Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Mицкоски во Вашингтон: Македонија целосно ја поддржува политиката на Трамп

by
2025/02/22 10:35:27
in Uncategorized

Силно го поддржуваме стратешкото партнерство на Македонија со САД, рече на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во Вашингтон македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Тој на конференцијата беше претставен како поддржувач на политиката на Доналд Трамп, дури и пред тој да биде избран за претседател на САД, а Македонија како еден од големите стратешки партнери на Америка.

Мицкоски го коментираше и говорот на потпретседателот Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција:

„Можеби некои европски лидери ќе ми се налутат, но за мене тоа беше историски настан. Тоа беше инспиративен говор“, рече тој и измами аплаузи во салата.

Коментирајќи ги изјавите на некои од присутните дека говорот на Џеј Ди Венс бил мешање во внатрешните работи на суверени земји, Мицкоски рече дека на панел дискусија во Минхен потсетил на фактот дека од почетокот на независноста, заради остварување на стратешките цели да биде полноправна членка на НАТО и на ЕУ, Македонија ги смени своето знаме, својата валута, своето име и својот Устав, поради тоа што некои наши соседи го злоупотребиле своето членство во овие организации за да наметнат билатерални барања.

„Ако ова не е мешање во внатрешни работи на една суверена земја, тогаш што е? За што зборуваме ние“, праша Мицкоски.

Тој рече дека ние повторно сме под притисок да го смениме Уставот.

„Тоа не е фер. Не е фер кон една мала земја која сака да стане членка на ЕУ. Вредностите на ЕУ не се билатерализација на пристапниот процес“, нагласи Мицкоски.

Модераторката го потенцираше фактот дека за разлика од повеќето големи европски земји кои имаат големи барања од НАТО, но не ги подмируваат своите сметки, Македонија, иако мала земја, дава еден од најголемите придонеси во НАТО пер капита и за тоа му се заблагодари на Мицкоски.

„Нашиот придонес е над 2 проценти. Ние сме целосно усогласени и ја поддржуваме политиката на претседателот Трамп“, рече Мицкоски.

Во врска со плановите на Трамп, САД да станат доминантен снабдувач на енергија во Европа, Мицкоски нагласи дека во Македонија веќе се гради интерконекторот кон Грција и дека ќе почнеме да го градиме интерконекторот кон Србија. Користејќи го терминалот во Александрополис, американскиот гас преку овој гасовод што ќе поминува низ Македонија ќе биде суперконкурентен во однос на рускиот гас.

„Затоа ние сме важни за тоа и затоа сме стратешки партнери“, нагласи Мицкоски.

Next Post

Македонскиот јазик – „раскинат на три дела, непризнаен во два, понижен во три“

Мицкоски од Вашингтон: Mакедонската заедница во САД го поддржа претседателот Трамп за изборите

Препорачани Вести

Донирани над 11 милиони денари преку Support Kocani

9 months ago

Дел од Скопје утре без вода поради дефект на цевка

4 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.