Connect with us

Магазин

Октријте што значи бенката што ја имате на вашето лице или тело

Позицијата на бенката открива многу за личноста, па така онаа на челото се поврзува со страв од авторитети, а доколку е на носот со љубовни проблеми.

Позицијата на бенката на телото овозможува увид во човечкиот карактер, состојбата на умот, здравјето и иднината, судејќи според кинеската астрологија. Тоа знаење Кинезите го користат во медицината. Кинеските астролози веруваат дека енергијата во телото е поактивна во различни периоди. Врвот на таа енергија се рефлектира во здравите бенки. Во текот на тинејџерските години бројот на бенките се зголемува, а во бременоста можат да потемнат, додека после 40-тата можат полека да почнат да исчезнуваат.

Чело

Бенката на средината на челото открива некоj кој има проблеми со авторитетот и не се снаоѓа добро со надредените или со родителите. Кога е бенката на страна се поврзува со енергичност и фокусираност.

Веѓи

Ако бенката е под веѓите, тоа симболизира богатство или изобилство. Бенката која се сокрива е знак на уште поголемо богатство. Кога е над веѓата значи дека во животот ве очекува постојано снабдување со пари.

Очни капаци

Бенката на очните капаци симболизира дисхармонија со семејството и постојано губење пари. Ако е под окото, тогаш упатува на преемоционална личност.

Образи

Бенката на образите е обележје на осамени луѓе и оние кои не можат да се смират за да основаат семејство. Ако бенката се наоѓа близу до носот, како кај Мерлин Монро, тоа може да упатува на несреќа.

Уши

Во кинеската астрологија, ушите го означуваат карактерот, па затоа бенка на ушите се поврзува со добра личност со добра репутација. Внатре во увото значи долг живот, на врвот симболизира интелигенција, а кога има бенки на двете уши, тоа е знак на влијание.

Нос

Бенката на врвот на носот укажува на љубовни проблеми и нестабилност, додека онаа на мостот на носот симболизира неволји. Оваа бенка исто така се поврзува со луѓе кои обожаваат да работат. Бенката на страна се поврзува со луѓе кои се добри со пари.

Брада

Кога бенката е на брадата, тоа симболизира тврдоглавост и упорност, но се поврзува и со желбата за промена или патување.

Усни

Ако бенката е над горната усна, оваа позиција се поврзува со привилегиран живот. Бенката под долната усна е знак дека вашите деца ќе бидат успешни во животот.

Врат

Вратот во кинеската астрологија се поврзува со духовниот и телесниот живот. Бенката на тоа место го прекинува дотокот на енергијата и може да означува разочарување. Ако е на средината на вратот, тогаш се поврзува со див карактер и личност која може да ги повреди блиските луѓе.

Раце

Бенката на подлаткицата укажува на сочувствителни луѓе, а на надлактицата – добра снаодливост со пари.

Гради

Симбол на моќ, висока позиција во друштвото или во професијата. Ако се наоѓа на брадавиците, тоа значи дека децата ќе ви бидат успешни во животот.

Стомак

Колку е поблизу до папокот, толку повеќе среќа во животот ќе имате.

Дланки

Овие бенки укажуваат на вешти луѓе кои можат добро да заработуваат.

Грб

Луѓето кои имаат бенка на грбот најчесто носат тежок товар во животот. Тие напорно работат, затоа успехот им е извесен, но им треба повеќе време за да го постигнат.

Нозе

Бенка на бедрата е знак кој ги открива луѓето кои се одлични во кревет и сакаат да експериментираат. На листовите е знак на спортски проблеми, а на колената на пари.

Стапала

Бенката на стапалата се поврзува со добар лидер и добри дела.

Задник

Бенката на овој дел од телото се поврзува со обилна храна и здравје. Таа симболизира добра репутација и великодушна желба за помош на другите.

Advertisement

Магазин

Откажан концертот на големата српска ѕвезда во Македонија

Концертот на Наташа Беквалац, кој требаше да се одржи во Штип во Спортската сала Тошо Арсов на 27-ми декември, е одложен. Информацијата ја соопшти организаторот, кабаре Клик, а во појаснувањето кое објавија наведуваат дека не сакале да бидат дел од политички наративи и дебати, кои не биле во нивниот домен.

-Во изминативе денови околу планираниот концерт на Наташа Беквалац се создадоа дискусии и толкувања кои ја надминуваат рамката на она што ние како организатори го работиме – музика, забава и искуство за публиката.

Нашата визија никогаш не била да бидеме дел од политички наративи, анализи или дебати кои не се во нашиот домен. И токму затоа, со целосна почит кон сите страни и со желба се да остане во духот на позитивната енергија, донесовме одлука концертот да го одложиме, искатнуваат од организацијата.

Од таму додаваат дека сакаат настанот да се случи во време и услови кога единствен фокус ќе биде уметноста, емоцијата и атмосферата, а не теми кои не припаѓаат на светот на забавата.

-Нашата публика заслужува чисто и убаво искуство – без врева, без превирања и без дополнителни толкувања. Оваа одлука ја носиме зрело и одговорно, со желба да создадеме вечер што ќе биде паметена по музика, а не по околностите, порачаа од кабарето.

Инаку, на концертот на Беквалац беа најавени и музичките гости Жаре Бербер и диџеј Нело.

Continue Reading

Магазин

Астролозите шокираат: Овие пет хороскопски знаци се „предодредени“ за богатство – дали сте меѓу нив?

Астролозите сè почесто тврдат дека постојат луѓе кај кои просперитетот буквално е врежан во моментот на нивното раѓање. Според нив, одредени хороскопски знаци носат природни карактеристики што функционираат како магнет за пари — дисциплина, интуиција, храброст за ризик или ненадминлива амбиција.

Според овој астролошки поглед, токму овие пет знаци имаат најсилен „код за богатство“:

БИК – аналитичарот кој гради империи полека, но сигурно

Под владеење на Венера, Биковите се родени за стабилност и материјален напредок. Нивната сила е упорноста и способноста да штедат и да инвестираат паметно. Не бркаат брзи победи, туку создаваат недвижнини, уметнички колекции и долготрајна финансиска сигурност.

ШКОРПИЈА – мајсторот на трансформација и профит од ризик

Поврзани со осмата куќа, Шкорпиите имаат природна моќ да откријат профит таму каде што другите гледаат проблем. Управуваат со ризик, влегуваат во храбри инвестиции и често се успешни во финансии, банкарство и фондови. Вистински гении за скриени можности.

ЈАРЕЦ – стратегот кој чекор по чекор стигнува до врвот

Со Сатурн како владетел, Јарците се дефиниција за дисциплина и кариера. Тие се качуваат по хиерархијата сè додека не станат директори, успешни претприемачи или лидери во својата област. За нив, богатството е резултат на години посветена работа.

ЛАВ – родени за успех, видливост и изобилство

Лавовите блескаат каде и да се појават. Под владеење на Сонцето, тие природно привлекуваат внимание — а со тоа и пари. Креативноста, самодовербата и силната самопромоција ги водат до деловни успеси, брендирани бизниси или јавни професии.

РИБИ – мистичните среќници со интуиција за добивка

Често изненадување на листите на богаташи, Рибите со поддршка на Јупитер уживаат неверојатна среќа. Успеваат преку уметност, хуманитарна работа, креативност или необични извори на приходи. Нивниот пат до пари често е неочекуван, но успешен.

А што ако вашиот знак не е меѓу овие пет?

Астролозите додаваат дека секој знак има свој пат до стабилност:

Овен, Близнаци, Стрелец, Водолија: иновации, мрежи, брзи идеи, онлајн-проекти. Рак и Девица: семејни бизниси, услуги, прецизност и доверливост. Вага: партнерства, правни договори, соработка – никогаш соло.

Дали вашата финансиска судбина навистина е запишана во ѕвездите? Астролозите велат – многу поверојатно отколку што мислите.

Continue Reading

Магазин

Netflix со историска зделка: го презема стриминг-бизнисот на HBO Max за 72 милијарди долари

Netflix ќе го купи филмскиот и стриминг-секторот на Warner Bros Discovery за 72 милијарди долари, пренесува BBC. Со оваа мегазделка, која ги опфаќа франшизите „Хари Потер“ и „Игра на тронови“, како и платформата HBO Max, американската медиумска индустрија се соочува со најголемата трансформација во последната деценија.

Според извештаите, Netflix поднел највисока понуда – 28 долари по акција, надминувајќи ги Comcaste и Paramount Skydance. Paramount претходно понуди 24 долари по акција за преземање на целата компанија, вклучително и кабелските мрежи како CNN, но Warner Bros ја одби понудата. Новата понуда на Paramount, блиску до 27 долари по акција, дојде заедно со остри критики дека процесот на продажба е „скроен“ во корист на Netflix.

Експертите предупредуваат дека зделката ќе се соочи со сериозни предизвици од американските регулатори за пазарна конкуренција. Аналитичарката Ема Вол објаснува дека Netflix купува само делови од бизнисот што функционираат добро, за разлика од Paramount, чии понуди опфаќаа и „непрофитабилни сегменти“. Според неа, обвинувањата на Paramount кон Warner Bros ја ослабуваат нивната позиција: „Ако се карате за процесот, всушност ја поткопувате сопствената понуда“.

Доколку биде одобрена, аквизицијата би имала големи последици за Холивуд. Том Харингтон од „Ендерс Анализа“ вели дека спојувањето би предизвикало промена на индустриската динамика, бидејќи Netflix – платформа што минимално се потпира на кино-прикажување – ќе преземе бренд кој традиционално се темели на филмската продукција. Тој очекува значителни кратења во производството, што би можело да предизвика незадоволство кај синдикатите. Особено ранлива, според него, би била HBO, „креативниот бисер“ на Warner Bros.

За гледачите, последиците веројатно ќе се почувствуваат преку повисоки претплати. Харингтон предвидува дека Netflix ќе стане уште поскап, а со евентуално затворање или сведување на HBO Max, платформата ќе го зацврсти доминантното место на пазарот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг