Connect with us

Економија

Не е до цената – ЕВЕ ЗОШТО БИЛЕ ПОВИСОКИ СМЕТКИТЕ

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во емисијата „Стдуио 10“ утринава на ТВ24 рече дека цената не е причината што голем број граѓани добиле невообичаено високи сметки за електрична енергија, туку тоа што броилата покажале повисока потрошувачка, односно во прашање е отчитувањето.

– Она што го направи универзалниот снабдувач е дека очигледно таму има предвидување на потрошувачката, има грешки и граѓаните со право се незадоволни. Оваа година имаме 99 преставки, односно жалби за сметки за струја. Тоа се ситуации каде што прво од ЕВН на граѓаните им рекле дека нивните сметки се во ред, па тие се обраќаат кај нас. Сега почнуваме да носиме одлуки. За 10 дена имаме повеќе од 10 одлуки и најголем дел од нив се позитивни за граѓаните и му се наложува на ЕВН Хоме да ги коригира, вели Бислимовски

Тој додаде дека технички е невозможно сите броила да ги прегледува ЕВН и затоа се правело предвидување на потрошувачката.

Претседателот на РКЕ изјави дека позитивните решенија потоа мора универзалниот снабдувач да ги прифати и најчесто на потрошувачот му се компензира со пребивање од следните сметки.

Advertisement

Економија

Кинескиот канал Солун–Дунав повторно актуелен: Македонија би била клучна транзитна точка

Кина повторно го разгледува амбициозниот план за изградба на воден канал кој би го поврзал Егејското Море со Дунав преку реките Вардар и Морава – проект што би можел драматично да го скрати транспортот на стоки од Азија кон Европа за околу 1.000 километри. Иницијативата, вредна околу 17 милијарди долари, се разгледува како дел од глобалната стратегија „Еден појас, еден пат“, пишува N1 БиХ.

Каналот би минувал низ Грција, Македонија, Косово и Србија, што го прави регионален проект од извонредно геостратешко значење. Воедно, завршувањето на ваквиот воден пат би претставувало силен удар за Турција, бидејќи голем дел од меѓународниот транспорт би се одвивал надвор од Босфорот и Дарданелите.

Според досегашните студии што ги изработи China Gezhouba Group, проектот е технички изводлив. Предложениот коридор би го поврзал Солун со Дунав преку Вардар и Морава, со потреба од значителни градежни интервенции, продлабочување на коритата и отворање нови канали, вклучително и делници во региони како Прешевската Долина.

Клучни аспекти на проектот:

Стратешка вредност: Каналот би овозможил алтернативен европски воден пат, со значително намалени трошоци и време на транспорт. Инфраструктура: Бара огромни инженерски зафати – проширување на постојните речни корита, нови канали и современи водени патишта. Регионална соработка: Кина води разговори со Србија, Косово, Македонија и Грција, но конечна согласност сè уште нема. Еколошки предизвици: Промените во природните речни текови и потенцијални дислокации на население се меѓу најконтроверзните прашања. Геополитика: Проектот би го зајакнал кинеското влијание на Балканот и би ја намалил улогата на Турција во регионалниот транспорт.

Концептот за водна врска меѓу Дунав и Егејското Море не е нов – идејата постои уште од 19 век. Во 1907 година американска инженерска комисија го разгледувала истиот проект, но војните и политичките кризи во Европа повеќепати го одложуваа.

Денес, Солун се смета за најлогична точка за влез во овој замислен воден коридор кон Централна Европа. Доколку планот се реализира, Грција би добила значајна логистичка предност, а Балканот би станал клучна раскрсница за копнен и воден транспорт меѓу Истокот и Европа.

Разговорите продолжуваат, а судбината на проектот зависи од политичката волја на балканските земји и геополитичката рамнотежа во регионот.

Извор: a1on.mk

Continue Reading

Економија

УЈП изрече забрани за работа на 113 фирми поради неиздавање фискални сметки

Секоја четврта контрола на Управата за јавни приходи открива дека даночните обврзници не издаваат фискални сметки. Од околу 4.000 спроведени контроли, изречени се повеќе од 2.500 казни, а кај 113 правни субјекти е изречена мерка забрана за вршење дејност.

„Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена неправилност во делот на неиздавање фискални сметки укажува на широка појава на неевидентирање на готовинскиот промет“, информираат од УЈП.

Инспекциските служби утврдиле и други неправилности, меѓу кои неуплаќање на дневниот промет на банкарска сметка и неводење книга на дневни финансиски извештаи.

Continue Reading

Економија

ВЛЕН: Економскиот раст ја покажува ефективноста на работата на министерот Бесар Дурмиши

ВЛЕН ја поздравува објавената стапка на раст на Бруто домашниот производ од 3,8 проценти во третото тримесечје, соопштена од Државниот завод за статистика, оценувајќи дека овој резултат е јасен показател дека економијата се консолидира и се движи во вистинска насока.

Според партијата, ваквиот раст ја позиционира државата меѓу економиите со солидни перформанси и ги одразува позитивните ефекти од политиките насочени кон економска стабилност, привлекување инвестиции и создавање нови можности за вработување.

ВЛЕН посочува дека постигнатите резултати се тесно поврзани со работата на Министерството за економија и труд под раководство на министерот Бесар Дурмиши, кој од првиот ден се фокусирал на подобрување на условите за бизнис-заедницата и стимулирање на инвестициите. Овие чекори, велат од партијата, веќе даваат резултати преку отворање нови работни места и постепено зајакнување на економијата.

„Растот го покажува променетиот пристап. ВЛЕН ќе осигури оваа промена да продолжи да се продлабочува секој ден“, стои во партиското соопштение.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг