Connect with us

Магазин

Направете ги овие едноставни работи и вашата самодоверба веднаш ќе се зголеми

Секојдневно се наоѓаме во ситуации кога сакаме да имаме поголема самодоверба или да бидеме помалку подложни на нервозата и стресот.

Во продолжение прочитајте ги 12-те психолошки трикови кои можат да ви послужат како прва помош во оние моменти кога би сакале малку повеќе да верувате во себе и своите способности.

1. Истражувањата покажуваат дека честото смеење ги прави луѓето посреќни. Широката насмевка и гласното смеење го „лажат“ вашиот мозок да мисли дека се чувствувате среќно.

2. Во оние ситуации кога се чувствувате нервозно, конкретно во ситуациите во кои правите повторливи дејства, џвакајте гума за џвакање. Така ќе го навикнете мозокот да мисли дека не може да биде „во опасност“, бидејќи ќе ја перципирате активноста на џвакање мастика како активност која се поврзува со смиреноста и релаксацијата.

3. Дознајте кому му се допаѓа вашиот карактер: Кога сте во група со луѓе, поедини личности инстинктивно ќе го упатат погледот кон личноста кон која чувствуваат најголема поврзаност.

4. Немојте да велите или пишувате „Мислам“ или „Верувам дека“. Тоа може да направи да изгледате како да имате ниска самодоверба. Обидете се да бидете што посигурни во своите одлуки и избори.

5. Останете смирени кога некој ви е лут. Поради тоа, личноста која ви е лута ќе чувствува уште поголема лутина или бес, но затоа подоцна ќе се чувствува засрамено, а вие ќе можете да кажете дека успешно сте ја издржале ситуацијата.

6. Ако некој ви даде незадоволителен одговор, одржувајте контакт со очите и молчете. Личноста која ви го дала одговорот ќе претпостави дека оригиналниот одговор не бил доволно добар и ќе продолжи да зборува.

7. Ако се „натерате“ да бидете среќни и возбудени кога ќе видите некоја личност која можеби и не ви е толку драга, следниот пат кога ќе треба да се сретнете и двајцата ќе бидете навистина возбудени што повторно се гледате.

8. Физичките ефекти на стресот се еднакви на ефектите на воодушевувањето (отежнато дишење, забрзан пулс). Со трансформирањето на стресните ситуации во ситуации со возбуда, можете да го измамите мозокот да помисли дека се соочува со нешто позитивно, при што полесно ќе можете да најдете решение на проблемот.

9. Ако очекувате дека некој ќе сака да направи да се почувствувате лошо и безвредно на некој состанок, тогаш седнете до таа личност или застанете покрај неа. Поради близината, на таа личност ќе ѝ биде непријатно да го покаже своето агресивно однесување.

10. Кога одите на прва средба со некого, изберете некое возбудливо место. Спротивната страна ќе ве поврзува со чувството на возбуда и авантура.

11. Кога се запознавате со некого, обидете се да ја воочите бојата на очите на таа личност. Таа информација не ви е потребна, но е техника на помош со која се убедувате дека сте направиле контакт со очите доволно долго, што другите го сметаат за пријателски гест и мислат дека личноста со која се запознаваат е полна со самодоверба.

12. Доколку сакате другите да ве сметаат за љубезни, културни и шармантни, тогаш обидете да го запомнете името на личноста со која сте се запознале, барем за таа ситуација, и подоцна искористете го во разговор.

Advertisement

Магазин

Евровизија 2026 во Израел доби зелено светло, но четири земји веќе најавија бојкот

Најголемиот европски музички спектакл е погоден од невидена политичка бура, која ја доведува во прашање неговата иднина. Откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) му даде „зелено светло“ на Израел да настапи во 2026 година, четири земји – Ирска, Шпанија, Холандија и Словенија – официјално објавија бојкот на натпреварот!

Одлуката беше донесена на Генералното собрание на ЕБУ, каде што членките не гласаа за исклучување на Израел, туку усвоија нов пакет правила за наводна „заштита на интегритетот и неутралноста“ на натпреварот. Овој маневар, кој практично го задржа Израел во игра, го предизвика гневот на неколку јавни сервиси.

Ирска (рекордерот по победи!), шпанската РТVE, холандскиот Авротрос и словенечкиот РТВСЛО го спроведуваат своето претходно ветување. Тие едногласно сметаат дека учеството на Израел, во услови на војна во Газа и хуманитарна катастрофа, е некомпатибилно со мисијата и јавните вредности на медиумите!

Холандија се огласи за нејзиното учество на Евровизија: „во сегашните околности е некомпатибилно со јавните вредности што се важни за нас“. Шпанија оди до крај, РТVE не само што се повлекува, туку најавува дека нема да ги емитува ниту финалето, ниту полуфиналните вечери во 2026 година!

Бојкотот е мотивиран од двоен фронт: хуманитарната трагедија во Газа и сериозни сомнежи за злоупотреба на Евровизија за политички цели! Јавните сервиси зборуваат за притисоци, несразмерни кампањи и нефер практики во гласањето, а новите правила на ЕБУ ги сметаат за недоволни за враќање на довербата.

Додека едни бојкотираат, други силно ја поддржуваат одлуката на ЕБУ. Германија претходно предупреди дека ќе ја преиспита својата улога ако Израел биде исклучен. Овие земји инсистираат дека натпреварот мора да остане исклучиво културна арена, осудувајќи го бојкотот како непотребно политизирање.

Со повлекувањето на четири големи земји, вклучувајќи ја и моќната Ирска, и најавата за медиумски бојкот на преносите, ова е најсериозниот потрес за Евровизија во последните децении! Наместо да ја слави својата 70-годишнина со еуфорија, натпреварот во 2026 година започнува во сенка на длабоки поделби, прашања за интегритетот на гласањето и жешка дебата – дали е воопшто можно да се одвои културата од политиката кога во позадина беснее војна?!

Continue Reading

Магазин

Русија го забрани Snapchat – Ова се причините

Рускиот регулатор за комуникации Роскомнадзор го блокира пристапот до Snapchat, апликацијата за привремено споделување фотографии и видеа, објави државната новинска агенција РИА.

Властите наведуваат дека една од причините за забраната е наводната злоупотреба на Snapchat „за организирање и извршување терористички акти и за регрутирање сторители“ во земјата.

Оваа одлука следува по слични ограничувања на други странски технолошки платформи, вклучително FaceTime на Apple, YouTube на Google, WhatsApp и Telegram на Meta, како дел од засилената кампања на Русија против апликации за кои властите тврдат дека се користат за криминални активности.

Continue Reading

Магазин

Четири нови животи: Тројца браќа станаа татковци во ист ден

Тројца браќа од Израел доживеале редок и емотивен момент откако нивните сопруги родиле вкупно четири бебиња во еден ден. Среќниот настан се случил во вторник во медицинскиот центар „Мајанеи Хајешуа“ во Бнеи Брак, во близина на Тел Авив.

Бебињата се родиле во интервал од неколку часа, а меѓу нив има и пар близнаци, што значи дека семејството за еден ден добило четири нови членови.

Портпаролката на болницата за германската новинска агенција ДПА го опиша повторното обединување на тројцата браќа во породилното одделение како „посебен и изненадувачки момент“.

„Никаква статистика не можеше да нè подготви за овој уникатен момент. За миг застанавме, се насмевнавме и повторно бевме трогнати од магијата што се случува тука секој ден“, рече таа.

Медицинскиот центар „Мајанеи Хајешуа“ е познат по големиот обем на работа, особено со религиозната заедница во Бнеи Брак. Статистиките покажуваат дека стапката на фертилитет во Израел е 2,9 деца по жена, што е највисока меѓу земјите членки на ОЕЦД, нагласува ДПА.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг