Магазин
Ова сигурно го правите секој ден и со тоа си ја уништувате вашата коса
Многу често за оштетената коса сме виновни ние самите. Независно дали поради недостиг на време или игнорирање на правилата за одржување на здрава коса.
Косата е незанемарлив елемент од женската убавина. Но, додека здравата привлечна коса се карактеризира со сјај, разиграност и волумен, оштетената коса се одликува со распукани врвови, безживотен изглед и текстура која не е пријатна на допир.
Многу често за оштетената коса сме виновни ние самите. Независно дали поради недостиг на време или игнорирање на правилата за одржување на здрава коса, секоја жена прави одредени грешки кои влијаат негативно врз убавината на нејзината коса. Сепак, важно е да се спомене дека дури и интензивната нега понекогаш може да ѝ нанесе штета на косата и да има обратен ефект од посакуваниот. Еве со кои навики ѝ го крадете блесокот на косата и ја уништувате нејзината убавина:
Постојано врзувате коњско опавче на истото место од главата
Жените се големи љубителки на фризурата „коњско опавче“ затоа што таа е најбрз и најлесен начин да се постигне среден женствен изглед. Но, секојдневното врзување на коњско опавче на истото место на главата може трајно да ја оштети косата.
Стегнатото коњско опавче ја оштетува фронталната линија на косата и косата на местото каде што е врзано. Лошите ластици (гумени ластици или ластици со метални спојки) како и напорите да се врзе косата што постегнато, ги оштетуваат фоликулите на влакната и неизбежно водат до оштетени прамени, а во некои случаи и до опаѓање на косата.
Совет: Ако не можете да го промените стилот на средување на косата, врзувајте ја секој ден по еден сантиметар повисоко од претходно, а потоа започнете да слегувате со врзување на опавчето надолу по главата. Избегнувајте го престегнатото врзување и пуштајте ја косата слободно да паѓа на вашите рамена секогаш кога имате можност. Користете свилени, мазни и меки ластици.
Ги откинувате расцветаните врвови на влакната
Имате навика да ја допирате косата, разгледувајќи ја детално? Веројатно, како и многу жени, кога ќе наидете на расцветан врв, го откинувате за да ви остане влакното здраво. Но, тоа е голема грешка. Со откинувањето, вие го тегнете влакното непотребно, а тоа влијае негативно не само на неговиот изглед, туку и на самата фоликула од која расте.
Совет: Ако не можете да го игнорирате распуканото влакно до наредното потстрижување, земете мала ножичка и отсечете го расцветаниот дел.
Триете агресивно со крпата за побрзо да ви се исуши косата
Нема ништо лошо во тоа по бањање да ја завиткате косата во крпа, но агресивното триење на косата со крпа е уште една од грешките кои ги прават повеќето жени. Косата е најчувствителна кога е мокра, па силното триење со крпата може да ја оштети кутикулата на влакното, т.е. да ѝ ја одземе на косата потребната заштита и да ја направи посклона кон кинење.
Совет: По миењето, прво нежно потстегнете ја косата за да истече вишокот на вода од неа, а потоа завиткајте ја со крпа и оставете ја да стои така околу 10 минути. Не ја стегајте крпата премногу, бидејќи во тие моменти косата е најранлива. Со овој процес вие ќе ја потсушите косата на природен начин, без употреба на силна топлина.
Ја миете косата секој ден
Многу жени ја мијат косата буквално секој ден. Некои го прават тоа поради неопходноста да ги отстранат стилизирачките средства од косата и скалпот, други за да се разладат од жешкото време, трети пак, затоа што секојдневното миење им преминало во навика. Она што треба да го знаете е дека со секојдневното шампонирање само ѝ правите контра услуга на косата.
Косата изгледа најдобро кога природните масла од скалпот ги достигнуваат врвовите на влакната. Честото миење на косата води до сушење. Всушност, во моментот кога го нанесувате шампонот, вие го миете природниот сјај на косата, ѝ ја одземате хидратацијата и непотребно ја сушите, што води до пукање на кутикулите. Запомнете, колку почесто ставате шампон на вашата коса, толку помалку таа ќе блеска. Ова е причината што треба да се користи регенератор по миењето на косата со шампон.
Совет: Мијте ја косата секој втор или трет ден, во зависност од нејзиниот тип, затоа што таа е најубава кога има природни масла на неа. Единствено треба да ја миете секој ден ако ви се валка на работното место или ако спортувате активно.
Доколку ви е потребно само освежување, прснете малку вода во коренот на влакната и исушете со фен. Обидете се да ги сведете факторите кои го сушат влакното на минимум, а пречестото миење дефинитивно е еден од нив.
Пречесто и премногу ја чешлате косата
Верувате во митот дека косата треба да се чешла по 100 пати секоја вечер за поблескав изглед? Време е да престанете. Претераните движења со чешелот низ косата ги истоштуваат и оштетуваат влакната и водат до појава на расцветани врвови и тенка коса.
Совет: Кога се чешлате, поминете со чешелот низ косата неколку пати за да се разнесат природните масла од скалпот кон врвовите на влакната, но не претерувајте.
Чекате да помине цела вечност пред да се потстрижете
Ова е еден од непростливите бјути гревови кој го прават жените кои мечтаат за што подолга коса. Но, по одреден период од последната посета на фризер, врвовите стануваат суви и започнуваат да расцветуваат, давајќи ѝ на косата нездрав изглед. Фризурата има максимален рок од 8 седмици пред да започне да ја губи својата форма и да стане тешка за стилизирање.
Совет: Закажувајте си потстрижување на секои 6-8 недели. Добро негуваната и навреме потстрижувана коса е сјајна и полна со живот.
Користите несоодветен шампон
Иако често додека избирате шампон си велите „Не е важно кој ќе го изберам, сите шампони се исти“, тоа не е точно. Поради игнорирањето на напишаното на етикетите, но и непознавањето на сопствениот тип на коса, многу жени користат погрешни продукти. Да го познавате својот тип на коса е важно за правилна нега на истата. На пример, шампоните наменети за сува и оштетена коса се премногу агресивни за нормалната и мрсната коса. Од друга страна, шампоните наменети за мрсна коса премногу ја сушат косата и не се соодветни за сувата коса.
Совет: Секогаш читајте што пишува на етикетата пред да купите шампон и изберете го оној кој е најсоодветен за вашиот тип на коса. Доколку не можете да одредите каква е вашата коса, следниот пат, наместо да разговарате за најновите трачови во градот со вашиот фризер, побарајте стручно мислење.
Напнувате со чешелот на местата каде косата е заплеткана
Точно е дека денешниот динамичен начин на живот нè притиска да брзаме во сè што правиме, но кога станува збор за заплетканата коса, трпението е најважно. Ако чешлате на местата каде е заплеткана косата, вие ризикувате да ги искинете влакната и да ја оштетите косата.
Совет: Чешлајте ја косата започнувајќи од врвовите, па нагоре кон коренот. Кога ќе наидете на заплеткани прамени, прво расплетете ги со помош на врвовите од вашите прсти. Чешлањето од скалпот кон врвовите може да предизвика кинење, особено кога косата е премногу заплеткана.
Ја сушите косата со фен додека од неа течат капки вода
Сушењето на косата со фен додека од неа капат капки вода не само што го отежнува стилизирањето, туку и прави штета, бидејќи тогаш влакната се најчувствителни и најнежни, а вие ќе треба да сушите подолго време. Секое тргање на прамените може да доведе до кинење на незаштитените влакна. Друга грешка е сушење со фен сè додека косата не биде 100% сува. Пресушувањето на косата ја прави склона кон кинење и ѝ го одзема сјајот.
Совет: Фенот треба да се користи за влажна, а не за коса од која тече вода. Секогаш прво виткајте ја косата во крпа 5-10 минути за да се потсуши, а потоа сушете со фен околу 5-10 минути. Држете го фенот оддалечен 30cm од косата и сушете додека косата не биде 80-90% сува. Оставете воздухот да ја доврши работата која вие ја започнавте.
Магазин
Скандал на Евровизија: Победникот од 2024 го врати трофејот – Ова е причината
Победникот на Евровизија 2024, Немо од Швајцарија, соопшти дека го враќа трофејот по одлуката на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) да му овозможи учество на Израел на следното издание на натпреварот. Одлуката предизвика лавина реакции и осуди од поранешни учесници и победници на Евровизија ширум Европа.
„Евровизија се претставува како натпревар што се залага за единство, инклузија и достоинство за сите. Токму овие вредности ми дадоа смисла на целата приказна. Но фактот дека Израел сè уште учествува – во време кога Независната меѓународна истражна комисија на ООН заклучи дека таму се случува геноцид – покажува длабок јаз помеѓу овие идеали и одлуките на ЕБУ“, напиша Немо на Инстаграм.
Поради учеството на Израел, до овој момент пет земји официјално најавија бојкот на натпреварот во 2025 година.
Следното, 70. издание на Евровизија ќе се одржи во Виена, Австрија. Македонија не учествува на натпреварот веќе неколку години.
Магазин
„Kids Disco“ – поради огромен интерес, се отвора уште едно шоу на 28 декември во МКЦ
Скопје, декември 2025 – Предновогодишната магија за најмладите добива уште едно продолжение. Првото издание на „Kids Disco“, кое ќе се одржи на 28 декември во Младинскиот културен центар (МКЦ), е целосно распродадено во рекордно краток рок, што уште еднаш потврдува дека овој концепт прераснува во најбараниот детски настан во градот.
Поради големиот интерес и на бројните барања од страна на родителите, организаторите донесоа одлука да отворaт уште едно дополнително шоу на истата дата – 28.12.2025 година, со почеток во 14:00 часот.
„Kids Disco“ е внимателно осмислено интерактивно шоу наменето за деца од 2 до 12 години, кое комбинира музика, танц, анимација и визуелна магија. Програмата вклучува Kids DJ, маскоти, 3D анимации, професионални аниматори, како и Magic & Clown Show, создавајќи безбедна, весела и незаборавна атмосфера за најмладата публика.
Настанот претставува уникатна можност за децата да ја доживеат новогодишната еуфорија преку игра, музика и заедничка радост, а за родителите – сигурен и квалитетен настан организиран по највисоки стандарди.
Влезници за второто шоу се веќе пуштени во продажба и се достапни преку платформата www.kupikarta.com.
Организаторите апелираат родителите навреме да обезбедат билети, со оглед на исклучително брзата продажба на првото шоу.
Магазин
Приватност на која можете да сметате: Secure Folder и Knox
Нека вашиот дигитален живот биде безбеден — од лозинки до фотографии од миленици.
Вашиот паметен телефон во суштина е ваш личен центар за податоци – во него се чува сè: од авионски карти и податоци за кредитни картички до илјадници фотографии од вашето куче (или маче). Secure Folder, заштитен со Samsung Knox, ви нуди приватен, шифриран простор каде што можете безбедно да ги зачувате сите тие податоци, далеку од љубопитни очи.
Тоа е како скриен сеф во вашиот телефон каде само вие можете да пристапите преку отпечаток од прст или лозинка.

Скопје, 11 декември 2025 – Под хаубата, Samsung Knox користи безбедност на одбранбено ниво, во која веруваат компании и институции ширум светот. Така, дури и кога го споделувате телефонот за да покажете некоја фотографија, можете да бидете сигурни дека останатите податоци остануваат недостапни за другите. Всушност, Samsung Knox е толку моќен што имате заштитен телефон на одбранбено ниво внатре во вашиот телефон, што ви овозможува да преземете уште еден сет апликации во рамките на Knox профилот, кои се безбедно зачувани под лозинка или преку сензорот за отпечаток од прст.
Затоа Samsung Knox е идеален кога го користите приватниот телефон за деловни цели, бидејќи приватните апликации ги чувате надвор од Knox контејнерот, а деловните апликации се заштитени на вашиот приватен телефон или обратно — приватните се заштитени, а деловните се на главниот профил, во зависност од ИТ политиката на вашата компанија.
Совршена комбинација: Galaxy A serija i Galaxy S25 FE ја донесуваат оваа корпоративна заштита до уште поголем број луѓе – совршена за приватни телефони што се користат за работа, со сигурни перформанси, долготрајна батерија и дури шест години OS ажурирања за серијата Galaxy A и седум години за моделот S25 FE.
Сè уште немате Samsung Galaxy телефон или имате постара генерација на Galaxy модел? Samsung ве поканува да ја преземете апликацијата Try Galaxy и да ги испробате најновите функции на Galaxy паметните телефони директно на екранот на вашиот сопствен уред.
###
За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со револуционерни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, дигиталните екрани, паметните телефони, носливите уреди, таблетите, домашните апарати и мрежните системи, како и решенијата за меморија, системските LSI решенија и производството на чипови (foundry). Samsung напредува и во областа на медицинската визуелизација, решенијата за греење, вентилација и климатизација (HVAC), како и во роботиката, додека преку компанијата Harman создава иновативни производи за автомобилската индустрија и аудио-технологиите. Со својот екосистем SmartThings, отворена соработка со партнери и интеграција на вештачката интелигенција низ целиот производен опсег, Samsung овозможува поврзано и интелигентно корисничко искуство. За најнови вести, посетете ја страницата Samsung вести на news.samsung.com.
Трендинг
-
Македонија1 day agoМВР со конечна одлука еве кога почнува „Безбеден град“
-
Црна Хроника2 days agoПретрес во тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени две лица
-
Црна Хроника3 days agoПолицијата во Тетово со полни раце работа – Уапсени пет лица
-
Црна Хроника6 days agoОбид за кражба завршил со пожар во Брвеница – Полицијата со детали
-
Црна Хроника8 hours agoФизички нападната девојка на работно место во Брвеница
-
Балкан5 days agoДрама во Србија: БМВ се заби во камион, возачот со цигара тврди: „Не знам, ме удри камион“ (ВИДЕО)
-
Република2 days agoПо децении најави, Тетово конечно добива Саат кула
-
Црна Хроника2 days agoИнцидент на лет кон Скопје: Пијани навивачи тероризирале патници















