Connect with us

Економија

БРАКО: Грижа за вработените со нова современа менза

Published

on

Компанијата БРАКО продолжува да инвестира во благосостојбата на своите вработени со отворањето на нова, модерно опремена работничка менза.

Со тоа, вработените добиваат можност за топол оброк во чиста и пријатна средина, што придонесува за подобро искористување на дневната пауза и зголемување на задоволството на работното место.

Грижата за квалитетната исхрана е доверена на реномираниот велешки ресторан „Боем“, познат по својата традиција и врвен кулинарски квалитет.

Во исто време, БРАКО изразува благодарност до компанијата „Фуд Палас“, која во изминатите години се грижеше за исхраната на вработените, со надеж за идна соработка.

Со ваквите иницијативи, БРАКО уште еднаш докажува дека вложувањето во своите луѓе е приоритет, создавајќи подобри работни услови и мотивирачка средина за своите вработени.

Економија

ИНТЕРЕС ЗА БАТЕРИИ-СЕ БАРА СПАС ЗА СТРУЈАТА ПРОИЗВЕДЕНА ОД ФОТОВОЛТАИЦИ

Published

on

Сопствениците на фотоволтаици засилено инвестираат во батерии, со цел во целост да ја искористат произведената електричната енергија.

На последната презентација на ФЕРОИНВЕСТ во Стопанската комора, присуствуваа 60 претставници од субјекти  заинтересирани да вградат батериски системи за складирање за да ја избегнат загубата на електричната енергија, а со тоа и загубата на финансии. Тоа се, пред се, фабрики кои имаат поставено фотоволтаици на фабричките покриви, но и инвеститори кои имаат изградено фотонапонски електрани на земја.

Презентацијата ја одржаа ФЕРОИНВЕСТ и глобалниот бренд WEIHENG, кој е глобално препознатлив по иновативни решенија за складирање енергија, за чии батериски системи ФЕРОИНВЕСТ е застапник за Македонија.

Компанијата ФЕРОИНВЕСТ, која нуди изведување ,,клуч на рака”, ги запозна присутните со можностите за имплементирање на високонапонски хибридни системи за складирање енергија на веќе изградени фотонапонски електрани (на фабрички кров или на земја) и можност за градење на нови фотонапонски електрани со паралелно вградување на батериски системи од самиот почеток.

Берзите во моментот покажуваат неповолен пад на цената на електричната енергија во часовите на интензивно производство од фотоволтаици во текот на денот, што ќе биде уште поизразено во текот на летните месеци.

Единствено решение е складирање на вишокот електрична енергија и нејзино користење или продавање во часовите кога има потреба од енергија и кога побарувачката на пазарот ќе формира економски поповолна цена.

Continue Reading

Економија

Домашното овошје и зеленчук влегуваат во потрошувачката кошничка

Published

on

Во пресметката на просечната потрошувачка кошничка ќе бидат вклучени сите видови овошја и зеленчук што се произведуват во земјава, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Како што истакна на денешната прес-конференција овошјата и зеленчукот ќе се вметнуваат во кошничката етапно и сезонски, зависно од периодот во кој доспеваат и се користат.

За оваа цел веќе е изготвен посебен календар кој е доставен до Министерството за економија.

„Точно е дека МЗШВ учествува заедно со другите министерства во креирањето на кошничката и е задолжено за земјоделските производи. Листата на производи е голема и верувам дека кошничката ќе ги содржи сите. Пред се се застапени оние што ги произведуваме во Македонија. МЗШВ согласно Календарот на производство на земјоделски култури изработи посебен Календар – кои земјоделски култури во кој период доспеваат и се користат. Тој список е доставен до Министерството за економија. Знаете дека одредени производи се со сезонски карактер, па во периодот на нивно производство ќе бидат и вметнати во кошничката“, објасни Трипуновски, одговорајќи на новинарски прашања.

Continue Reading

Економија

Без оваа компанија, Apple и Nvidia не би постоеле

Published

on

Во светот каде што секоја нова технологија зависи од моќта и прецизноста на напредните микропроцесори, Taiwan Semiconductor Manufacturing Company (TSMC) го постави стандардот за производството на чипови. Од своето основање во 1987 година како прва „pure‑play foundry“ компанија, TSMC постојано ја истерува границата на она што е технички возможно, обезбедувајќи им на клиенти како Apple, Nvidia и AMD пристап до најиновативните производствени процеси.

Со отворањето на првиот квартал од 2025 година, TSMC ја зацврсти својата улога како клучен мотор на глобалната дигитална економија, остварувајќи нето приходи од приближно $25,5 милијарди и годишен раст од 41,6% во споредба со истиот период лани.

Со оглед на бурната побарувачка за AI чипови, нето добивката на компанијата се искачи на приближно $11,12 милијарди, што претставува импресивен годишен пораст од 60% и ги надмина предвидувањата.

И покрај предизвиците во глобалните синџири на снабдување и геополитичките тензии, TSMC продолжи да остварува извонредни оперативни резултати. Бруто маргината достигна 58,8%, а оперативната маргина 48,5% — двата показатели во горниот дел на дадената прогноза за првиот квартал.

Заработката по акција се искачи на $2,02, што претставува пораст од 46,4% во однос на Q1 2024, според консензусот на аналитичарите.

Со овие резултати, TSMC не само што ја оствари предвидената среднорочна цел за раст од околу 20% во приходите за целата 2025 година, туку и ги постави темелите за продолжен развој во областа на 2 nm технологијата, напредното пакување и интеграциите со системи‑на‑чип (SoC). Инвестициите во капитална опрема годинава се предвидени во висина од $38–42 милијарди, што дополнително ќе го зацврсти местото на компанијата како незаменлив партнер на водечките технолошки гиганти.

Со јасна стратегија, солидни финансии и технолошка доминација, TSMC ја зацврстува својата позиција како светски лидер кој ќе продолжи да ја движи напред еволуцијата на дигиталниот свет.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк