Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Што растеше побрзо – платите или цените?

by
2025/02/21 11:02:01
in Uncategorized

Во изминатата деценија, Македонија се соочи со значителни економски промени, особено во однос на растот на платите и цените на основните прехранбени производи. Иако цените на храната бележат пораст, податоците покажуваат дека платите се зголемиле со повисока стапка, што укажува на подобрување на куповната моќ на граѓаните.

Пораст на цените на прехранбените производи (2015-2024)

Во текот на денешниот ден, тинк тенк инстититуот Finance Think презентираше податоци добиени од официјални државни институции за порастот на цените на одредени земјоделски производи кои секојднено ги користат македонските граѓани. 

• Домати: од 62,39 денари (2015) на 92,97 денари (2024) – пораст од 49%

• Компири: од 22,61 денари на 38,72 денари – пораст од 71.3%

• Грав: од 143,69 денари на 197,68 денари – пораст од 37.6%

• Млеко (откупна цена): од 19,12  денари на 32 денари – пораст од 67.4%

• Јаболко: од 28,31 денари на 42,14 денари – пораст од 48,9%

• Лубеница: од 15,5 денари на 26,97 денари – пораст од 74%

• Јајца: од 4,95 денари на 6.66 денари – пораст од 34,5%

Пораст на платите (2015-2024)

Наспроти податоците на прехрабените производи, висината на минималната плата која е законски урена материја и просечната нето плата се со следниве промени во изминатата деценија:

• Минимална плата: од 9.590 денари (2015) на 22.567 денари (2024) – пораст од 135.3%

• Просечна нето плата: од 21.906 денари на 41.033 денари – пораст од 87.3%

Овие податоци укажуваат дека, иако цените на прехранбените производи се зголемиле, растот на минималната и просечната плата е значително повисок. Ова значи дека куповната моќ на граѓаните е подобрена, овозможувајќи им полесен пристап до основните потреби.

Владини мерки за замрзнување на маржите

Во обид да се контролираат цените на прехранбените производи, Владата во текот на оваа недела воведе мерки за ограничување на трговските маржи. Сепак, експертите предупредуваат дека ваквите интервенции може да имаат негативни последици.

Според анализата на Finance Think, мерките за ограничување на цените на храната треба да се користат само во случаи на особено висока инфлација, додека во останатите случаи подобро е да се применат структурни мерки или мерки засновани на пазарни принципи.

Професорот Трајко Славески, во својата колумна „Ценовни контроли – четириесет века јалова работа“, истакнува дека контролата на цените е мерка која ретко дава позитивни резултати и често води до нарушувања на пазарот. Според него, ваквите мерки можат да создадат дисбаланс и да ги обесхрабрат трговците, што на крајот може да резултира со недостиг на производи и дополнителен пораст на цените.

Ваквите реакции на Владата се резултат дека во јавноста често се создава перцепција за тоа декатрговските ланци се главните профитери од зголемувањето на цените. Сепак, професорот Марјан Бојаџиев во својата колумна истакнува дека трговските маржи во Македонија се меѓу најниските во регионот, што укажува дека трговците работат со минимални профити. Според него, обвинувањата кон трговските ланци се неоправдани, бидејќи нивната заработка е ограничена, а трошоците за работа постојано растат.

Според мислење на експертите, Владата при воведување на мерки како замрзнување на маржитетреба да биде исклучително внимателна, бидејќи тие можат да имаат непредвидени негативни последици врз пазарот и економијата во целина.

Наместо административно ограничување на трговските маржи, потребно е подобрување на деловната клима, намалување на даночниот и административен товарврз компаниите, како и поддршка за домашното производство преку таргетирани субвенции.

Дополнително, поттикнувањето на домашното земјоделско производство и унапредувањето на малите и средни претпријатија може да доведе до поголема конкурентност на пазарот и природно намалување на цените.

За да се осигури одржлив економски развој, неопходна е економска политика која ги стимулира домашните производители, обезбедува фер конкуренција на пазарот и креира долгорочни решенија за стабилноста на цените и животниот стандард на граѓаните.

Next Post
Во Индија се нудат работни места за во Македонија, плати од 550 до 850 евра

Во Индија се нудат работни места за во Македонија, плати од 550 до 850 евра

Меџити: 9 милиони денари за нова водоводна и канализациона мрежа во Серава

Препорачани Вести

Лидл е посветен на изградба на модерна, енергетски ефикасна и безбедна инфраструктура во согласност со меѓународните стандарди

7 months ago

Потпишани укази за враќање на девет македонски амбасадори, заминале надвор од законската процедура

10 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.