Connect with us

Свет

Џеј Ди Венс: ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ ЗАЖАЛИ

Published

on

 Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс вчера го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да се воздржи од јавни критики на претседателот Доналд Трамп, нагласувајќи дека таквите изјави може сериозно да ги нарушат односите меѓу Киев и Вашингтон и да предизвикаат контраефект на Зеленски, пренесува Анадолија.

Идејата дека Зеленски ќе го промени мислењето на претседателот со тоа што ќе го оцрни во јавните медиуми – секој што го познава претседателот ќе ви каже дека тоа е ужасен начин да се работи со оваа администрација – изјави Венс за Дејли Меил, неколку часа откако Зеленски го обвини Трамп дека живее во „простор за дезинформации“ создаден од Русија.

Трамп не му остана, нарекувајќи го Зеленски „диктатор без избори“ и му порача „подобро да се движи брзо или нема да му остане земја“.

Се восхитуваме на храброста на украинските војници, но јасно мислиме дека војната треба брзо да заврши, додаде Венс.

Тоа е политиката на претседателот на САД. Не се заснова на руски дезинформации. Тоа се заснова на фактот дека Доналд Трамп, мислам, знае многу за геополитиката, има многу силни мислења и ги има тие мислења многу долго време.

Венс додаде дека верува оти Зеленски добива многу лош совет за тоа како да се справи со администрацијата на Трамп.

Острата размена на зборови меѓу Зеленски и Трамп доаѓа додека американските и руските претставници преговараа во Ријад за можен крај на војната во Украина, што предизвика загриженост во Киев и меѓу европските лидери за можното исклучување на Украина од преговарачкиот процес.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во исто време во Анкара се сретна со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, нагласувајќи дека Украина мора да биде вклучена во какви било разговори за завршување на војната.

Свет

Поранешниот потпретседател на САД: “Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија”

Published

on

Ал Гор со жестока критика: Администрацијата на Трамп ја спореди со нацистичка Германија

Поранешниот потпретседател на САД, Ал Гор, излезе со остра критика на сметка на Доналд Трамп, споредувајќи ја неговата администрација со нацистичка Германија од времето на Адолф Хитлер.

На митингот во Сан Франциско, организиран по повод почетокот на Неделата на климата, Гор истакна дека Трамп и неговиот тим се обидуваат да наметнат „сопствена верзија на реалноста“, со цел да реализираат политички цели кои, како што рече, потсетуваат на методите на нацистичката партија во 1930-тите и 1940-тите години.

„Целосно разбирам зошто е чувствително и опасно да се споредува било кое политичко движење со Третиот рајх на Адолф Хитлер. Тоа беше уникатно зло, и нема споредба. Но, постојат важни лекции од историјата што не смееме да ги игнорираме“, рече Гор, кој беше потпретседател во администрацијата на Бил Клинтон.

Иако неговите зборови предизвикаа реакции на социјалните мрежи и во медиумите, од Белата куќа засега нема официјален коментар на споредбата што Гор ја направи.

Continue Reading

Свет

Светот изненаден: Трамп ќе гради облакодер со 150 ката во центарот на Москва?

Published

on

Се разгледува оживување на проектот „Трампова кула“ во Москва – руски функционери сакаат нов почеток со Вашингтон

Руски владини функционери наводно разгледуваат можност за оживување на амбициозниот проект „Трампова кула“ во Москва, како дел од поширока стратегија за ресетирање на односите со САД во случај на нов мандат на Доналд Трамп, објави „The Moscow Times“, повикувајќи се на извори блиски Кремљ.

Според истите извори, разговорите опфатиле предлог за изградба на облакодер висок 150 ката, кој би го носел името на американскиот претседател. Во план била и церемонија на поставување камен-темелник на која лично би присуствувал Трамп – потег кој би имал и симболично и медиумско значење.

Руски гиганти во акција

По изборната победа на Трамп, Кремљ им наложил на клучни компании – меѓу кои се наоѓаат санкционираните „Росњефт“, „Росатом“, „Полјус Голд“ и „Русал“ – да изработат конкретни предлози за економска и политичка соработка со САД. Идеите требало да бидат во духот на личните интереси и бизнис-филозофијата на Трамп – брзи, спектакуларни и ефектни.

Проектот за облакодерот, според изворите, се издвоил како еден од најперспективните – токму поради потенцијалот за брз старт и медиумско внимание. „Тука се важни брзината, впечатокот и спектаклот – сѐ што Трамп интуитивно вреднува“, изјавил извор блиску до Кремљ.

Стара идеја со нова димензија

Идејата за Трамповата кула во Москва не е нова. Првпат била претставена во 2013 година, кога Трамп планирал да гради 58-катна зграда во соработка со рускиот бизнисмен Арас Агаларов. Сепак, проектот бил ставен во мирување. Во 2015 година, планот повторно бил актуелизиран од страна на Феликс Сатер, американски инвеститор со руско потекло, но бил повторно стопиран поради политичките амбиции на Трамп.

Предложената Трампова кула би содржела 250 луксузни станбени единици, хотел од 15 ката со 150 соби, спа-центар, деловни простории, фитнес и врвен паркинг.

Иако не е прецизирано во која фаза се наоѓаат овие разговори, извори од руската администрација наведуваат дека градската власт во Москва би го прифатила ваквиот проект со отворени раце.

Проектот, доколку се реализира, би бил еден од најконтроверзните обиди за спојување на политиката и личниот бизнис, и сигурно би предизвикал сериозни реакции на меѓународната сцена.

Continue Reading

Свет

Ватикан потврди, ова се последните зборови на папата Франциск

Published

on

Папата Франциск почина по мозочен удар – неговите последни зборови беа полни со благодарност

Папата Франциск, кој имаше 88 години, почина во понеделникот наутро како последица од мозочен удар и срцева слабост, соопшти Ватикан. Неговите последни зборови биле упатени до неговиот личен медицински асистент Масимилијано Страпети, кој му пружаше 24-часовна нега.

„Ти благодарам што ме однесе на плоштадот“, рекол папата Франциск, алудирајќи на појавувањето пред верниците на плоштадот Свети Петар за Велигден, ден пред неговата смрт. Веста ја објави официјалниот ватикански медиум во вторникот.

Иако оваа година беше хоспитализиран пет недели поради двојно воспаление на белите дробови, Франциск се врати во Ватикан пред речиси еден месец и се чинеше дека закрепнува. Лекарите му препорачаа двомесечен одмор, но тој продолжи да работи, посветено до самиот крај.

На Велигден, околу 35.000 верници го пречекаа на плоштадот Свети Петар. Папата беше сместен на висока столица во задниот дел од папамобилот, поздравувајќи ги собраните додека толпата извикуваше „Вива ил Папа“. Возилото неколкупати застана за тој лично да ги благослови бебињата кои му беа донесени од асистентите.

Останатата вечер ја помина мирно. Но, во понеделникот рано наутро, околу 5:30 часот, неговата здравствена состојба нагло се влоши. Малку подоцна, според соопштението од Ватикан, папата со гест се прости од Страпети и западна во кома.

„Не страдаше. Сè се случи брзо“, стои во официјалната објава. „Почина во мир, повторно, по долго време, прегрнувајќи ги луѓето.“

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк