздухот, туку и во конкретни зелени проекти, како што се нови паркови и зелени површини кои ќе помогнат во подобрување на животната средина.

„Во тој процес сериозно инвестиравме изминативе повеќе од три години и до крајот на мојот мандат имаме уште неколку локации кои исто така ќе ги претвориме во нови парковски содржини кои на долг рок ќе влијаат во процесот на битката со аерозагадувањето“, нагласи градоначалникот.

Освен инвестиции во инфраструктурата, Ѓорѓиевски истакна дека општината активно спроведува контроли и санкции за оние што придонесуваат кон загадувањето.

„Имаме чести контроли на позиции каде сме надлежни и чести изрекувања на казни без толеранција“, додаде тој.

Advertisement

Македонија

Седум од десет Македонци против покачување на платите на судиите и обвинителите

Според последното истражување на јавното мислење на порталот МКД.мк, спроведено од агенцијата Маркет Вижн, македонските граѓани се изразито против покачување на платите на судиите и јавните обвинители.

Одговорите покажуваат дека 73,6 отсто од испитаниците сметаат дека судиите и обвинителите не заслужуваат зголемување на нивните месечни примања, додека само 14,8 отсто сметаат дека повисоките плати се оправдани. Најголем дел од граѓаните оценуваат дека покачувањето на платите нема да придонесе за подобрување на состојбата во македонското правосудство.

Истражувањето било спроведено од 25 ноември до 6 декември 2025 година со CAТI метод – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници.

Резултатите ја потврдуваат недовербата на граѓаните кон правосудниот систем и укажуваат на потребата од реформи и зголемена одговорност во судството.

Continue Reading

Македонија

Детонации на Криволак: се уништуваат експлозиви запленети пред 15 години

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, во координација со Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, согласно однапред изготвен план, преземаат мерки и активности за уништување на голема количина минско-експлозивни средства.

Минско-експлозивните средства, кои биле запленети пред цели 15 години и складирани во касарната „Ѓорче Петров“, денеска се транспортираат до армискиот полигон „Криволак“ со товарни возила на АРМ. Уништувањето ќе се спроведе во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал.

Процесот на уништување ќе го реализираат полициски службеници од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од Армијата на Република Северна Македонија и пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување, преку контролирана детонација.

Фактот што станува збор за прво уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години укажува дека безбедносните ризици во минатото не биле третирани со потребната сериозност. Денешната активност претставува јасен сигнал дека со одговорен пристап, зголемена посветеност и професионално раководење, безбедноста на граѓаните конечно се става на ниво кое одамна било неопходно.

Continue Reading

Македонија

Констатирани неправилности во функционирањето на 14 јавни здравствени установи

Вонреден инспекциски надзор спроведен од Фондот за здравствено осигурување утврди неправилности во функционирањето на 14 јавни здравствени установи низ Северна Македонија, од кои две се во Скопје. Надзорот бил извршен во службите за Итна медицинска помош и домашна посета.

Како што информира директорот на ФЗО, Сашо Клековски, инспекцијата опфатила вкупно 37 јавни здравствени установи – 29 надвор од Скопје и осум во главниот град. Во 23 институции не биле утврдени недостатоци, додека во 14 биле констатирани сериозни неправилности.

Според Клековски, седум установи работеле со интерни ценовници кои немале одобрение од Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство. Тој нагласи дека не станува збор нужно за штета по пациентите, но дека ценовниците не биле официјално усвоени.

Во две институции било утврдено погрешно фактурирање кон Фондот, додека уште две фактурирале услуги за кои немале дозвола. При теренските контроли биле откриени и посериозни пропусти – во една установа надвор од Скопје немало лекови против болки, а резервите на лекови во Итната помош биле под минималниот потребен праг. Во друга институција, пак, воопшто немало медицински екипи за обезбедување на здравствени услуги.

На сите установи кај кои се утврдени неправилности им е даден рок од два месеци за нивно отстранување, по што ќе следи повторна контрола. Клековски посочи и дека Фондот не бил навреме информиран дека службата за домашна посета во Шуто Оризари е целосно затворена поради недостаток на персонал.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг