Connect with us

Магазин

Неколку причини зошто лесно ќе се вљубите во Лав

Published

on

Иако Лавовите се сметаат за доминантни и личности кои сакаат се да контролираат, денес ви нудиме неколку причини зошто е супер да бидете во друштво на еден Лав.

Лавовите се едни од на најлојалните луѓе во хороскопот. Тие се пријатели на долги патеки. Веруваат дека токму пријателството е едно од најважните нешта во животот и се трудат да го негуваат. Нема да дозволат во нивно присуство некој да збори лошо за нивни пријател.

Лавовите имаат амбиции да станат нешто подобро од што се. Ќе се борат со сите средства да го добијат тоа што го сакаат. Не се плашат да ризикуваат и да се обидат. Што ќе зацртаат тоа ќе го остварат. Никого не го обвинуваат за својот неуспех, но ако му помогнете кога е во неволја тоа никогаш нема да ви го заборави.

Лавовите својата храброст и ведрина не ја чуваат само за себе. Тие ги охрабруваат и подржуваат своите блиски за да и тие ја постигнат својата цел. Нив ги води реченицата “ако не пробаш, нема да знаеш“.

Една од главните карактеристики на Лавот е неговата потреба за внимание. Кога ќе влезат во просторија сакаат погледот да биде свртен кон нив. Па од таа причина понекогаш ги преувеличуваат приказните за да ги насмеат пријателите.

Лавовите се авантуристи и сакаат да патуваат. Сакаат да се искачуваат на највисоките планини, да пијат најскапо виски, да пловат по море или да пробаат некој екстремен спорт.

Па драги дами, признајте кој не би сакал ваков пријател покрај себе?

Магазин

Кинески хороскоп за мај, за сите хороскопски знаци: Огромна промена за три хороскопски знаци, но и големо богатство на повидок

Published

on

Мај носи стабилност и напредок според кинескиот хороскоп – три знаци ќе уживаат во благосостојба

Според кинескиот хороскоп, мај 2025 година ќе биде месец без драматични пресврти, но полн со можности за личен раст, стабилност и јакнење на позицијата. Наместо фантазии и нереални планови, фокусот ќе биде на реални чекори и зацврстување на личниот авторитет. Особено позитивен период следува за три знаци кои ќе се издвојат по среќата и напредокот.

Стаорец (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984)

Кариерата добива позитивен правец, но внимавајте на можни конфликти со колегите. Финансиски, трудот ќе се исплати. Во љубовта може да има мали несогласувања – бидете трпеливи. Не ја занемарувајте грижата за себе – сон, исхрана и мир се клучни за стабилност.

Вол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021)

Мај носи стабилност и шанса за напредок. Не одбивајте совети од поискусни – можат да бидат пресудни. Балансирајте помеѓу работа и приватен живот. Ако почувствувате замор, време е за пауза и грижа за себе.

Тигар (1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022)

Овој месец ќе биде полн со возбуда, но и предизвици. Не дозволувајте љубомората на другите да ве дестабилизира. Работете паметно, не само напорно. Во љубовта, страст и искри – отворена комуникација е клучот.

Зајак (1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023)

Пред вас е одличен период за личен развој. Внимавајте да не го компромитирате угледот поради постапки на други. Во љубовта блеснете со разбирање и емпатија. Донесувајте одлуки со ладна глава.

Змеј (1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)

Можно е да дојде до сериозни промени на работа. Не плашете се – вашето знаење ќе биде препознаено. Избегнувајте непроверени соработки. Љубовните односи ќе бидат под лупа, но ќе најдете сила за да ги надминете сите тестови.

Змија (1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)

Вашето време доаѓа, но со внимание. Интуицијата ќе ви биде најдобар сојузник. Финансиската состојба се подобрува, но избегнувајте брзи одлуки. Љубовта станува поскладна, а здравјето – приоритет преку рутина и мир.

Коњ (1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)

Работата ќе ве бара на сите страни – не заборавајте ја љубовта. Односот со партнерот бара внимание. Во кариерата се отвораат можности, но со трпение и труд. Можно е интересно ново познанство.

Коза (1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015)

Месецот е стабилен. Работата оди добро, но размислете за промена на средината. Во љубовта ќе имате поддршка, а финансиски ќе бидете сигурни. Потсетете се дека заслужувате повеќе и не се плашете да го побарате тоа.

Мајмун (1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016)

Период со многу случувања – емоции, предизвици и нови можности. Не носете одлуки набрзина. Бидете нежни кон себе и другите. Љубовта може да започне одново – само затворете ги вратите на минатото.

Петел (1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017)

Можност да блеснете – но не брзајте. Слушајте ги поискусните и не одложувајте важни одлуки. Во љубовта, пријатни изненадувања ве очекуваат доколку се отворите емоционално. Финансиски – размислувајте стратегиски.

Куче (1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018)

Мирен месец, идеален за учење и развој. Работно – напредокот е извесен, но токму љубовта ќе ви донесе најмногу радост. Искреноста ќе биде клучна. Грижете се за себе – здравјето е најголемото богатство.

Свиња (1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019)

Времето е на ваша страна. Стари грижи се повлекуваат, а вашите таленти излегуваат на површина. Бидете креативни – хобито може да се претвори во нешто повеќе. Во љубовта – хармонија, а финансиската слика се стабилизира.

Continue Reading

Магазин

Тесла опишал што би можело да ни се случи до 2035 година

Published

on

Никола Тесла: Визионер што го предвидел модерниот свет

Никола Тесла, еден од најголемите умови на 20. век, не бил само иноватор, туку и вистински визионер чија визија за иднината ги постави темелите на денешниот свет. Неговите идеи и предвидувања, кои ги изнесувал уште во почетокот на минатиот век, и денес не престануваат да фасцинираат со својата далекувидност.

Паметни уреди и масовна комуникација

Уште во 1926 година, Тесла предвидел дека луѓето ќе можат да комуницираат преку мали уреди што ќе можат да пренесуваат слика и звук на големи дистанци.

“Преку телевизија и телефон ќе можеме да се видиме и слушнеме како да сме лице в лице, без разлика на растојанието”, изјавил Тесла тогаш. Во време кога комуникацијата била ограничена на телеграфски и телефонски линии, ова беше неверојатно футуристичко предвидување.

Еколошка свест пред своето време

Во 1935 година, Тесла зборувал за потребата од институционализирана заштита на животната средина, предвидувајќи дека загадувањето ќе стане голем проблем за идните генерации. “Загадувањето на нашите плажи, какво што постои околу Њујорк, ќе биде незамисливо за нашите деца и внуци, како што за нас е незамислив живот без водовод”, изјавил Тесла. Неговите предвидувања се материјализирале во 1970 година со формирањето на Американската агенција за заштита на животната средина (EPA).

Знаење над војни

Тесла верувал дека идните генерации ќе го ценат знаењето и научниот напредок повеќе отколку воените победи. “Ќе биде поголема чест да се бориме против незнаењето отколку да погинеме на бојното поле”, изјавил тој во 1935 година, промовирајќи визија за свет во кој образованието и истражувањето ќе бидат на прво место.

Успех на женскиот интелект и ново општество

Едно од најинтересните предвидувања на Тесла било за улогата на жените во општеството. Веќе во 1926 година, Тесла тврдел дека жените ќе ја стекнат супериорноста во образованието и научните постигнувања. “Борбата на жените за еднаквост ќе заврши со нов ред на половите, со жената како супериорна”, изјавил Тесла. Неговите зборови биле многу пред своето време, предвидувајќи промени што ќе се остварат многу децении подоцна.

Автоматизација и роботи

Тесла бил еден од првите мислители што сериозно ги разгледувал можностите за автоматизација и роботи. “Решението на нашите проблеми не е во уништување, туку во владеење со машините… Безбројни активности што денес ги извршуваат човечките раце ќе бидат извршувани од роботи”, предвидел Тесла во 1935 година. Денес, со напредокот на вештачката интелигенција и роботиката, неговите зборови звучат како да доаѓат од вистински пророк.

Летачки машини и глобално разбирање

Тесла исто така предвидел развој на летачки машини што нема да користат гориво, што би можело да доведе до подобро меѓународно разбирање и соработка. “Тоа ќе биде политички ефективно, усогласувајќи ги меѓународните интереси; ќе создаде разбирање наместо разлики”, изјавил Тесла во 1926 година, имплицирајќи дека технолошките достигнувања може да помогнат во изградба на мир.

Безжичен пренос на информации – дигиталниот свет

Додека вестите во времето на Тесла пристигнувале исклучиво преку печатени медиуми, тој замислил свет во кој информациите ќе се пренесуваат безжично, директно во нашите домови. “Ќе можеме да присуствуваме и да слушаме настани – инаугурации, светски серии, катастрофи или битки – како да сме присутни”, изјавил Тесла уште во 1926 година.

Визија за безжична енергија

Тесла имал далековидност и во поглед на безжичниот пренос на енергија. Тој тврдел: “Кога безжичниот пренос на енергија ќе стане комерцијално изводлив, транспортот и преносот ќе бидат револуционизирани. Филмовите веќе се пренесуваат безжично на кратки дистанци, а подоцна ќе нема ограничувања во далечината.” Оваа визија денес е темел за истражувањата во областа на безжичното полнење и пренос на енергија.

Читање на мисли: граница помеѓу науката и филозофијата

Тесла исто така развил теорија за тоа како сликите од човечкиот ум би можеле да се рефлектираат и анализираат. “Предметите што ги замислува човекот ќе се рефлектираат јасно на екран, како што се формираат, и на тој начин секоја мисла ќе може да се прочита”, изјавил Тесла во 1933 година. Иако оваа идеја сè уште е во доменот на футуризмот, современата невротехнологија веќе ги истражува сличните можности.

Никола Тесла не бил само иноватор, туку и вистински визионер чии погледи на иднината го обликуваа денешниот свет. Неговите зборови продолжуваат да инспирираат научници, инженери и мислители ширум светот, покажувајќи како еден гениј може да гледа многу подалеку од своето време, пишува хрватски Клик.

Continue Reading

Магазин

Правете го ова само 2 минути на ден и никогаш нема да почувствувате болки во грбот или половината

Published

on

Само три серии по 30 секунди дневно – и ќе ги допреш прстите на нозете

Дали можете да ги допрете прстите на нозете додека стоите? Ова едноставно движење е повеќе од само тест за флексибилност – тоа е практичен показател за здравјето на вашиот рбет и задниот дел од грбот, вели експертот за мобилност Роџер Фремптон, основач на Frampton Method.

„Ова е позиција што секој би требало да може да ја изведе“, нагласува Фремптон. Ако не можете, тоа најчесто не значи дека нешто не е во ред, туку дека вашето тело е закочено – што може да биде последица од недоволна подвижност, или напротив, резултат на зголемена сила, како кај тркачи.

Сепак, недостатокот на флексибилност во задната ложа може да предизвика болки во грбот и проблеми во „кинетичкиот ланец“ – поврзаниот систем од мускули, зглобови и коски. Затоа, работата на оваа подвижност не е само пожелна, туку и корисна.

Како да започнеш?

Фремптон советува да се држите до три основни правила:

Стапалата да бидат заедно и насочени право напред.

Нозете целосно испружени.

Тестирајте ја флексибилноста наутро, пред вежбање.

Обидете се да ги допрете вашите прсти.

Потоа, преминете на самата вежба:

Вежба: 3 серии по 30 секунди дневно

Седнете на под со испружени нозе.

Притиснете ги колената кон подот.

Обидете се да ги подигнете петите – ако не можете, ставете книга под колената.

Испружете ги рацете напред и задржете ја позицијата 30 секунди.

По секоја серија, станете и проверете дали можете да допрете подлабоко – најчесто, ќе забележите напредок.

Со редовно вежбање, оваа едноставна техника може да стане клучен дел од вашата мобилност и дневна рутина, а резултатите ќе ги почувствувате и во целокупната телесна подвижност. Тестирајте се секој месец за да го следите напредокот – целта е: да ги допрете прстите!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк